Твитер прашалник @darko156
1.Име (ник ово оно)?
Требало Илија ама на моите не им се
свиѓало. Од тогаш си ги сакам моите, ептен. Ник имам. Ако го прочиташ наопаку
одма ќе сфатиш што значи.
2.Висина и тежина?
Доволно висок и тежок цел живот да
играм под кош. А не бев дебел порано. Ама пак играв под кош. Не се тепав у
школо па изгледа морав да надополнам и да се тапам под кош на баскет. Како и да
е, во зима сум малку повисок и подебел, нека влезе тоа во записник.
3.Боја на коса (остај празно ако
си ќелаф)
Општа.
4.Убав? (одговори со да или не)
За кого како.
Како мал почесто ми викаа дека сум убав, сега одамна не ми рекле. Ама па не
памтам дека сега ми викаат дека сум паметен, така да, кога ќе видиш бош тема за
муабет. Најубаво е да си во Струга, таму УБАВ е институција. Воедно ја користам
оваа прилика да кажам дека поише си ја сакам Струга од Охрид и најљубезно го
замолувам @BatmanSaysT да
не се лути.
5.Зошто си на твитер?
Прашањево малку бајато а? :P Јас на ова одговорив во јануари 2009. http://komunikacii.net/01/04/twitter-manija/
6.Шо преставува вашиот аватар.
Константа, (скоро)непроменлива.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не во една, во милион, не милион... СТО. Ова социјалниве
мрежи саде врски се. И се се тоа јавни врски. Среќа читам на темава а таму
викаат дека не требало се да ставам на интернет па оваа домашнава врска си е
секогаш на место.
8.Вашето прво искуство?
Дома беше. Минатиот век. 33.6k мислам дека имавме. NetMeeting беше крив. Убаво беше. Не бев
тогаш гик. Имавме нужда. Онака процедурално, да се знае.
9.Каде би сакале да отидете на еден
месец?
Знаеш дека никаде
не сум бил на еден месец. Освен кај баба ми кога бев средно, ама тоа не се
важи. Таму растев. На еден месец би одел во Шведска и тоа во Гетеборг. За да не те збунам јас мислам
дека студот е состојба на умот.
10.Ако го затворат твитер...шо
понатаму?
Ќе се договориме со @kuzevski и @mitko239 која следна ќе ја праиме
популарна и тоа е тоа. Ќе ве донесеме сите таму, полека-полека и па исто ќе си
биде J.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук
, кој би сакале да е?
Сакам да сум зеленчукот во Турлитава. Да
се тркалам со месото заедно.
12.Ако би се сретнале со
историска личност, што би порачале?
Мрзам историја, уште од основно. Јас
би ги прашал Гечевски и Блажевски: Како има успе(в)а?
Прашања од @Lacialec
1. Дали е вистина дека откако помина
#твитеркафана - та секој ден во вашето возило конЗумирате такВа муЗика додеКа
возиТе накај раБота ?
Не е баш така. Најблиску до тоа на
редовна база во кола кај мене се слушал Слаткаристика и Iron Maiden.
2. Дали би ја викнал Сања Барби на
комкаст ?
Дефинитивно. Најозбилно. И сериозен
муабет би и праел. Ако имаш меил пиши и и договори ја. Ќе правиме специјална
емисија, целовечерна, гарант ќе срушиме рекорд на @RadioMOF
3.Kоја песна ја потПевнуваш тука ?
види фото (дали е можеби Министер)
Ej Скопје Гори е ова, ама изгледа
кумановците раперите беа тогаш на сцена. Како и да е за да тече муабетот еве
може да се договориме дека овде ја пееме мојата омилена песна реденка http://pesna.org/song.php?id=63 За
оние кои не знаат, а ги има многу песнава ми стана омилена за една Василица на „терен” во Вевчани кога се сторија 18
пати.
4.
Дали планираш да идеме на Сања Барби ?
Само
викни. Имам дозвола да се дружам со плавуши. Ме знаат дека сум безопасен со нив
J
Дополнителни прашања
1.Често носиш врски! Каде ги
купуваш?
Аман со тие врски. Факт е дека
за секое носење купувам нова врска ама сега да не претеруваме не носам често.
Низ градов се збори дека еднаш во една година имам купено две врски.
2.Кој е газда ти или Кузе?
Кузе сега само што се вереше.
Допрва ќе треба да се докажува.
3.Зошто не го уклучи Боко на
комкаст, откако прво го испровоцира?
Да види како е! New Media RULZ!
Штафетата ја пренесувам на
семоќниот невидлив нинџа со два твитер акаунта
Забелешка од авторот?!? Кој побогу @sead93 или @sead75