Твитер прашалник @apostolov80
1.Име (ник ово оно)?
Одма со незгодни и нарачани
прашања. Давам бланко поддршка за секое решение коешто нема да задира во
идентитетот на македонскиот народ, јазик и култура. Иако, сметам дека
географска одредница не ни одговара, јас сум повеќе за психијатриска.
2.Висина и тежина?
Угоре високо доле на вагата се потешко.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Иста ко на Грујо - проверливо е.
4.Убав? (одговори со да или не)
Согласно Законот за слободен
пристап до информации од јавен карактер оваа информација јас лично не ја
поседувам. Истава регулатива ме обврзува да Ве препратам кај институцијата која
го поседува вистинскиот одговор а тоа е - мајка ми!
5.Зошто си на твитер?
Како беше она - на Фејсбук си како на свадба,
опкружен со пријатели и со роднини додека на Твитер си како на концерт или на
изложба. Во дружба со луѓе со кои делиш исти интереси а кои и не мора да ги
познаваш. Мада не сум сигурен дека уште е така. И плус, со @darko156 утепавме
еден фин ручек на таа тема во Торос далечната 2008.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Случаен избор.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Од неодамна сум во две нови врски кои ги негувам
паралелно. Со ОНЕ сме на 5.000 пораки месечно, а со интернетот на Т-хоум сме
малку поинтими и одиме заедно во купатило. Додека љубовта со Стопанска банка ни
е сведена на месечна алиментација од неколку илјади денари.
8.Вашето прво искуство?
Прилично неискусно.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А
каде на меден?
Би ги споил и би добил два
месеца за уживање.
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе отворам Твитер 2, Твитер 3... за инает на Советот
за радиодифузија.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале
да е?
Пиперка. Ќе имам повеќе Витамин Ц од лимонот и од
портокалот ама и покрај тоа никој нема да сака да ме изеде.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што
би порачале?
Тужи ја министерката Бети Канческа те унакажала со
фигурата во Восочниот музеј.
Прашања од @sead93 или @sead75 сеедно
1.Дали имаш Мајспејс страница и зошто не?
Не знам дали ти текнува каква турбофолкерска, очобол
и Пинк ТВ социјална мрежа беше Мајес пред да се појави Фејсбук. Плус, јас како
дел од покондирената блогерска елита (нешто слично ко твитер-влијателен) викав
дека социјалните мрежи се блогови за луѓе коишто немаат што да кажат. И после
се испостави дека преку ФБ лесно се бркаат женски и ми успеа, се оженив.
2.Кој е твојот коментар на новото три
напаѓачи на Милан?
Имаше еден одличен наслов во весник, кој ништо чудно
да е дрпнат од Твитер. Ша-ба-ни, првите две букви од Шаравеј, Балотели и Нијанг
:-)
3.Дали е вистина дека Насер ти се заканувал
со фотошоп насловна во Вест?
Види, од Насер не се плашам и што сака нека прави. Ми
фуфка од Тито и од Голи оток.
4.Дали веќе еднаш ќе му се смилуваш на Џоле и
зошто не?
Таму кадешто приородата не се откажува, зошто јас да
дигам раце?
5.Дали ќе го подучуваш џуниорот како да
твита?
Море какво време иде мислам да го учам да пита. Се
шалам - немој да сте ми пратиле социјален работник. Иначе му купив
лаптоп-играчка и прво нешто што направи го тресна од земја. Тоа покажува оти
дуваат нови ветришта и децава може ќе се спасат од фејвови, ритвитови и од
влијателни.
Дополнителни прашања
1.Ќе се опраиме ли каа држава?
Јок.
2.Дај едно музиче тука да ембедираме!!!
Џез плочата Cool Struttin' на Sonny Clark е како
измислена за февруарскиве вруќини -
Следен одговара на прашалникот @JakovFendu