Tuesday, July 29, 2014

Твитер прашалник @Giotto_mkd

Твитер прашалник @Giotto_mkd



1.Име (ник ово оно)?
Името ми е Ѕвонко ама кога сум почнал да зборам на 3-4 годинки било невозможно да го изговорам името и искачало нешто што звучело на Џото и тоа ми останало.

2.Висина и тежина?
Онака висок и не сум многу тежок

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
трето и четврто со една фотка ти одговарам ако?

4.Убав? (одговори со да или не)
(види фотос)

5.Зошто си на твитер?
Зашо @LalahTootoot ми рече дека сум бил за таму

6.Шо преставува вашиот аватар?
Јас како позирам

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во врска сум а иам една друга врска у дијагонални штрафти

8.Вашето прво искуство?
Моето прво искуство?

9. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би отишол во Уругвај а на меден на Лефкада

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе ме трпат на фејзбук

11.Ако реинкарнирате во фотоапарат, кој би сакале да е?
Nikon FM2

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
-Хитлер брат батали Русија!

13.Шо фотоапарат користиш?

 14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
-Шо знам... миљон евра!

15.Што би сменил на себе?
Да сум малку посериозен...

16.Имате шанса за нов прв твит...шо ќе твитнете?
Hello World!

17.Знаиш ли да развиваш?
-Цела професија ми е од стариот (поздрав до докторот), и за среќа имавме црно бела фото лабораторија дома. Така да пораснав мирисајќи и дишејќи хемии додека развивав филмови и фотографии ко дете. за тоа сеа сум ваков...

18. ај има црно/бел филм да се купе?
-Абе некаде имало на крај од скопјанка ама никад не дознав каде е местото. некој од Софија да ти донесе или од нет...

19. Која е твојата омилена фотографија?
Фоткава некако слабо ми проаѓа со публиката ама мене нешто ептен кеиф ми праи


20.А од светските?
Уф... тешко прашање... една да одвоиш од толку добри фотки на планетава...

21.Најпозната личност што си ја фотографира?
Бекам познат е?

22.Најдобро селфи?
Па и со тревата и со свадбата на Амди внукот селфијата. не би можел да изберам :)


23.Повеќе си по политичките или љубовните твитови?
Зависи од расположение

24.Зошто Мисир?
Зашо често прави мутава фаца и некако ми дојде да му речам мисир (види фотос)