Твитер прашалник @MakNBA
1. Име (ник ово оно)?
Лично
и персонално. Еден краток период бев Шеикот од Катастар, фаза во која
најверојатно со мојата вкупно ниедна донесов повеќе инвестиции во Македонија од
мојот побратим - Шеикот од Катар.
2. Висина и тежина?
Добри фала, кај вас?
3. Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Не е за оставање празно,
ама некако сваког дана у сваком погледу ми станува се поретка и посветла.
4. Убав? (одговори со да или не)
Убавината е релативна
работа...рече ругобата од трети спрат.
5. Зошто си на твитер?
Логичен чекор во ширењето
на МакНБА семето. Ова со хаштагот добро се прими во старт, па така веќе некои
четири години #maknba си постои и кога мене ме нема на Твитеру.
6. Шо преставува вашиот аватар?
Ја претставува вкупно
втората слика од себеси која сум ја закачил како аватар, ставена во јануари
годинава по повод Movember (да, Movember во јануари), а веројатно
ќе ја оставам до 4. мај, да обележиме 110 години од постоењето на уште еден
таков епски БРК.
7. Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во среќна врска со
личност која не сака карирани работи. Со самото тоа, не сака ни врски. Карирани.
8. Вашето прво искуство?
Од
правни причини не смеам да откривам детали, освен тоа дека се случи во
градинка. Чек, за што збориме?
9. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде
на меден?
Еден
месец низ Ју Ес оф Еј, онака, изнајмуваш некое нивно старо ауто, по можност
кабрио, во Њујорк и пичиш низ Америка се до Ел-Еј. Завршуваш во Мексико со
совршено сценарио за Hangover 3.
Успат, ако успееш, не фаќаш сифилис, туку некоја НБА текма во живо.
А за
меден, ко што претходно се произнесе мојот муда-р колега @h3xman, се лажат мужите кои мислат
дека тие се тие кои бираат во таа ситуација.
10. Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Обезбеден
сум со резервни варијанти и бааги зимница на блог, фб, тамблр, во подрум...
11. Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале
да е?
Зељка.
Па дааааа.
12. Ако би се сретнале со историска личност, што би
и порачале?
Би се вратил во
Франкфурт, на 7. јуни 1993-та. Би го саботирал оставајќи го на бандажи и без
волан Голфот двојка на Клара Шалантци па така Дражен би морал со другите хрватски
играчи, со авион да си се врати во Загреб.
Тогаш веројатно немаше само по лошо да ги паметам
Денкендорф, Инголштад и Баварија, Дражен веројатно ќе беше жив, а цела една
генерација тинејџери и постари ликови во екс-Ју, а и во Европа, ќе имаше еден
ептен трауматичен настан помалку во своите животи.
Прашања од @iskra_iskrich
1.Зошто кошарка?
Не знам ни ја,
искрено. Преку брат ми се заразив со неа од мали нозе и никако (а и не сакам) да
се излечам.
2.Во што веруваш?
Да, верувам.
3. Ако животот ти даде дигитрон, што прво ќе пресметаш на
него?
Све!
Дополнителни прашања
1.Има ли поарен од
Џордан?
За виткање сарми и
правење мусака најверојатно има. За кошарка, т’нко, иако тоа е доста
субјективна тема.
2.Најбољи твитерџии за баскет?
Уф, зависи дали е локално
или на малку пошироко ниво, али ај да не правам поделби па да ми стегнат
контра-МакНБА, сите сВе добри што твитаат за баскет кај нас.
3.Македонска кошарка?
Да, постои и тоа ја има и
како таг - #makbasket, кој се надевам како поминува времето ќе
станува се попопуларен. За тоа дека постои македонската кошарка се увери и цела
Европа преклани во Литванија, а би сакал истата приказна да се повтори и ова
лето во Словенија. Нема да биде лесно, тоа е сигурно, но не беше лесно ни во
Литванија. Она што ме радува е што овој пат, за разлика од лани во Венецуела,
немаме тренер на кого кривец за пораз ќе му биде „левиот кош, кој бил чудно
накривен на страна“.
Фала пријатно и
прашалников, на локална основа, го проследувам до @Dzigi7,
нек се шири чаирското
лоби.