Thursday, February 28, 2013

Твитер прашалник @i999y

Твитер прашалник @i999y




1.Име (ник, кој ти го стави)?
Нешто морав да турам шо би рекол Штулич Док сам као мали дошао у град, морао сам себи дати надимак.
И као требаше од Игор нешто да биде па испадна Иги Иџи Игац тој со деветките ...


2.Опишете се (макс 140 нели)?

Тежок човек (на карактер).Еве на ,да видите!!! Воа е у @RakijaBar (@Bratot1 за рекламава дужиш забава). Не стварно сум тежок на карактер, али испод е душа(памук) шо да ви кажуам. Знам да биам и врло забавен (чак што више на граница до Глупи Август) иначе 190/90


3.Зошто си на твитер?
Па... терапија, Здраво јас сум Игор и јас сум ....количар.
Не стварно, прекрасно е тука, со некои твитерџии и се запознав, се дружиме,најдов роднини тука,супер е,ептен
А терапија даааа, твитер ќе те насмее така добро (некои шо викат,упс мочнав)

4.Шо преставува вашиот аватар?
Дирекно сликање у фаца од страна на ќерка ми (со мобилен к750 далечната 2009)

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Балдската, паааа поприлично. Прво бев скептик, гледајќи ја како со телефон у рака се смее, сеа ја бетер сум.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Кај сте бе даае?!??

7.Вашето второ искуство?
После првото ваљда (аааа воа треба се мења прашање)

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На месец Преспа рецимо Стење (у на Ставре куќата,и пред тебе планина,мозок на пасење)....меден месец терав у Дром....јбг

9.Брак?
Имам, за некој ден 13 години ,прекрасно е,Воедно честитки до сопругата Рената.А и деца иам син и ќерка 13 со 10

10.Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Ретко некое,ептен ретко,од ниа Тасманиските


Прашања од @FreudianSLipps
1.Како не ти е незгодно како газда и иницијатор – да немаш одговорено прашалник?
Зошто незгодно?!? Па воа е за Вас!!! Ма курац ,на никој не му текна да ме предложе, се шалам....
Еве одговарам,али незгодно даае.Ама забавно исто така!

2.Дали веруеш у хороскоп и у црвену боју?
Хороскоп ми читат чат-пат, а црвената ми омрзна стварно

3.Фројд или Јунг?
Пред се Ѓурчиев ,Успенски,Блаватска и Штајнер. Твитерот ми (ни) го одзема времето за читање, ваљда трулите капиталисти за тоа и го измислија.Иначе овие филозови или теозофи како сакате топло ги препорачувам

4.Што кажуваат твоите мартинки за тебе?
Рокериште,бунтовник (одртавен). Шо знам , ги обожавав ,ги носев дење и ноќе, а особено на лето, на плажа,у Градиште ,90тите, сеа седат дома, наследство за син ми,ваљда у година ќе сака да ги носи.

5.Што јадеше за доручек?
Нема да веруваш, мусака. Една од последните работнички мензи во државава, онака со лента ,инокс прибори,све...таа е! Би сакал да а нема, па да грицкам нешто здраво.

Најзаебаната работа е наследникот!!!! Се мислев меѓу мноогу добри стари и нови твитерџии и изборот е следен!! 
едни викат 

други викат 

@MedoDimoski

Империја


















Wednesday, February 27, 2013

Твитер прашалник @FreudianSLipps

Твитер прашалник @FreudianSLipps



1.Име (ник, кој ти го стави)?
FreudianSLipps, зошто сум Фројдовска емотивна мисконцепција у движење. Impressed?

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Не знам што ви значи ова макс 140, јес да сум size petite- small по амерички, сепак у 140 не ме собира. Нисмо дошли ту да се вреџамо.

