Wednesday, December 23, 2015

Твитер прашалник ‏@Schiffer_PG14

Твитер прашалник ‏@Schiffer_PG14



1.Име (ник ово оно)?
Кламидија Шифер? Игра на зборови, ништо страшно. Азитромицинче или доксицилинче, макар и орално.

2.Висина и тежина?
Малецко ама ретко кој ме може да се носи со мене.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Седа. Енд прауд.

4.Убав? (одговори со да или не)
Прелепота, на мајка.
5.Зошто си на твитер?
Прво од наивност, потоа зараза, вентилирање фрустрации и конечно - навика.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Предупредување.

7.Идеална врска за Вас?
Отворена до степен да не можеш да ја затвориш:
8.Имаш можност за прв твит?
Пак да почнувам отпочеток?

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде би емигрирал?
Вака наивно почнуваат сите регрутации. Во Македонија би на еден месец.
На меден би емигрирала на топло и влажно.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Линкедин. Таму е драмата.

11.Верувате ли во реинкарнација?
Ги памтам, сите.

12.Твитер пред 2/3 години и сега?
Видете, во мое време беше супер, сега се некои сељаци се напунија.
Појма немам, јас сум сељаците.
13.Што би те натерало да се повлечеш од твитер?
Ако се распадне Силви Бенд.

14.Брак?
Да! Феноменална институција, топло им ја препорачувам на сите. Еве, и дечко ми и жена му се согласуваат.

15.Наследуваш миљон долари, шо ќе им направиш?
Ќе се кријам од машки спонзоруши. Ги врие.

Дополнителни прашања

1.Стварно ли е ладно таму горе?
Кочан. Да ти се смрзне антифриз во бешика.
2.На што прво помислуваш сабајлечки која ќе станеш?
Мора ли да моча кученце баш сега и колку мразам да менувам чаршави.

3. Дефинирај совршен ден. ?
25.12.2013 крупни снегулки, варено вино, оганче и држење за рака низ чаршија, Случајни минувачи ти го собираат допаминот во што и да им се нашло. Никогаш нема да заборавам.

4.Љубов на прв поглед?
Да. Единствен струен удар што можеш да го преживееш. И трае со години, не дозволувајте да ве убедат поинаку.
5.Дали доколку би се распаднал Силви Бенд, Силви би имала успешна соло кариера без Бенд?
Релативизирајте колку сакате, ова е криптоусловот на Грција за конечна разрешница на македонската интеграција во ЕУ.