Твитер прашалник @Skraci
1.Име (ник
ово оно)?
Скрачи, #МТВ превод на Скречи од “Itchy & Scratchy Show” од “The Simpsons”, тоа е еден
напатен цртан лик, исто како и носителот на прекарот. И да, не се пишува @Skraci, ама кога го
отворив акаунтот, мислев дека никот, ќе ми биде само за лична употреба
2.Висина и
тежина?
173 сантиметри, некаде околу 60
килограми
3.Боја на
коса (остај празно ако си ќелаф)
Порано ми беше
руса, моментално ми е Еш Оринџ Мока Дарк Фрапучино Блонд
4.Убав?
(одговори со да или не)
Да
или не
5.Зошто
си на твитер?
Паднав
на приемен на Фејсбук
6.Шо
преставува вашиот аватар.
Се
што е убаво започнува на буквата П, Плавуша со плетенка, пие пиво на
плажа. Пробав да ја продадам
идејата за билборд на Пивара, ама ме одбија. И како и секој пропаднат проект, заврши на Твитер. Ете го
сега шета по ТЛ.
7.Дали
сте во врска (и дали е карирана)?
Не.
Имам многу обврски со Твитер, немам време за приватен живот, знам што си мислите, дека е обратно, дека немам живот,
затоа седам на Твитер, ама не е така...не е, се лажете...
8.Вашето
прво искуство?
Малку
ми лебди во воздух прашањево..па како прво искуство..неискусно
9.Каде
би сакале да отидете на еден месец?
На еден месец
Тенерифе или на некој Светски Стоматолошки семинар во Швајцарија, Германија (врска нема лажам)
10.Ако го
затворат твитер...шо понатаму?
И по Твитер,
Твитер. Паа многу Влијателни ќе останат без работа како прво, па ќе престанеме
здраво да си викаме, па ќе давиме некој рандом шанкер за тоа колку всушност
животот не е фер. И секогаш ни го одзема тоа што најмногу ни значи. Па ќе се
прибереме, па ќе се отвори ново прозорче, може и ново јазиче, пак ќе се лапа
нешто.
11.Ако
реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Не би сакала, да
се реинкарнирам во зеленчук, ако може во музички инструмент, на пример
дромбуља.
12.Ако би се
сретнале со историска личност, што би порачале?
Би сакала да се
сретнам со повеќе историски личности. Може и како во Квантен скок, да скокам од
период во период, а вие од базата ќе ми кажувате која е мојата задача. А можам
и да ви ги соберам одговорите на ова прашање на сите и да тргнам во
мисија..Мда..
Прашања од @bratot1
1. Кои познати
личност доаѓаат кај тебе у ординација?
Хахаха од попознатите @necovski, Ернест Хемингвеј, пејачите на
Макарена, македонскиот олимпиец во кајак на диви води, шкотскиот државен првак
во пикадо тн
2. Вино или пиво?
Пиво
3. Орално или морално
задоволство?
Орално здравје за
морална сатисфакција
4. Кога на Монт
Еверест?
(ликува на прашањево
иако нема качено од Водно повеќе во животот)
5. Кога Искра
ќе ја праиме влијателна
Многу скоро
Дополнителни прашања
1.Бела или Црна пломба?
Фуџи бела
2.Дромка а?
Се
договоривме со агентот да не одговарам на провокативни прашања
3.Дромец или
не?
Ху уонтс ту
ноу?
4.Кој е
следен?
Лаци соонцее
имам прашања за тебее @lacialec