3.Зошто си на твитер?
Зошто повеќето од вас НЕ СЕ У ПРАВО. :)))

4.Шо преставува вашиот аватар?
Претставува депиктирање на очигледната поделба кај секоја женска индивидуа, внатрешниот пандемониум, екстравертното и очигледно битие и онаа скриената ноншалантна ФЕМИНИСТИЧКО дрска, внатрешна Моника Белучи.
Се шалам, само гугл пикчрс примерок од Моника Белучи претставува. Немам платено никакви авторски права патем, поздрав до ЗАМП еве одма ја мењам.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@iivvanaa ... и да.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Како се твита овде кај се стиска? @iivvanaa?

7.Вашето второ искуство?
Како мислиш...второ искуство?

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден... во Њујорк пак. Меден... ќе ви кажам за неколку месеци.

9.Брак?
ДА!!!!!!!!! *камери и рандом возбудена тетка со Атлантис чоколатца*

10.Ако се реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
... Хуго ... (не прашувај)

Дополнителни прашања
1.Книга?
Казнено право општ дел - од  Маријанович  :))))

2.Трошаџија или шпараџија?
Влаинка

3.На караоке си пеела ли?
Изведбата на Tell him од Селин Дион и Барбара Стрејсенд со Иве и Follow me од Uncle Kracker  со @iivvanaa сеуште се раскажуваат у некои скопски кругови.

4.Како ти оди вљубување?
Фантастично.

5.Шо би променила кај себе?
Тоа што сеуште немам куче. Ping @CharlieIntruder PING PING PING!

Прашања од @iivvanaa
1. здраво како си? (леле каква си)
Јас сум урбано копиле не сум естраден уметник.....(СЛАТКАР ТЕ САКАМ)

2. докторира ли?
Дали мајка ми те плати за прашањево и колку?

3. кој е најлошо облечен на ред карпет на овогодинешните оскари?
Кели Роуланд ... А Селма Хаек беше апсолутен врв..За тие што повеќе сакаат да знаат и Хали Бери беше фантастична, а Џозеф Гордон Луит носеше различни чорапи...Али тоа не беше прашањето.

4. using "are we", are we?
Yes thank you very much thank you please to you

5. нешо за вуди ален?
следи @i999y

1 Роденден

1 Роденден

На денешен ден навршува една година од првиот пост на овој блог.
Идејата се роди, исто така и насловот на самиот блог(И ЈА ИАМ БЛОГ), со излегувањето на blogirame.mk .Си викам едни никакви имат блог, ја ли да неам.

Настанаа многу постови, многу од нив со Ваша помош.
Еден од тие собата беше во соработка со бабето @VlatkoVasilj.
Пред се благодарност до @Necovski @Sokarovski @Angie_MKD во реализацијата на проектот Најдоброто од твитер ,кое веќе има 41 дел.
Исто така благодарност до сите кои учествувавте, и ќе учевствувате во Твитер Прашалникот.

БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ.

♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ ♥ (non gay)

Tuesday, February 26, 2013

Твитер прашалник @iivvanaa

Твитер прашалник @iivvanaa



1.Име (ник, кој ти го стави)?
@i999y беше зафатено

2.Опишете се (макс 140 нели)?
a vision in локни

3.Зошто си на твитер?
за да станам славна

4.Шо преставува вашиот аватар?
О.О

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
сите патишта водат кон твитер

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
hello world

7.Вашето второ искуство?
не го разбирам ова прашање

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
на еден месец во Јапонија, на меден на Малдиви

9.Брак?
треба да клекнеш прво :)

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
меркат(че)


Дополнителни прашања
1. Кога ќе престаниш да одиш по концерти?
кога папата ќе си даде отказ.... упс

2.Кој од ТЛ би го земала за друштво на пуст остров?
@FreudianSlipps (hell to the yeah)

3.Се збори дека си најбољи шофер на твитер?
апсо-факин-лутли

4.Кога нов телефон?
шиткаш?

5.Последна дојде на фб,зошто ?
зошто @FreudianSlipps си отиде

6.Имаш ли слика,каде што си намуртена (де даа видиме)?
ја ме ја

7.Магистрира ли?
I mastered in disguise

8.Како го запозна другиот ванаби џипџија?
сакаше да биде #твитержена. ми се обрати.

9.Кој е следен?
@FreudianSlipps