Saturday, January 9, 2016

Твитер прашалник @MissDimoski


Твитер прашалник @MissDimoski 



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Матичарот, а титулата сама јер лепотица нели <>

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Селски буквар, наивно теле, зрно грашок, нисам одавде, гунчето на Итар Пејо, којотот, OCD и лепотица нели.

3.Зошто си на твитер?
Еднаш, еден многу драг човек, милно гледајќи ме, ме гушна и со милозвучен глас ми рече: Тања, родена си за гомна јадење!

4.Шо преставува вашиот аватар?
Нашиот аватар претставува бебе и грбот на мајката.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Ова е прашањето каде треба да го откуцам драгиот човек. У принцип не сум издаица ама враќам со иста мера.
@juvesnake беше, сите нека знаат !!!

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Јен два, јен два, ... (пук-пук)... Може?
Кхкккккккхммм... Е шо, само 140 ???

7.Каде сте родени?
Во едно градчеее, во котлина збранооо. Во катче топлооо... Оќеј е, се залетав ко да сите што ќе прочитаат имаат деца.
Инаку сите сме од Велес \m/

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Која сафра сум ни недела не би издржала, ама ако треба да се помачам нека биде Куба. А шо е тоа меден месец?

9.Брак?
Со тапија, со бурми, со попови, со деца... Со све

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е? 
Ќе ти кажам ако ми ветиш дека нема да ме отепа член на анима дунди.



Дополнителни прашања

1.Што би променила на себе?
Физички би си додала 20 см колку сензорот да ме лови, а инаку психијатарот.

2.Можно ли е да се научи нешто од твитер
РТ: Да не беше твитеров, никад немаше да научам да бидам кратка и јасна
И нормално е лага со рогови J)

3.Порака за младите твитерџии ?
Прво момент-два да се помирам со фактот дека сум стара, а на младиве да си ги сакаат мама и тато дури се уште тука.

4.Жените и сообраќајот?
По ова прашање сум пола феминистка со бркови - пола врзи и шамар на глупачата. Сe во зависност од која страна на воланот сум.

5. Ако мораш да бираш твитер или ФБ шо би одбрала?
Само момент.... Стана бебо.
Шо Твитер или Фејсбук??