Твитер прашалник @GeorgiMunko
1.Име (ник ово
оно)?
Др. Вуф, затоа што многу лаам, малку гризам, сакам да се
мазам, да се чешкам зад увце и да бидам перверзен док сите викаат “види го
колку е сладок”.
2.Висина и
тежина?
193 см со девојка, 174 см без девојка . 215 см после
добро завршена работа, 35 см на спиење, 37 см на будење. Не ми е тешко, добар
сум.
3.Боја на коса
(остај празно ако си ќелаф)
Жилавo Кафена. Бронзена на зајдисонце и директно под
лампа.
4.Убав? (одговори
со да или не)
Сомнително убав.
5.Зошто си на
твитер?
Сакам остри девојки со меки зборови.
6.Шо преставува
вашиот аватар?
Мојата способност да пишам “cool dog” на Google, и да ја симнам третата слика од лево.
7.Дали сте во
врска (и дали е карирана)?
Во врска сум, цветна е, со џиш розе. Не сум бил во
карирана, ама сум бил во една оперирана.
8.Вашето прво
искуство?
Светлото беше упалено, у позадина идеше Еуровизија и на
крај одма го наполнив кондомот со вода да видам дали е дупнат.
9.Каде би сакале
да отидете на еден месец? А каде на меден?
На меден месец би одел во Велес, сеа откоа ја затворија
Топилницата. А на еден месец, тоа е веќе луксуз, би прошол до Замбија да видам
која е таа земја шо е 44 места пред нас у слобода на медиуми.
10.Ако го
затворат твитер...шо понатаму?
Ќе се отвори македонска верзија шо ќе се вика “Сиктер”
субвенционирана од владата и таму аутоматски ќе бидеш следен.
11.Ако
реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Трње, да им се упикувам на женските у фустан. Битно би се
осеќал као зеленчук.
12.Ако би се
сретнале со историска личност, што би порачале?
Би сакал со Кочо Рацин да се прошетам низ City Mall, па да ја читам
поезијата што ќе произлезе од тоа искуство. Најверојатно би му
препорачал дека више коа пишуе на свеќа, може да земе од оние миризливите.
Прашања од @lilovacha
1.Дали си
предвидуваш блескава кариера на Твитер?
Да бидеме реални.
2.Еден ден ќе
бидеш толку познат што ќе те има во крстозбор. Е сеа, што ќе пише во види
фотос, познат мак. Твитераш или познат свецки режисер?
Фаца од низ град/Ок дечко (види фотос).
3.Што се дешава
во филмот што го правиш? Ќе ме земеш ли за главна улога? Кого ќе убиваме со
пригушувач? Кој ќе го игра главниот фраер? Ќе зимаме ли Оскар?
Нема везе ова шо се збори, филмот е љубовна прича и има
многу малце убивање со пригушивач. Само оние шо мораат да умрат со пригушивач,
само тие умираат со пригушивач, другите умираат на други начини (да не
расипуем) . Не ветуем улоги на анонимуси.
4.Беше мачка сега
си куче. Дали и во вистински живот имаш криза на идентитет?
Некад сакам да си играм, некад сакам да сум на највисоката
полица. У секој случај секад сакам да се галам. Освен коа неќам.
5.Постави си
прашање и одговори си го.
Молам? Не.
Следна е @alwaysLadYCrOfT