Wednesday, December 23, 2015

Твитер прашалник @firerot_

Твитер прашалник @firerot_



1.Име (ник ово оно)?
Името не го давам! Ме прати Александар Македонски да ја бранам честа на неговото име ама сите ме викаат Аце.

2.Висина и тежина?
Мање висок, више тежок. На времето метрото покажа 172, а со тежината не живееме. Сега вагата ми кажа дека сум дебел. Факултетот ме уништи!

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)

Смеѓа.

4.Убав? (одговори со да или не)

На времето бев млад и убав ама од кога се запишав на електро веќе нити сум млад нити убав.

5.Зошто си на твитер?
Докторот ми препорача твитер како најдобар психијатар за мојата состојба. Верувам дека на твитер има искрени и добри луѓе што имаат корисни совети и идеи.

6.Шо преставува вашиот аватар?Дека корисно ги искористув моите пет минути на сцена.

7.Идеална врска за Вас?

Многу третосменашки муабети, хумор, забава и обавезно да да игра Фудбал Менаџер и НБА.

8.Имаш можност за прв твит?
Не ме плашат хомосексуалците, ме плашат педерите во душа.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
Би одел на пат низа Америка за 30 дена. Ако некогаш ќе емигрирам ќе завршам во Манчестер.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе отворам личен блог и таму ќе исфрлам фрустрации.

11.Верувате ли во реинкарнација?
Не, ама ако постои реинкарнација ќе бидам лав.

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Само крајот на светот и многуте работни обвски.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе го купам новото Volvo S60, ќе отворам огромна дискотека која ќе биде забранет пристап за турбофолк пеачи и ќе се потрудам да правам фантастични журки на кои самите пеачи ќе бараат да гостуваат пак. Со остатокот ќе реновирам дел од студентските домови.

Дополнителни Прашања

1. Знае ли некој колку твитерџии има у Велес ?
Ќе ја искористам мојата влијателност од Твитер за на новиот попис во Македонија да има анкетен лист за да направиме попис за точната бројка на велешки твитерџии.

2. Штипската пастрмајлија била поубава од Велешка пита?
Штипската пастрмајлија за да биде пастрмајлија, а не кајче прво треба да има пастрма.

3. Шо не знаеме за тебе?
Судам фудбал, тренирам карате и навивам за Партизан.

4.Шо му фали на Велес (освен кино)?
Му фали европски Борец во фудбал и ракомет и една дискотека без сељачка музика .

5.Каде за Нова година?
Ќе твитам од кревет, нема соодветна понуда по мој вкус.