Tuesday, December 9, 2014

Твитер прашалник @A_Golejska

Твитер прашалник @A_Golejska





1.Име (ник ово оно)?
Име, ник – исто што и главниот лик. Лична ем персонална.
2.Висина и тежина?
Висока таман, тешка, доволно.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Сите бои! Ама не се гледаат.
4.Убав? (одговори со да или не)
Види под 1. Да
5.Зошто си на твитер?
Да споделам се’ што ми пишува во главата
6.Шо преставува вашиот аватар?
Куќарка полна музика – мојот живот, запишан на кожа.
7.Идеална врска за Вас?
Неидеалната, полна љубов и слобода
8.Имаш можност за прв твит?
#Љубов
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
Меден месец. На полумесец. На Месечина. Емиграција? Никаде без инспирација!
Ми се живее многу. Каде? Секој ден живеам кај ќе ми текне.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе си пишувам поезија и ќе си работам сликовници. И ќе отворам бистро бар Симпатија
11.Верувате ли во реинкарнација?
Да. Еве денес сум џунџуле и одговарам на чудни прашања.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Која историска личност? Што да и порачам? Парфем би и порачала. Од фришопот меѓу два века.
13.Шо мобилен телефон користиш?
Легално голем
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Цензура на слободата
15.На скопскиот играше, кога ќе пееш ?
Кога сакам. Секој ден пеам. Сега работам нова песна. Ќе слушате, ќе дознаете.
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе спас(тр)ам еден куп животи.
                

Прашања од @therealpsmst

1. Чај или кафе?
Чај во секое време, кафе само наутро.
2. Колку време ти треба за една реченица?
Миг
3. Кога ќе започнат патувачки Астални проекции низ Македонија?
Се надеваме што поскоро. Идејата е во процес, со секои наредни, добива на етаблираност и сила за патување и надвор од Скопје.
4.  Која би била твојата последна вечера (сите познати готвачи го добивале ова прашање http://www.mylastsupper.com/)?
Крвав бифтек, крем пире со лук, тартуфи. Десерт – еклер со златен крем. Сортно вино.  А ако треба јас да готвам? Ќе готвам карамелизирани пилешки џигерчиња со лута пиперка, замотани во кревко тесто. Со прилог златна боранија во млечен сос.  Ракија стоена на сонце.
5. Колку поети се потребни да сменат сијалица?
Ниеден. Во темница ќе разменуваат светли зборови.

Ја барам @ref за наредниот Твитер прашалник!