Friday, February 8, 2013

Твитер прашалник @Boychenn

Твитер прашалник @Boychenn




1.Име (ник ово оно)?
- Masha  (фината во мене. знаеш, шизофренија е за сите), Boychenn е комбинација од презимето и првата буква од името (х2). Полно име и презиме фала не мора :)

2.Висина и тежина?
- висината ми е топ за да не бидам ниска, а 4 цм помалку за детскиот сон да си го остварев на пистите, мда. тежина не кажувам, мајка ми вика дека сум била костур. не знам каде гледа жената.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
- црна (не се фарбам, жими Твитер)

4.Убав? (одговори со да или не)
- најубав син на тато.

5.Зошто си на твитер?
- пробав да бидам „ФБ девојка на неделата„ ама не ми успеа затоа што не го читам Коељо. дојдов на твитер и оп „Мис Твитер„. се е многу полесно на Твитер.

6.Шо преставува вашиот аватар?
- втора придружничка во натпреварот за која слика да оди за #ТвитерКалендар. на оваа имаше малку цице па моравме да ја тргнеме.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
- сум, не е кариран. топ си одговараме, ко лептир машна и келнер.

8.Вашето прво искуство?
- трауматично. и после зошто имам твитер..

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
- на еден во Амстердам... на меден, со него во Амстердам.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
- ако го затворат твитер ќе мора да правам пари на друго место.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
- магдонос. сите ќе ми викаат „Здраво“.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
- не сакам да контактирам со историски личности, така би ми станале обични смртници.

Прашања од @DrKoljo
1.Зашо ајван доктур, а не чоечки?
 - па прво беше вака... од секогаш сакав „нешто“ со медицина, чудна фасцинација со крв, биологии, лаборатории и слично, плус многу јако ми стои бел мантил АМА не сакам луѓе и уште помалку сакам да ги лечам затоа што сметам дека не секој го заслужува тоа. мислам дека ако станев , да речеме, хирург и спасев еве некој педофил и после тоа дознаам што прави во слободно време ќе си ја скинев дипломата и ќе кризирав во купатило ко Џим Кери во Ејс Вентура. Првиот план беше да студирам молекуларна биологија. Моментот кога се решив место м.б. да идам на Ветерина стварно не го памтам, али јебига, мора да бил добар чим бил толку пресуден :)

2.Тело – Ремек  Дело... зашо диета?
- технички не е диета, туку прочистување на организмот. знаеш студентски маки големи, многу алкохоли, лесковачки и десетки со кромид во 2 сабајле па и не се баш фини :) па да го порадуваме малку организмот со цедени сокови и посни јадења. и нормално, за да си имам друштво си ја набуцкав Штангла на ова :)


3.Те посакал ли момакот после пракса? (и зашто НЕ?)
- да, ама никогаш не се осудил да го спроведе на дело тоа поради стравот да не сум сеуште во улогата на „чмаробрцкач“ па да му дадам дата за паметење :) секогаш има следен ден :)

4.@RumShtangla ти јаде некои од пациентите. Лапаш ти некој од нејзините?
- знам дека ги јаде, ако престане ќе ја тепам. и цело време се нудам нешто од патологија да донесам да спржиме, никој не сака. џабе ги фрламе.
а за нејзините пациенти.... видиш не ми текнало да си побарам :)

Дополнителни прашања
1.Модел или манекен шо си ?
- технички ни едно ни друго, ама ако морам да бирам ајде модел. обично сакам да заработувам од нештата кои „сум“ ама некои работи ете ги правам така, за себе, да се случува нешто. и да, морам да признаам, фото-сесии прават зависност J

2.До кога на твитер?
- еднаш, со хаштаг #НаташаРече имаше дека кога ќе пораснам нема да имам твитер. е сега, кој го одредува тоа „пораснам“ не знам.

3.Твитер или дечко?
- сега за сега успешно работам на двете полиња, не гледам причина да го жртвувам едното за другото ;)

следеќи е @ortographia