Wednesday, February 20, 2013

Твитер прашалник @ifaaaaaa


Твитер прашалник @ifaaaaaa


1.Име (се мислеше ли за никот)?
Ифа ми е од дете, а Жанкс (Жана, Жејн, Жакси, Жаклина) ми е уметничко име

2.Опишете се (макс 140 нели)? Неотесана со шантиклер вкус (на мајка ми зборови)

3.Зошто си на твитер?
1.Шеринг из керинг
2.Активно ја пратам шпанската серија што се дешава на ТЛ
3.#екипата (ама некако се растури, нажалост)
4.#колешките

4.Шо преставува вашиот аватар?
Недела сабајле кај дечко ми у стан, има цела фотосесија:)

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Тргачица поголемата, не ме заеба, него она заеба што деактивираше профил пред некој месец

6.Ова ви е прв твит( ај да видиме,шо ќе твитните)?
Кој е тука Том од МајСпејс?

7.Вашето прво искуство?
лесно заборавам прво искуство, битно е после како ќе се развие

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец Јапонија, меден Бора Бора (Прл Бич Ризорт, не мора у Фор Сизнс - нек чита лепша половина:))

9.Дали верувате?
Атеиста и реалиста, значи не

10.Ако реинкарнирате во животно , кој би сакале да е?
Лав или некој друг вид на мачка, ама не тротоарка

Дополнителни прашања
1.Вангел Божиновски или Ѓорѓи Константиновски?
Многу природно Константиновски, али сакам од дрогата на Вангел (да и у таква група на фб сум учленета)

2. Бетон или Гранит?
Да пробаме Гранит, бивши Бетонаши иам на работа, доста ми е

3. Дали ти се допаѓа #ск2014, и зошто не?
Ваљда зашто имам очи и здрав разум ахахахахах Затоа што е еклектицизам, затоа што е мегаломанско, затоа што е силувано

4.Дали си била на Телевизија?
Да, Пулсирање (нели нормално:)) и пар настапи со Ребис на Шител (без ремет:Р)

5.Шо пииш навечер по кафиќи?
Трипл В - Водка, Вино, Виски

6.Која миризба те потсеќа на дома?
Силан- лаванда и ванила

7.Кој е следен?
@Dromcheto