Твитер прашалник @tiggaz
1.Име (ник ово оно)?
Здраво јас сум Мартин и сум многу хај. Ме викаат tiggaz, дојди овде и идам. Шала на страна 1, никот ми е од старите IRC времиња. Рап нешто ау, niggaz, sticky fingaz и
слични имиња ме асоцираа на мој ник tiggaz. Паралелно со снимањето рап, станав
познат момак (види youtube) и бев едно време ” [TiggaZ] од IRC го знаеш, хакер е?” Па после некое време tiggaz од ДНС Екипа и сега нажалост.. tiggaz
од твитер.
2.Висина и тежина?
Млад згоден и неопходен. Шифра: Молим лепо.
3.Боја на
коса (остај празно ако си ќелаф)
Малце празно место за залистоците. --- Кафена,
кадрава коса како на Снежана рамките на дрвата на прозорот (Windows). А и некад ми се меѓа накај црна исто кога
Снежана умре од јаболко. (Apple).
4.Убав? (одговори со да или не)
Читај во точка 2 од овој договор.
5.Зошто си на твитер?
Искрено зошто почнав со еХост да се занимавам,
и викам чекај ќе ми треба твитер акаунт за да си направам сликичка тука и така
2008 год. А зошто почнав да твитам ... само заради себе (Зошто вакви стомачни
само на твитер се прават).
6.Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар претставува вајарско дело,
скулптурно богатство во паркот во тафталиџе, каде што јас сум стуб а тоа е
чашка бунар.
7.Дали сте
во врска (и дали е карирана)?
Не во џемпер сум, кариран.
8.Вашето прво искуство?
Аааа ова секс прашање. Хм, далечната втора
година средно на 24.08.2000 беше една ладна зимска ноќ. топла летна
вечер во Август. Она беше така загреана а јас така запотен што морав да и влезам комплетно гол на мојата
полна када. И да ти кажам право се исплати морска сол да пробаш дур киснеш у
вода. Од искуство зборувам.
9.Каде би
сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Во село. Она кај сака.
10.Ако го
затворат твитер...шо понатаму?
Дај една чашка ракија. Па ќе збориме за
понатаму. Не. Прво неможат да го затворат твитер. Твитер можат само да го
отворат 2 прста. Многу е тесен за сите. А јас ако го затворат твитер
дефинитивно фејзбук отварам. На G+ веќе сум многу влијателен, башка кога ќе ме видат угледен на Хенгаут и
порно ѕвезди ме заследуваат ...така да, има решение од каде да си го скриеме
идентитетот и да продолжиме да буљаме во монитор.
11.Ако
реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Праз. Кога нема банички со маслинки, месо или
сирење да помислат на мене.
12.Ако би се
сретнале со историска личност, што би порачале?
Незнам што да порачам. Нека донесе мени, да
видам што е актуелно во тоа време и ќе порачам тоа.
Прашања од @alwaysLadYCrOfT
1. Трауми од детството?
Не.
Јас имав среќно детство. Фала на прашање и на покојниот дедо што ми остави имот
и што можам да живеам дебилно. (Се шалам, ништо не ми остави).
2. Омилен цртан лик?
Дибек
од Попај Морнарот. Зошто секој дибек можеш со еден лик да го опишеш.
3. Неисполнета животна желба?
Сите
желби да ми се исполнат.
4. Да станеш жена на три дена, која би одбрал да бидеш?
Добрица
Златковска.
5. Љубов или пари?
Љубов.
Парите се материлајен безвреден дел за мене (кој има си знае).
6. Желба за роденден?
Маска
за мобилниот. За поубаво да твитам. Си одбрав една:
Дополнителни прашања
1.Како дојде до идеата за еРадио?
На кратко за Радио Милева.
Како лета времето, не ми ни текнува која година беше. Стално кога одев во Србија го слушав тој збор.. Радио Милева и си ќутев зошто не контав за што се работи. По некое време ми станаа јасни работите. Да не должам, јас како линуксаш секогаш сум сакал да експирементирам работи. Така еден ден се роди идеата да стримам и интернет радио. Емисијата ја крстивме Радио Милева, не со цел да тастаме некој на радио, тоа и не ни беше приоритет иако го правевме. Целта ни беше едноставно да си промовираме мак рап песнички со цел да не дознаат што повеќе луѓе бидејки во тоа време Youtube, Фејзбук и ред други социјални мрежи не постоеа или пак никој немаше на нив. Мирцот беше страшно актуелен. Со текот на времето, се правеа емисии.. па не се правеа.. небитно и не идам надвор од тема.
Како лета времето, не ми ни текнува која година беше. Стално кога одев во Србија го слушав тој збор.. Радио Милева и си ќутев зошто не контав за што се работи. По некое време ми станаа јасни работите. Да не должам, јас како линуксаш секогаш сум сакал да експирементирам работи. Така еден ден се роди идеата да стримам и интернет радио. Емисијата ја крстивме Радио Милева, не со цел да тастаме некој на радио, тоа и не ни беше приоритет иако го правевме. Целта ни беше едноставно да си промовираме мак рап песнички со цел да не дознаат што повеќе луѓе бидејки во тоа време Youtube, Фејзбук и ред други социјални мрежи не постоеа или пак никој немаше на нив. Мирцот беше страшно актуелен. Со текот на времето, се правеа емисии.. па не се правеа.. небитно и не идам надвор од тема.
Се зафатив со демотивација.мк
почнав да го работам сајтот и за кратко време сфатив што всушност се дешава со
интернет фејзбук светов. На какви работи реагираат, што треба да се прави и ред
други искуства. И од еднаш твитер каде што друга поинаква перцепција имаат
луѓето.. јас едноставно ми текнува идеа
кога веќе сите слушаат квалитетна музика на твитер дај тоа ќе го направиме. Го
активирам радиото, и стојам под закупено над 300 домејни во Марнет со некои
типци се договараме домејнот eradio.mk да биде тоа тоа. Се прави
шахтаг, пуштаат луѓе песни и идеата прифатена. Исто гледам луѓе си имаат
сопствени хаштагчиња као на пример #НАТОЧАК и викам јас имам
радио што е баш за такви цели собиранки и слично, дај од една страна да им се
најдам на луѓето. Така да идеата ја имам развиено, периодов ќе ја доправам
страната и верувајте дека ќе имате квалитетна музика, емисии, забава, место за
журкање и ред други работи што почнуваат да се реализираат.
1.А како побогу за ДЈ Нечовски
Е.. не разбирате вие некој склоп на околности.
Ќе ви каже јасно @Goran_Man во неговиот прашалник. До тогаш stay
tuned. #еРадио
дами и господа.