Monday, February 11, 2013

Твитер прашалник @ChaseWork

Твитер прашалник @ChaseWork



1.Име (ник ово оно)?
Абе Бркај Работа.
2.Висина и тежина?
Еј ако наручуете одела, 36ка за мене. Ако е дугачко иам шнајдер.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Клавај спејсои...
4.Убав? (одговори со да или не)
Е тука сакам да искористам џокер „публика“.
5.Зошто си на твитер?
За да придонесам колку можам да го направиме твитер подобро место за живеење.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Врхунско дело Ендија Ворхола.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врската ми е клот, килтот ми е кариран! Ciach ort!
8.Вашето прво искуство?
Пијан бев бе брат, ништо не се сеќавам. Чекај бе за твитер збориш? Аха, исто.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Пат околу светот за 30 дена и пат околу светот со жена ми за 365 дена. Во втората тура секако пресметано е и времето за шопинг. Знаеш како е, жени...
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Па ваљда ќе се разбудам од капсулата 30 килограми потежок и со брада до колена. После може да си барам работа во „Куќата на стравот“ како мутирано суштество, микс од Хомер Симпсон и ЗиЗи Топ.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Ако постои некоја реинкарнативна правдина во наредниот живот сигурно би бил Компирот од Седмица.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
1882, Кукуш: Гоце брат, немаш потреба да маваш со камења по синот на бегот. Земи некој поголем камен и реши го синот на продуцентот!

Прашања од @_Sajsi
1.Се мислев долго време, не спиев цела вечер, си викам како се викаше мајка ти?? Дали конечно ти купи синтисајзер?
Мајка ми е Паца, татко ми е Борче, а сајзер имам од најмала восраст. Кога сме веќе кај сајзерот да ви разјаснам една мистерија. Чејс е професионален музичар, свири сајзер во Огнени Момчиња. Секој петок и сабота во ресторан Гоце 2000. Повелете.
2.Која песна ти е рингтон?
За секој број различна трака. На пример @_Sajsi ти кога ми ѕвониш иде 

3.Какво општествено уредување би инсталирал во државава?
Ако глобалното затоплување се одвива според предвиденото, тогаш дефинитивно Таласократија.

Дополнителни прашања.
1.Каде за Нова година?
Па добив официјална покана од Виенска Филхармонија, како спешл гест, да свирам сајзер на Новогодишниот Виенски Концерт. Така да пиши, на плоштад у Виена.
2.Шо си у хороскоп?
Дупли стрелец. Благодарение на хороскопскиот знак и подзнак у војска ме регрутираа у снајперисти.
3.А шо си у кафана?
До три пива доктор Џекил, после натака мистер Хајд.


Следи: Miss Magenta AKA @lilovacha