Tuesday, September 2, 2014

Твитер прашалник @TKiceec

Твитер прашалник @TKiceec


1.Име (ник ово оно)?
Томи, а Дибек по шо... шо знам, јас си се рачунам за Дибек. Би сакал да е дибек во смисла на набилдан морнар ама изгледа поблизу е до онај дибекон за навреда шо се користит.

2.Висина и тежина?
Висина 180цм, нормално. И ако не си 180 ќе се напрајш некако да си по шо то е бројката, не смејт подолу. Вечно слаб, посебно по лична перцепција.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Кафеава. Абе многу досаден сум, шо ќе беше ова. Испадвам ХЈУМАН СТАНДАРД МОДЕЛ 1. Добро ај, имам и брада “средена“ од типот “кога Дража Михајлович би бил газда на ИСИС“.

4.Убав? (одговори со да или не)
Ист ко на аватар минус лепотата. И то не сум ни од оние “толку е грд шо ја вртит цела скала и на крај некако јако е“, туку обично, шодајски грд. Ак си грд бар биди грд, шо е ова.

5.Зошто си на твитер?
Па иначе во животов така малку ќутлив сум (или скроз) и ми се собирет работи во глава, морам мозочна дренажа малу да напрам. И ето, тормозам луѓе по твитеров, прошчавајте ве молам.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Славниот ден кога јас испаднав убав на слика. Жими мајка мислам тој фотографот имат земено некој друг чоек и го имат напраено да личит тро на мене, иначе не гледам како е ова можно.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не, многу ме стегат во вратов хехехехе (немој “хехе“ смешки бе глуп, НЕМОЈ)

8.Вашето прво искуство?
Две имам, не знам кое е попорво ама трауматични се двете. Во првото од лакомија вдишав цела смоква од слатко наместо да ја голтнам, во второто си седев така мирно и брат ми ме исповрати цел во глава, лом ме напрај. Оттогаш избегавам да повраќам (не можам и дишење да избегнам за жал).

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец во Исланд. Море на сите месеци, не на еден. Шубо ладно, ем не се потиш ем си уживаш во природа без бубачишта. Исто така, во цел остров ќе сум веројатно најслабото м'же во дедлифт, то ќе ме скршит психички и ќе ми дајт повод за емотивни и поетски твитој и сите среќни (освен мене, секако).
На меден... то по плажи негде се ојт? Ај ќе истрпам кај шо ќе ме носет, шо да се прајт.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе им зборвам во твитој на другариве и не ќе им е воопшто смешно. Знајш како знам? По шо и сега истото го прам.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Авокадо? Во секој случај нешто шо немам пробано. Замисли да се напрам во патлиџан, како ќе живеам знаејќи дека сум толку вкусен? А од друга страна, не биват ни да си гаден, и то е сигурно товар за психата на еден зеленчук.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Не одам многу наназад, да не го арчам времепловот. Ево Френк Запа би го прашал шо марифети користел за онаков мустак да порастит. Јас за возврат ќе го научам како да го допорастит носот и двајцава ќе сме совршени.

13.Шо мобилен телефон користиш?
Ајфон 4С, да се снобосвам малу.

14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Не знам, ак ми станит досадно? Ама не бе, како ќе ти станит досадно. Мојт само луѓето да ти станет досадни, ак требит ќе ги смениш и готово.

15.Што би сменил на себе?
Еј не знам точно, ама многу работи сигурно. Во секој случај нешто со железа, кибернетски импланти, оклопи мечој машингани. Стандард за дете од 5 години.

16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Купвам сатој и коли. Колите не морам ни да ги возам, само ќе ги гледам, ќе ги палам некојпат да го слушам моторот, ќе ги мијам иако ќе се чисти.

Прашања од @stvor_ljudski

1.Кога би морал на бира, на кој курс би се запишал?
За хаику. Замисли секоја мисла шо излегвит од тебе да е во форма на хаику, то сигурно би било многу јако (иако признавам дека не знам шо е точно хаику ама ај сеа).

2.Која песна сакака да му ја свират на погреб?
16 Shells from a 30-06 од Tom Waits. На страна то шо е многу јака песна со огнено оружје во насловот, друго ми е муабетот. 30-06 е карабински калибар и правиот назив е round или cartridge, shell е за сачмарки. Кога би го слушнал то, веројатно би станал од гроб да го поправам и ОП – жив! На следниот погреб истата приказна и то е то.

3.Кој писател би сакал да му ја напише биографијата?
Некој од оние шо знает од досадно да напрает интересно, то ми требит. Достоевски на пример, си читаш кај шо лежел онај болен со треска едно двеста страни и супер ти е. Или Кјубрик од режисериве, уште не ми е јасно како можеше да напрајт вожња на дете со точаче низ куќа да е гледлива.

4.Како би се самоубил?
Еј не можам јас бе тие работи, страв ми е. Ваљда ќе ме здробит некој тег некојпат, ама не намерно туку ради мојава илузија на супермен шо ми идат некојпат.

5.Колку е кило брокула во Ох?
[localpatriot]Исто колку во Скопје![/localpatriot]

ТЕКТСТОТ НЕ Е ЛЕКТОРИРАН (ак ви се вервит)