Sunday, February 17, 2013

Твитер прашалник @dzigi7


Твитер прашалник @dzigi7



1. Име (ник ово оно)?
Роден сум мн млад, како пети член од четиричленото семејство Џигал, одгледан во духот на комунизмот, Бољи Живот и Тома Здравкович, под дифолт ме следеше надимакот Џиги.

2. Опишете се (макс 140 нели)?
ШарАмантен, ДУХовит, поштен а луѓето ме доживуваат како НЕ-озбилен.

3. Зошто си на твитер?
Не знам стварно, не сум крив ме навлекоа ко кондом на рекламација.

4. Шо преставува вашиот аватар?
Ги мењавам нон стоп, се понашам како еден типичен фејЗбукаш.

5. Кој ве донесе на твитери дали ве за*ба со тоа?
Ме  заеба @sead93, влегов на твитер ко подмладок у владеечка партија.

6. Ова ви е прв твит( ај да видиме,шо ќе твитните)?
Другови и другарице одамно је умро друг ТИТО

7. Вашето прво искуство?
На жена ми и кажав дека ми е прва. (замисли ми поверува)

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Што подалеку, али месец би ми било малку, а на меден месец веќе имам резервирано карти за Големото Јаболко ( конечно ќе ги гледам Никси у живо)

9. Дали верувате?
Верувам дека некад, некој човек у Македонија  видел 1000 евра. (миљу марака)

10. Ако реинкарнирате во животно , кој би сакале да е?
Како пеперутка може да стане магаренце, етеее така можеее.
Прашања од @MakNBA

1. Дали е вистина дека не подаваш на баскет?
Иди бегај, ја сум соло плејмејкер а башка сите имаат кратки руки и не пазат на часот, како бе да им подаеш топка?

2. Како е да се дели животен простор со легенда од типот на
@sead93, и што ви паѓа @sead75?
Користно, секој ден заедно ги плукаме  Близу, Т- Мобиле и ЕВН. @sead75 е алтер егото на @sead93 така да ваљда и он ми е некој близок роднина.

3. Те болеше ли стомакот откако се прејаде од грицките и мезето кога бевме кај @kuzevski на гости?
Ме фати дијареа од чипсот, а од квикито уше не можам да се опоравам, затоа не подавам топка на басЌет :)

4. Кој може да јаде повеќе луто, ти или @kopriva?
Ууу ја фефоронки јадам ко трудница корнишони, али понекогаш се прашувам дали @kopriva има мексиканско потекло.

5. Ќе бидат ли Никси шампиони и зошто не?
Многу тешко, попрво Лацио ќе освои куп у Италија, отколку Никси да станат шампиони. Шала на страна: Никси се мн блиску до титула, али им фали тоа нешто, ни сам не знам што.

Дополнителни прашања
1.Ти ли ја одвлече @ane221 по планињето?
Обратно, она мене ме одведе и повлече цела сурија со себе, обучи мн планинари и планинарки, ако некој ја бара ене ја на Солунска.

2.Плаче ли @necovski на карти
Плаче, солзите му се слеваат по картите, и после мене ме обвинуваат дека ја сум истурал пиво.

3.Чаир е некад....
Чаир е дел од мојот живот, не го давам за ништо. Шифра: Мењам собна антена за двособна со доплата у Капиштец.

4.Кој е следен?
Следен е @kopriva