Шо се секирате и да сјебете нешто за валентајн, после неколку дена е прочка.— Ишарет (@isharet84) February 12, 2018
Мојата фирма е основана 1989. Постара е од Авалон, всушност, најстара приватна информатичка фирма во Македонија.— Mindрluмbеr (@mindplumber) February 12, 2018
Си ги барам моите „заслужени“ 120.000 евра (повеќе од Авалон, пошто сме постари), за развој на информатиката во Македонија
Дефинитивно Александар Македонски не бил наш. Нема шанси со вакви глупаци да стигнал до Индија.— Џагдиша (@dzagdisha) February 12, 2018
Изненади го дечко ти за Валентајн, фати си нов.— Annah (@indig05alpha) February 12, 2018
Знаете приказната кога во Северна Кореја ги лажеле дека победиле на светско во фудбал пошо немаат интернет и имаат само една тв?— Сара Македонска (@saranajjakasara) February 12, 2018
А, знаете шо е потрагично? Вие што имате пристап до се, а верувате ко нив на се шо ќе ви сервираат.
Не гледам разлика меѓу субвенционирањето на Канго со 9.000 €, Ристо Бомбата со 36.000 и Авалон со 100.000 €. Принципи исти се друго се нијанси.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) February 12, 2018
Секој ден деца молат за помош за операции, они субвенции за песнички за паравоени формации даваат. Дајте бе нека ме убие некој.— Ѓурѓа (@pilula12) February 12, 2018
Како бе денешниве новороденчиња уште втор ден се “Гордост на мама и тато”.— Лептирич (@simonastw) February 12, 2018
Ја 30 години не можам да се докажам.
Замисли дете со комитска песна да земеше субвенција, општа graganska xisteria.— Shlummutz 💊😂👌🇲🇰 (@mindinmotionmkd) February 12, 2018
Од страна гледано, името Мајка Тереза на клинички идеално го оцртува начинот на практицирање здравство во РМ.— Tesla Coil (@Natemago) February 12, 2018
Еве ти кревет, леб и вода и со верба у господ можеби и ќе оздравеш.
Добро памтам кој во клучни моменти од мојот живот застанал до мене.— leonidspar (@leonidspar1) February 12, 2018
Дечко, зошто толку доцна пријавувате дека домот ви е обиен?— Реален (@neutralen_) February 12, 2018
- Затоа што прво помислив дека сестра ми се спремала за излегување во град.
У ебенава држава се дава 300.000 ден за дете-талент што воспева убиство на некој наш брат, сопруг и татко, а за дете болно се донира преку порака. Епа ја ебавте работава другари.— Персона нон Плата (@bojankuk) February 12, 2018
Ако Авалон доби 100.000 € субвенција по повод 25 години работа, по моја проценка К- 15 требаше да добијат барем 10 милиони.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) February 12, 2018
Најдобро е да ги посолиме со морска сол и да ги закопаме галиите негде накај Скопска Црна Гора.. Нека тупат мозок археолози после 1000 години...— Обичен Александар (@SendvicSoVegeta) February 13, 2018
Да го видиш младоженецот во венчаница е лош знак за невестата— Бони Топ (@bonitopp) February 13, 2018
Опстојав на Твитер без клан и без субвенции.— Ѓурѓа (@pilula12) February 13, 2018
Потргнете се да поминат туристиве што ги донесе Авалон.— Ѓурѓа (@pilula12) February 13, 2018
Прво да се извинам на речник...— Мимикрија (@MajaSpasovska1) February 13, 2018
Нели бе пичка му матер не ви скурчи да се плукате по тл?!
Ниту се знаете, ниту се познавате. Никој од никого не зависите...
Почитувам сечие мислење, интелигентен сарказам...ама ова вреѓање е дно...Бедно е. Освестете се. Затоа за нигде не не бива.
Сакам министерство за култура да субвенционира правење филм за македонецот на олимпијада, за кој цело време сите мислат дека ќе биде последен, а он завршува претпоследен!— Пердуф (@pikabu00) February 13, 2018
Се возам у такси, поминуваме покрај црква, таксистот се крсти три пати. На следна раскрсница поминува на црвено ко камиказа, јас се крстам три пати.— Оној со брадата (@legovski) February 13, 2018
Твитер е онаа тенка линија помеѓу забава и ментална болест.— КурофмиⓇ (@Shushmula) February 13, 2018
Ама најсмешно ми е кога ќе прочитате колку пари добила некоја институција и како веднаш според вашето искуство во таа бранша знаете дека тоа е многу.— Муарко (@Muarko) February 14, 2018
“Што? Зоолошка градина добила 50.000 евра??? Па одржувањето на еден гологазест бабун чини само 274 евра!!! Кратци!!!”
