Friday, February 22, 2013

Твитер прашалник @FlavrSavr

Твитер прашалник @FlavrSavr


1.Име (ник,кој ти го стави)?
FlavrSavr (се чита ФлејврСејвр). Првиот генетски модификуван прехранбен производ, односно патлиџан, лансиран на светскиот пазар. Името си го ставив (#хехе) уште од време предтвитерско, во добата на DeviantArt (http://flavrsavr.deviantart.com/) и кога се калеше македонската Википедија. Имаше некое дубоко значење што го заборавив, а сега главно се тркам на Google со оригиналниот патлиџан (ме има на прва страна!).

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Бивша Јуначка Република Меланхолија. Pls RT.

3.Зошто си на твитер?
За некои работи едноставно не ми е доволно вецето.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Неуспешна фотосесија за RayBan билборди.

5.Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Ха! Тие салфетките на кои @Necovski ви објаснуеше што е Твитер по кафичи? Ја ги донесов во Македонија.

6.Ова ви е прв твит( ај да видиме,шо ќе твитните)?
Ова е мал твит за мене, а голем за тролството? Не бе, веројатно ќе биде риплај на некој твит. Риплај из мај стајл.

7.Вашето прво искуство?
Сум го пукнал водењакот на мајка ми на први април, за време на играње бриџ, никој не и верувал дека мора у болница. Тролам уште нероден. Требало Петко да ме крстат. Ќе умрам на 29 февруари.

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец? Кај ќе уплатите, таму, не се бунам. Само да не е во земјиве што веќе ги имам видено, си зацртав дека во животов ќе посетам толку земји колку што имам години, или малку појќе (среќа моја што се родив во Европа!). Кога сме кај тоа, оваа година мошне можно е да го достигнам овој фетиш травел зен, живи здрави били.

На меден месец, кај ќе ме одјава принцезата на бела кобила, таму.
9.Дали верувате?
Не, работам во маркетинг.

10.Ако реинкарнирате во животно , кој би сакале да е?
Велоцираптор. На велосипед. Еовака

Да видам дали после нема да направат патеки за #NaTochak.
Алтернативно, у голуб – самоубица.

Дополнителни прашања
1.Величина на фармерки?
Фала на прашање. Им пишува 36, сега ги стеснував (да!) на 34. Не знам шо мерка е тоа (инчи, јазли, фурлонзи?), ама битно дека ги стеснив.

2.Омилен филм?(оп ама у 3Д)
Посекако, омилен филм у 3Д ми е MEGA SHARK VS. GIANT OCTOPUS! Сниман е по вистинска приказна 

3.Прва симпатија (а паметиш?)
Се викаше Слаџана, со Џ. Самото име говори за квалитетот.

4.Глупи се прашањава?
Абе не се глупи, ама многу бе! После да кажете дали сум положил и дали добив твитер државјанство, или мора да се оженам со твитерџика.

Прашања од @Dromceto:
1.        Зашо не беше кај @bratot1 на маалски оган?
Јас @bratot1 не го познавам, не го ранам, а и тешко ми е што го немам! Сирењето ми скапува! Кај му е маалото? Јас сум во строг центар на Мичурин, кај контињерите.

2.        Дали си типичен Манчестерец(Мичуринец)?
Ова е една тажна приказна, и ќе ги молам читателите за внимание. Значи не само што не сум типичен Мичуринец, туку сум еден несфатен, неразбран Мичуринец, нешто како мичурински Ченто или мичурински Едгар Алан По! Не знам што точно е проблемот, дали тоа што немам егејско потекло или тоа што никогаш не го изговорив традиционалниот мичурински поздрав Шо ме глеаш бе?” доволно убедително, или Бранко, ама никогаш не бев прифатен од средината. А, мојата љубов кон Мичурин ги надминува сите маалски граници!
На пример, се залагам за автономија на Мичурин во рамките на Скопје, дека иако ни ја тупнаа тука Општината, ние не сме Дромци! Ако веќе некаде се припојуваме, тоа веројатно би било Општина Центар, иако преговорите со @LittleLadyIda маестрално пропаднаа. Ние сме населба со посебен идентитет, и сите тие провокативни изјави од градоначалникот дека Мичурин е најромантичниот дел од аеродромската историја не проаѓаат! Тренерки no pasaran!

И покрај сето мое залагање, никогаш не бев сфатен од мојата непосредна околина. Забранет ми е пристап до маалскиот кош. Не смеам да праам муабет со и за Канѕурот. Не смеам да тепам Аеродромци. Работата оди дотаму што, за време на избори, секаде ставаат партиски знамиња, освен пред мојата куќа. Мора да се буниме, да молиме и колиме таму у месната заедница да ни стават знаме и да не бидеме црни овци у населба, монета за поткусурување и јаболко на раздорот.

3.        Дали си дал 10 долари за знамето, и зашто не?
Одговорено во претходното прашање.

4.        Кој лик од турска серија сакаш да бидеш?
Сакам да бидам Лук Скајвокер во турските Star Wars! (Лук, ти си ми чоџук! ЈОООООООООООООООК!)

5.        И коа веќе збориме за турскиве серии, Султанот или Долина на Волците?(признај си, знам дека ги гледаш) :P
Не гледам турски серии, жими УМС! Инсинуации на нефер играчи се тоа.

6.        Ако формираш партија, како ќе се вика? И како ќе биде ориентирана, лево, десно, у центар или у пичку матер?
НМП. И НМП нема да постои за да п********а, туку за да проектира нови светови. Си знаат веќе тука некои.




Изборот е тежок, ама дамите имаат предност па следна е @ivavavavava