Thursday, February 21, 2013

Engage 2

Engage 2


Овој викенд се одржува 
на неа ќе учествуваат и некои наши твитер соборци!

Така рецимо предавачи ќе бидат и двата најбољи брка на тл!!!

Е сеа за следниоф не су сигурен кој ќе биде @sead75 или @sead93

Исто така ќе учестува и бардот на македонскиот веб дизајн @banekoma
А да ќе ги заборавев (уствари ради нив воа го направив) дечките што го создадоа Блогираме
@necovski и @sokarovski (non g)


Оп уште едно дете @FlavrSavr

Покрај овие ,ќе учествуваат и многу други излагачи и предавачи и шо ли не, впрочем еве го официјалното соопштение.
ДОЈДЕТЕ

Младински образовен форум и Радио МОФ  го најавуваат годинешното издание на конференцијата ENGAGE, која ќе се одржи на 23 февруари 2013 година во киното Фросина и фоајето на Младински Културен Центар – МКЦ во СкМладински образовен форум и Радио МОФ  го најавуваат годинешното издание на конференцијата ENGAGE, која ќе се одржи на 23 февруари 2013 година во киното Фросина и фоајето на Младински Културен Центар – МКЦ во Скопје. Дванаесет говорници, четири работилници и две панел дискусии се предвидени во рамките на втората конференција друштвени медиуми и активизам ENGAGEкоја ќе се одржи на 23 февруари (сабота) во Младинскиот културен центар (МКЦ).
Презентациите на говорниците се распределени во неколку блока во периодот од 12:00 до 19:00 часот: во првиот блок, во киното „Фросина“ свои презентации ќе имаат:  Јован Димитров и Петар Шокаровски одBlogirame.mk, Горазд Цветковски од  Македонската асоцијација за развивање на игри – МАГДА, на тема „online vs offline активизам“, Хана Марку со „Тhe story of Kosovo 2.0“, Петрит Сарачини од Граѓанска иницијатива АМАН, Небојша Гелевски – Бане од Koma Design Studio,презентација на Миша Поповиќ од Слободен софтвер Македонија, на тема „Операција – Интернет затемнување: Зошто го направивме? Што направивме? Што научивме?“, Елена Игнатова од Метаморфозис (околу проектот Вистиномер), како и Борис Триван (Pokojna Mileva): „The Rise of Mileva – How it happened and why it worked“. Во првиот дел од Engage со краток перформанс ќе се претстави и раперот Da Dzaka Nakot.
Во вториот дел на конференцијата, кој почнува во 16.30, ќе се одржи панел – дискусија на тема Сатирата како одговор на секојдневието наречено пропаганда, на кој ќе говорат Сеад Џигал од Центарот за нови медиуми, Богдан Илиевски (Бетмен Велит) и Влатко Васиљ. Во овој блок свои презентации ќе имаат: Роберто Беличанец од Центарот за развој на медиуми, Вук Вујновиќ (Односи со јавност на Владата на Црна Гора), Јана Коруновска Србијанко од Реактор – Истражување во акција, Ирена Цветковиќ од Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Дарко Соковиќ од Фондацијата за нови комуникации Dokukino од Србија. Во овој блок ќе биде емитуван краток филм на иницијативата „На точак“, ќе биде прогласен победникот на конкурсот за сатирични вести Кромидфест, а ќе се обрати Стефан Алексиќ од Радио МОФ.
Паралелно со овие содржини, во фоајето на МКЦ ќе се одржи уште една панел-дискусија, на тема „Можностите и моќта на краудсорсингот во Македонија – искуства, предизвици и резултати“, на која ќе говорат Неда Коруновска Аврамовска од Реактор, Катерина Милеска од Transparency International – Macedonia и Слободан Јаќоски од Викимедија Македонија. Во овој простор ќе се одржат и неколку работилници: Мобилни Апликации со Јосип Јосифовски и Димитар Солев од Patokaz.mk, Граѓански онлајн активизам во проекти за заштита на животната средина, со Кирил Арсовски од Македонско еколошко друштво, Метео кутии: Како до „направи сам“ мерна станица?, со Дамјан Георгиевски од Слободен софтвер Македонија, Celebrate Life – Секојдневие, со Горан Костовски.
Сите содржини од дневната програма на конференцијата Engage ќе бидат пренеувани во живо преку стрим на вебсајтот radiomof.mk/engage#!. Новитет на ова издание на Engage e ноќната програма со наслов „Engage the Night“, која ќе се одржи во клубовите Папаја и Капан Ан. Погледнете ја комплетната агенда за Engage 2013:опјеМладински образовен форум и Радио МОФ  го најавуваат годинешното издание на конференцијата ENGAGE, која ќе се одржи на 23 февруари 2013 година во киното Фросина и фоајето на Младински Културен Центар – МКЦ во Скопје.