Sunday, December 20, 2015

Твитер прашалник @_ne_go_tinka_

Твитер прашалник @_ne_go_tinka_ 



1.Име (ник ово оно)?
- Одговор на прашањето а ти моме чие си?, географска локација на момето, а момето се вика Љубица. 

2.Висина и тежина?
- Висина 1.68, тежината на гладно и без проблемите да ми тежат - 57. 

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Одам накај винска, инаку природна црна.

4.Убав? (одговори со да или не)
- Да, да бидам нескромна.

5.Зошто си на твитер?
- У последно време, многу користољубива станав со него, само нешто барам да ми ретвитнат дечките и јавно фала за тоа. А инаку за да се насмеам и за дружба, многу фини карактери имам тука запознато.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- Мојата љубов кон цигарите. Своевремено. Сега веќе ги откажав, ама сликата е сеуште убава.

7.Идеална врска за Вас?
- Оваа моментално што сум. Многу среќна. Ама го изневерувам со онаа што ја имам со сирењето, оризот и шпагетите. И со виното, нормално.

8.Имаш можност за прв твит?
- Познавајќи се себеси, нешто у стилот на – шо не кажујте дека тука се оправало држава бре? Или продавам квалитетна неготинска ракија. Цена по договор. 

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
- Ма и повеќе од еден месец – Аргентина. А инаку Шпанија.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Кој ќе прашувам кое е најпопуларно име у Прилеп? И кај има салони за мебел у Кавадарци? Или ако ми треба некој од Куманово за да го прашам нешто? Ќе се навикнам без него, ама исто како и со цигарите чат пат ќе ме фаќа носталгија.

11.Верувате ли во реинкарнација?
- Не.

12.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
- Ако треба на секој фејв да слушам некој звук од песна на Џастин Бибер, тогаш најверојатно ќе ме снема од твитерот.

13.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
- На мама и ги проширувам тарасите, на тато му купувам некоја салам кола, на сестрата и купувам професионален апарат и шофер ( оти страв и е од возење), нешто ќе донирам, нешто ќе инвестирам и така. Види шо убав муабет а? 




Дополнителни Прашања

1.Ќе останиш ли Неготинка ?
- Засекогаш, гордост ми е.

2. Шо би сменила на себе?
-  Процесот е почнат, така да ако ме прашаш за две години истото и уште тапкам у место, тогаш ќе ти кажам. А шо се однесува за физичкиот изглед, покрај носот и рамената баце. На вие мои чуда цела земја у реална големина може да се нацрта од толку шо сум широка. 

3. Безобразен ли ти е никот?
- Зависи како го гледаш хахахах сама ќе си испаднам

4. Велат дека си песимист, со сериозни психички проблеми ? (се шалам ти така си се опишала)
- Најверојатно влијаел периодот низ кој сум минувала кога сум го напишала, инаку не сум ни едното ни другото. Добро, првото така малку сум, ама одам кон подобро. Треба да го сменам цело, лоша слика остава за мене. Фала Иџи шо ме потсети :)))

5.Што научи од твитер?
- Многу работи, ама прво шо ми иде на памет е дека за шо и да е, каква и расправија да е, не вреде да напишиш 24356 риплајеви, а уште помалку па и да се изнервираш. Не само на твитер, него и на било која друга социјална мрежа. Може затоа шо сум повеќе spread the love kind of девојка.