Saturday, January 3, 2015

Твитер прашалник @GPockov

Твитер прашалник @GPockov


1.Име (ник ово оно)?
Бате Поле.
2.Висина и тежина?
Малку понизок од највисоката манекенка и тежок колку вреќа ипол жито.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Боја на коса како боровиот мед што му го изедовме на газдата на викендицата каде ја пречекавме новата година.
4.Убав? (одговори со да или не)
А зошто само со да или не? Правник тешко одговара со да или не. Да одговорам со можеби? Ќе го објавите?
5.Зошто си на твитер?
Понекогаш во кафана не ми останува доволно време да ги средам проблемите на државата и светот бидејќи кафаните затвараат во еден, а твитер е местото каде што можам да продолжам. Воедно сретнав и запознав многу убави и добри луѓе што е плус причина зошто сум на твитер.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Први Мај, мојот омилен празник.
Во позадина е знамето што гордо го носевме на #протестирам односно твитермк.
Во рака со една голема кригла пиво, а која кригла многу ја сакам и за која ризикував затоа што си ја земав со бегање од омилената пивница на Хитлер во сред Минхен. Келнерот нешто трчаше по мене и се дереше ХАЉО ХАЉО ама не разбирам баварски и го изигнорирав.
7.Идеална врска за Вас?
Ма каква врска, моментално е само за шал.
8.Имаш можност за прв твит?
Здраво Македонијо!


9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
Би сакал на еден месец во Кјото-Јапан под чери блосом дрвцата, а еве праеме напори да си емигрираме во Канада.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ако го затворат твитер, Жерновски нека му ја мисли што понатаму.
11.Верувате ли во реинкарнација?
Верувам во преинкарнација и претпоставувам дека сум бил несмасен диносаурус што во обид да им помогне на другите диносауруси им ги кршел јајцата во гнездата.
12.Твитер пред 2/3 години и сега?
Не е премногу променет, малку изгуби на квалитет, но сами си го одбираме квалитетот на тајмлајнот.
13.Шо мобилен користиш?
Ајфоњ со екран што го кршам 2 пати неделно.
14.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Кога оние најредовните јавувачи на контактните емисии ќе почнат со твитање.
15.Брак?
Ти текнува на црнецот во Гладијатор кога викаше Not yet, not yet?
16.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе отворам бизнис, ќе го развивам и кога ќе ме прашаат од каде ти беа парите за бизнисот, ќе им речам: За првиот милион не ме прашувајте, а за се друго ќе ви кажам.

Прашања од @xxnya
1.Трулото во државата Данска, се вади или може да се ферментира за вино?
Трулото во државата Данска може да се ферментира за вино, а кога би додале македонски вински мушички на тоа вино ќе се претвори во кисел оцет со труло дно кое дно секојдневно ќе расте и ќе ја голтне цела Данска.
2.Колкави се шансите гробот на Александар да е во Св.Николе?
Во Св.Николе поголеми се шансите да се најде замрзнатиот Мегатрон од Трансформери под земја отколку гробот на Александар.
3.Дали ти е мирна главата?
Пу пу, подалеку од паркинсова болест.
4.Металот некогаш и сега?
Музиката остана, дружбата не. (тажен одговор)
5.Што би им порачал на младите?
11 секунди порака од мојот омилен лик и глумец.