Saturday, February 23, 2013

Твитер прашалник @ivavavavava


Твитер прашалник @ivavavavava

1.Име (ник, кој ти го стави)?
Ivavavavava. Коренот ми го ставија родителите, репетитивниот суфикс е лично мој.
2.Опишете се (макс 140 нели)?
Една на мајка.
3.Зошто си на твитер?
За да си најдам најверна другарка. На претходната најверна дечкото и го украдов.
4.Шо преставува вашиот аватар?
Sexual harassment panda.
5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@diridj
6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
И шо сеа?
7.Вашето прво искуство?
Повеќе „први“ искуства беа.
8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Москва еден / Бејрут меден.
9.Брак?
Поддржувам.
10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Куче.

Дополнителни прашања
1.Омилен филм, зошто?
Блејд Ранер. „Зошто?“ е излишно.
2.Работа од соништата?
Сè уште не сум ја сонила.
3.Готвиш?
Да.
4.Напиши еден виц тука?
Не знам да пишувам вицеви, знам да ретвитам.

Прашања од @FlavrSavr
1.        Секој пат кога го изговарам твојот ник се осеќам како ретардиран кокер шпаниел. Објасни.
Не е тоа ретардиран, тоа е свртеннаопачки кокершпаниел.
2.        Дали стварно си плавуша? Природна или со сила се правиш глупа?
Не ми се свиѓа ова прашање, мислам дека ќе те отследам.
3.        Нели ти е срам сите да не мразиш и пцуеш јавно на Твитер?
Не крадам, пцујам.
4.        Философски прашања: светот е направен од вода, воздух, оган или еурокрем?
Све е гола вода.
5.        Освен капслок и природни крем банани, има ли други знаци дека постои Господ и не сака вакви какви што сме, никакви?
Само него можело да му текне да измисли фстаци со неотворени лушпи.


Следен @tovornottov