Ќе основам здружение за зачувување на традицијата „Рано утро, шкембе чорба, после секој своја борба“.— Mindрluмbеr (@mindplumber) February 15, 2018
Ќе се собираме на шкембе чорба и ќе пееме народни песни од Дејвид Бови.
Од Минисерство мислам да побарам 700.000 денари, за да ми доделат 600.000. Шкембе чорба за сите!
- сестро, го губиме! брзо дефибрилатор!— Троа полудена багра (@slabkarakter) February 15, 2018
- дезинтегратор.
- диференцијатор.
- дезинформатор.
- деполаризатор.
- дешифратор.
- дисмембратор.
- ууууу јак збор. браво, ти победи.
- хахаха
- време на смртта?
- 14:02.
Да бакнеш девојка по челото е грижа,— ПлавоБел (@ServiceCrew_) February 15, 2018
по образ е почит,
на усните е љубов,
но да ја бакнеш пред дечкото...
е тоа е веќе храброст....
Сакала да си купи и да чува мајмун...— Поглиачи (@SmoothManMk) February 15, 2018
Сестро земи омажи се, исто е
им се восхитувам на луѓе кои знаат да се расправаат со човек што им значи тивко, низ шепот— Poison Ivy (@Hedera_Genus) February 15, 2018
јас бре кога се расправам урагани беснеат, небо и земја се спојува, птиците умираат пеејќи, елон маск лансира втора ракета само за да не ме слуша
Понекогаш, на убав ден како овој, низ сончевинава и чистиов воздух фрлам поглед кон скопската котлина и си велам: ''Боже каква ментална сила, муда и жилавост се потребни да не избегаш од чмаров од земја и народ, со вриштење''.— Chlamydia Macedonica (@Schiffer_PG14) February 16, 2018
наградата за „Најглуп" за месец февруари оди кај:— Dimano (@dimanovski) February 15, 2018
М.Д. викан Оревче од Скопје... амнестиран затвореник
пуштен на слобода на 12.02 во 20:00
во 23:20 истиот ден, приведен од МВР... извршил разбојничка кражба
Мразам "ќе видиме". Кажи НЕ како човек, ќе преживееме.— Evian (@Aveevian) February 16, 2018
Живееме во држава во која премногу честа појава е да му кажеш на комшијата “добар ден” и тој да те гледа ко теле.— Aleksandar (@saltwatered) February 16, 2018
не знам девојчево изглеа инсталира виндоус на банкоматов неам друго објаснување шо праи— Констан Teen (@KokiCvetanoski) February 16, 2018
Деда на кардиологија:— Deda Pilos (@4_pilos) February 16, 2018
- А цигарчиња пушиш?
- Една до две докторке
- Аaa... па нее ништо тоа
- Само по некој пут коа сум нервозен и третата кутија ја отварам...
- Искачај надвор
Сакале признале или не, Македонија никад не изгледала потажна и побезнадежна. У времето на Груевски оптимистички се надевавме дека ќе биде поарно кога ќе си замине. Сега ни тоа го немаме.— Кеисуќе Мијаѓи (@M_R_Miyagi) February 17, 2018
цело време мислев жена ми на #ќерками ѝ пушта моцарт за да биде попаметна, тоа мене ми пуштала :(— НиколаСтрез (@NikolaStrez) February 17, 2018
Док ти мислиш дека се зезате она има одбрано и страна на спалната.— Sasho Andonov (@Dr_Koljo) February 17, 2018
Многу е лесно да си на државна функција со плата од преку 60.000 денари и да кажуваш дека треба да се зголеми старосната граница за одење во пензија на луѓе кои работат во одвратни услови за плата од 12.000 денари— Viko von Drom (@vikohyeah) February 18, 2018
Не бев јас, самото се заљуби, самото си еба матер.— Оној со брадата (@legovski) February 17, 2018
Не барајте прочка, ако од утре планирате пак по старо.— Стрела ➶ (@zone0205) February 18, 2018