Saturday, September 13, 2014

Твитер прашалник @Svett_Lanna

Твитер прашалник @Svett_Lanna


1.Име (ник ово оно)?
Мене уште ко мала татко ми ме викаше сине,а другарчињата Цеце,па второво ми се чинеше поженствено.

2.Висина и тежина?
Ниска штикла,тежок инает.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Неусилена.

4.Убав? (одговори со да или не)
Да (самобендисано смајли).

5.Зошто си на твитер?
Имам време/немам живот.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Па нешто од прилика како Полуаватарско селфи од далеку”.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не обожавам карирано,а ни тоа мене.

8.Вашето прво искуство?

Незнам,јас почнав дирекно од второ.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?

Незнам каде на еден,ни каде на меден ама знам дека овде сум на беден.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе продолжам да мудрувам во живо,само ве молам немојте да ме следите.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Во непланираната љута пиперка шо ти ја зафркнала манџата.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Само сакам со Буда да си седиме и да си дишиме под дрвото.

13.Шо мобилен телефон користиш?
“Mogu-kochi “позната кинеска марка.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Ако условите од петтото прашање се сменат...

15.Што би сменил на себе?
Би си сменила некој денар во евро и би заминала негде.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Она безобразноно.


Прашања од @Kiceec

1. Шо би рекол покојни Аркан за то шо Цеца е на твитер?
Овде сум да се залагам за неговото дело.

2. Ко домаќинка, опиши ми ја сликовито разликата меѓу праз и кромид? Некако ги мешам, нејќам да ме зафркнет на пазар.
Купвиш од едното,дома прајш комат и шопска .Во зависност од то кое ти имат пологичен вкус-закључвиш шо си купил.

3. Омилен филм од кој истовремено се срамиш?
Многу се срамам од то шо немам омилен филм.

4. Модерни лебој: бриош или онај со маслинки?
Ми се згадија од ко ги рекламираше  Марко .

5. Во која област би сакала да си генијалец?
Во областа Каталонија.