Saturday, February 9, 2013

Твитер прашалник @ortographia

Твитер прашалник @ortographia


1.Име (ник ово оно)?
- Марко ме викаат по дома и сите што ме знаат. Во животот немам многу прекари, освен два, Сас и Ортографија. Многу се бунат што е Ортографија, така се викаме со уште двајца рапери што снимавме рап, сега сме на пауза. Инаку самиот збор Ортографија значи правопис, не дека ве боли #Јоце за тоа али океј.
2.Висина и тежина?
- метроосамдесетдва – три, тука негде. Цел живот ми викаат дека сум слаб, извади стотката од висината додај 3 од карти, толку тежам. У злато не сум се мерел уште, а бабиве од зграда кога и да ме видат златно дете Марко”, стварно сум у дилема. Може сум милион долар бејби, кој знае.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- Па зависи дали е поликолор или не, мрсна или сува боја, али ако ја стаиш на коса тешко се вади како и да е, може да ја извади само мојата шаума. Кафеава, ми осветлуе у лето, ради сонцето.
4.Убав? (одговори со да или не)
- Да.
5.Зошто си на твитер?
- На времето пишував по многу статуси у минута и @JovanaJov ми се убаци еднаш со коментар: - А да си напраиш Твитер? Ете ме тука сум.
6.Шо преставува вашиот аватар?
- 50 годишен олд скул мангуп на кој му е скурчено од се у животот и одбира да кува метамфетамин за да има пари за фамилијата. Се вика Валтер Вајт, а во подземјето познат како Хајзенберг. Опасен дечко, има играно карти со Капоне ко деца.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
- Да, али мора да кажам, мене карирана не ми е омилена боја, врскава е тотално лав и сол араунд и прљаво бела со примеси на дубоко плаво, нешто као небото на залаз сунца у шес и петнаес.
8.Вашето прво искуство?
- Беше мрак, а таа беше гола.. Да бе топ беше, оној твитот на Штангла со девица и нутелата, епа така нешто отприлика.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- Еден месец у Куба да продавам лимонада на плажа и да пијам мохито. На меден, на претходното сценарио додај една млада мома, до 20 не повичко, и може малце мед. Да се разбереме, ако сме на плажа и и се јаде пирошка, не ја праам онаа фората, знаеш, брц у песок и на ти. Ја сум фин момак.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- Што ако го затворат, ќе бидеме сите заедно у затвор, златно отварање на Голи Оток, #Ж ќе сече лента и ќе пееме едно име имаме.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
- Пипер. Љут. Многу љут.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- Келнер, дај 15ка со кромид за мене, за Тито исто, Черчил само со феферонка, а за Адолф тука не е гладен, али може една ракија за него. И 3 Скопски, фала.

Прашања од @Boychenn
1. Како е да си посветен гејмер а во исто време да имаш исполнет социјален живот, твитер, факултет и нормална килажа? 
– У принцип го објасни моето битие, меѓутоа мора да признаам дека е доста тешко, мора да имаш добар тајм менаџмент и останати фенси амерички зборови. Ја сум доста спонтан младич, go with the flow, и да, супер е да си посветен гејмер. Имам и девојка, да разјасниме.
2. Што е МК Џедај асоцијација?
– Имаше на ФБ некој фан пејџ Македонска Џедај Асоцијација, после дознав дека тоа е дело на @OvojOdAerodrom. Се најдовме уште неколку твитерџии и твитерџики дај хард фанови на Стар Ворс и се обединивме под хаштагот #МКЏедајАсоцијација. Сега правиме напори за подигање Џедај Темпл у Скопје. May the Force be with you.
3. Што се случи со #ТвитерМладина ? 
– Неко меџу нама није наш. Улетуе еден вирус у овој организам наречен Твитер Младина, праи quad kill у една вечер и после имаше културно пцуење мајки и слично, али со ургенција на #СветотоТројство ја решивме работата. Моментално функционираме со полн потенцијал. Ќе има регрутација на нови жени во Младината, малцинство се.
4. Одеше 4 години во Ребис. Зошто се откажа?
– Не можеа да ме издржат, бев преголема конкуренција за сите таму, значи најбоље дупетресач бев. Јебига, сума су Маре, а не Лепа, решија да напуштат и останав сам.

Дополнителни прашања
1.Шо ти пречи на плоштаТ?
 – Тука многу дискутабилно, овој муабет се праи уз две три ракии, не е за тука, не за друго имаше многу несогласувања околу тоа дали треба споменик на Самуил или Јода и знаеме сите како тоа заврши.
2.Твитер или ФБ?
 – Голема дилема, мислам дека ќе се одлучам за Твитер, не за друго на фејсбук им се бајати финтите, исто ко и бурекот у Специјал. SUM CUL VIJA OT TVIDER SE NOGU GOLEMI MANGUPI, ZATO RESIV IJAS DA DOJDAM OVDE OK?POZZ!

следи @LepotanSmotan