Твитер прашалник @Jane_Sk
1.Име (ник, кој ти го стави)?
Никот сам си го одбрав, станува збор за еден
благородник од САД кој во минатото има направено некои добри дела. А да, има и
една мн добра приказна која го носи истото име и е опеана од едни Бистибојс.
2.Опишете се (макс 140 нели)?
Висок дечко, сини очи, десна нога послабо
развиена од компликации со колено, завршен факултет, женет, војска неиден, левучар,
сака колач со вишни, сака риба на скара, коленици ребра џигери јазици мозоци
глуждови – никогаш не пробал, сака пиво книги музика велосипеди – класика...и
сеа не знам уште колку карактери иам за да продолжам!? Ова прашање треба да го
решиш со некој дајалог бокс или сл. за да биде јасно.
3.Зошто си на твитер?
Имам многи слободно време па најдов нешто поинтересно
од ФБ.
4.Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар е нашата прекрасна планета. Сакам
сите да сме жители на планетата Земја, а не да се делиме со граници и војски.
Забегав....
5.Кој
ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Мислам дека сам се заееав и искрено појма неам
што сум правел на почетокот. Знам отворив профил, твитав у магла и после
баталив. Се вратив после некое време и појма немам од кај толку луѓе ме пратат,
па почнав да контам некои нешта и сега дури и прашалников го одговарам...пак ќе
кажам: сам се заееав.
6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе
твитните)?
Како
па да не! Од кај знаеш!?
7.Вашето второ искуство?
Искрено не памтам, многу одамна беше тоа...ах....
8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А
каде на меден?
На еден месец би сакал некаде источно. Тоа не
значи дека сакам да идам во Боровец, мислам на источно од Истамбул, на пример.
Втора дестинација за месец дена би ми била Јужна Америка.
На меден месец бевме и мн убаво си поминавме.
Не ви кажувам каде, затоа што само јас сакам да иам такви прекрасни слики на
ФБ. Инаку ние го викаме Меден Месец Дена и ни фалат уште едно 20 дена за да го
завршиме.
9.Брак? ијас.
10.Ако реинкарнирате во животно, кое би
сакале да е?
Улаво и бесно гризли некаде во Америка. Да си
ловам риби, да сркам мед и да грицкам шумско овошје и шумски зеленчук. Пред
луѓе ќе се однесувам екстремно агресивно; ќе кршам дрва, ќе фрлам карпи, јако
ќе урлам! Нема да ги повредувам, може се греота. Ќе украдам и велосипед од
некои луѓе, па на забавата нема да и има крај!
Дополнителни
прашања
1. Лепиш ли пари на музиката?
Никогаш не сум го направил ова J
2.Кој од ТЛ
би го поканил на ручек?
Сите од ТЛ би ги поканил. и повеќе!
3.Шо би му
зготвил?
Па би им зготвил
ммм...ааа... еве грав! И би ги викнал утредента на школка у парк да си грмиме!
4.Шо телефон
користиш?
Умен или познат како смартфон, пентиум од старите, АТ.
5.ФБ или
Твитер?
Ова за на Твитер е,
така? Твитер човече!
Прашања од: @Jocoska
1.Дали отстапуваш место на стари и изнемоштени во
автобус? Дали постојат „изнемоштени“ или тоа е само мит од минатото. Што е тоа
„изнемоштени“?
Автобус слабо користам, но секако
дека би отстапил место. Постојат мн изнемоштени луѓе и секако дека тоа не е
мит. Тоа се луѓе на кои им е преку глава од товарот на животот ама не се даваат
и може добро да им дојде ако седнат. Седи бе брат!
2.Дали си знаел дека бубамарата (Coccinellids, lat.) е штетник за земјоделските посеви. Што мислиш за златната бубамара (Coccinellids Aurelis, lat.) како подвид во тој контекст и дали?
Првото знам. Во врска со ЗБ имам само едно да
кажам…имаше две три фаци кои што бев убеден дека ќе кажат <фуј буба маро>
и нема да земат награда, ниту па ќе бидат дел од цел тој циркус… ама не излезе
така. Отидоа и подигнаа 300гр. месинг. Така да големо благодарам до ЗБ што ги
откри вистинските лица J.
3.Колку си навистина близок со рапот? Дали, на пример, со
рапот би се оженил, хипхоптетички?
Блиски сме. Со него не би се женел затоа што е мн тапа. Досаден е до
небо.
4. Дали некогаш си бил потажен од делница на кларинет во
турска серија?
После ‘потажен’ – ништо не те
сфатив.
5. Според твое мнение, што ценат повеќе жените, тајна
тетоважа или јавна бламажа?
Јас мислам дека жените сакаат јавна тетоважа и тајна бламажа. Така јас
мислам, не знам.
следи @iivvanaa