Saturday, November 29, 2014

Твитер прашалник @El_Guaje___

Твитер прашалник @El_Guaje___ 


1.Име (ник ово оно)?
Борќе.....wannabe кул верзија на Борче.
2.Висина и тежина?
Немој не прашувај, болна тема се и двете...
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Оставам полупразно...
4.Убав? (одговори со да или не)
ДА!!!
5.Зошто си на твитер?
Еден сончев ден ми беше досадно, направив акаунт.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Lennonception.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Најкарирана шо е можно.
8.Вашето прво искуство?
Моментот кога го вдишав првиот воздух во болницата.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден во Бора Бора, на меден во Бора Бора.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Одиме на протест.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Марула
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Шекспир брат, дали воопшто и самиот си знаел што сакаш да кажеш?
13.Шо мобилен телефон користиш?
Еден шо е посвоен во фамилијата на смарт телефони...баш како во еден твит беше кажано.
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Моментално ништо.
15.Што би сменил на себе?
Ништо бе, супер сум си.
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Прво одам Барса – Реал да гледам, а остатокот во кладилница на 5 коефициент го ставам.

Прашања од @Mirrianna
1.Детство како детство, шо е тоа детство и дали си го имал?
Не не, веднаш станав голем јас.
2.Дали и ти како Владо Јаневски сакаш да имаш 10 девојки?
20 ако може...по две на секој прст.
3.До кое ниво ти е струмичкиот дијалект и дали ти треба преведувач?
Па фала богу дека ми треба преведувач, бугарски јазик не разбирам. Посебно кога ќе седне човек со тебе и со Силвија на кафе....пет преведувачи ми требаат тоа време.
4.Бордо или окер?
Тегет...оти на све иде.
5.Има ли филм шо не ти е гледан? (ако има, кој е?)
Има два од азербејџанскиот режисер Рза Тахмасиб, два – три филма од Боливуд, еден од нигериецот Чико Еџиро и Twilight фала Богу, кој нормален би ги гледал тие...