Wednesday, February 6, 2013

Твитер прашалник @MarincePink

Твитер прашалник @MarincePink


1.Име (ник ово оно)?
 Г-ѓа Старк, нормално дека ќе го земам презимето од сопругот, а МаринчеПинк пошто бев Маринче25 али помина роденденот и да не менувам број, ај боја ќе ставам. Инаку, НЕ, розева не ми е омилена боја.
2.Висина и тежина?
Висина 185цм кога сум на 15цм #штикли а вагата на баждарење ми е.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Плавуша со мозок. Имам доказ. Види слика #плавуша #мозок #доказ #снимка #магнетнарезонанса #завеса #немам #инстаграм #хипстер#бранко #е #крив  #блабла 

4.Убав? (одговори со да или не)
 Скромна ќе бидам и ќе кажам, не сум убава... најубава сум 
5.Зошто си на твитер?
 Морам да го цитирам Балашевиќ: Ја сам само ту да време брже пролети(извини Маска и спремај се Април) А и уште една причина 
6.Шо преставува вашиот аватар?
Едно есенско попладне во кафана со твитерџии, потпрана на рамото на прекрасниот Филипчо(@filipADvantage)
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Врски колку сакаш.Имам врска со Скајп(Васиљ ако си поправил камерата), Румштанглеви кру, Твитер чеда(Тоше <3 ) и.т.н Шала на страна за се треба врски да имаш у денешно време па така и ја брачна врска и карирано розева мајчинска врска со синко.
8.Вашето прво искуство?
Уште немам, синко штркот ми го донесе.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Венеција одам за еден месец (се фалам) Париз и Москва за било што, тие се местата.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе мора да платам за психијатар, што баш и не е проблем, ќе пишам трошок на фирма.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Краставица. Зa  да ме јаде :)
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Не се враќам назад само ви иднината, МаринчеПинк - 2066година, кога ќе седи во својата хациенда, БМВ на паркинг, батлерот сипува чај, покрај камин седи и 5-6 внучиња околу неа, ќе раскажува за легендарните Стрез и Сулимановиќ.

Прашања од @farbanius
1. Зошто баш Роберт Дауни Јуниор?
А зашто да не. Најдобар во секој поглед 

2. Фрутолино или чоколино?
Фрутолино е за бебиња. Многу јасно дека чоколино!
3. Хорор филм или хорор стрип?
 Хорор стрип дефинитивно. The Walking Dead препорачувам да се чита не гледа!
4. Хорор стрип или стрип тиз?
Стрип што? J Второто,  јас цело време барам такво нешто ама немало во Скопјево, за жал.
5. Крушево или Скопје?
Скопје ми е домата секогаш најубаво, Крушево за полнење батерии
6. Имаш ли такси компанија?
 Да ја разрешиме мистеријата ДА имам не една повеќе се, јас го држам Скопје не оној на М што сите го зборат. Богата сум, можам сите да ве купам со се гаќи, твитови и ретвити.

Дополнителни прашања
1.Мајка на тл,напорно ли е?
Ќе беше напорно да го немаше ТЛ, кој е родител знае колку енергија е потребно да се преживее еден ден со бесен црвец по дома так да убаво е да имаш место каде може да ослободиш мозок и пуштиш на твитање J
2.Си блокирала ли некого? 
За жал Да... кој ме познава знае колку дебели нерви имам и се толерирам така да тој што е блокиран значи сите можни граници ги поминал.

Следен на масата за испрашување го седнувам @roleovojdole