Thursday, February 14, 2013

Твитер прашалник @fail_mk


Твитер прашалник @fail_mk


1.Име (ник ово оно)?
Психотичен Ум, некако ептен ми легна, како лесна цура со daddy issues после многу алкохол, свежо раскината од долга врска, ранлива и спремна за освета. Со оглед на тоа дека сум мултифункционален онлајн и офлајн бот, сеприсутен и хиперактивен, ников убаво алудира на мојата поделена личност.

2.Висина и тежина?
Висам во град многу често, тежина имам во турско, пари спорадично само на коцка – штета што не се коцкам.

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Смеѓ со примеси на бели влакна (чкартниот аутопатец на 2 јазла од средината на челото е гратис).

4.Убав? (одговори со да или не)
Најубав (на мајка, само на мајка).

5.Зошто си на твитер?
Пошто е природно опкружување за дипломиран тролач и мастер сеирџија со професионална деформација за откривање на врвовите на човековата глупост (фејловите ни наши).

6.Шо преставува вашиот аватар?
Илустрација за тоа што ми се дешава во глава (приватна журка, без позивници не се влага, пингајте ме за да излезам на врата да ве внесам).

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Без врска сум, фриленсер кој работи на проекти, додека не најдам сериозна работа.

8.Вашето прво искуство?
Тежок фејл, оттаму и инспирацијата за сајтот.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Месец дена пакет аранжман во Северна Африка бидејќи бркање газели е права ствар. На меден месец во одморалиште Мите Богоевски во Претор, за да се потсетам на настава во природа и да ме будат со „Ја још спавам, по навициииии, у твојој маицииииии“.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе дојдам на власт и јас ќе ги затворам нив, и ќе отворам сендвичара „Код твитера“.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук, кој би сакале да е?
Краставица, бидејќи е ин во порно (get it, IN).

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би му рекол на Абрахам Линкон да не оди на театар таа вечер и да ми каже уште неколку кул срања за да ги цитирам на интернет!

Прашања од @Goran_Man
1.Дали имаш притисоци од поединци кога ќе ги ставиш на сајт.
Многу пробале, им било вкусно, па пак се вратиле за репете и биле со задоволство опслужени.

2.Дали очекуваш контра-фејл сајт!?
Тешко, не може да се соберат доволно новинари што сакаат активно да користат мозокот и напорно да работат. Од контра, само контрабас очекувам, или (виолон)чело, ама Фаци да го свири.

3.Се збори дека имаш навика да частиш девојки, а притоа да не ги носиш дома. Што е проблемот!? Скап е бензинот или не ти пали колата!?
Не ми пали таксито, скапа им била тарифата. Инаку ја батка сум ти класичен фраер, ја частам, ја тинтрам и не ја пипам после тоа бе! Нека пати малку!

Дополнителни прашања
     1.Психотичен си или феил?
            Најпсихотичен на свет, фејл сум само во слободно време. Од две потенцијални цури секогаш ја бирам улицата (ама не гангстерскиот термин за улица, туку опцијата начукан да попијам улица у фаца).

     2.Македонски феил на годината?
            Тоа би било еден спот комбинација од сладострастието на Били Ѕвер преточено во текст, пеено од Фаци feat. Rihanna, а одглумено на видео од Гулабица и Ани Малинкова.

     3.Кој број чевли носиш?
            Не носам чевли – само еден е бос!

Следен го предложувам @h3xman бидејќи секој радник на платформа заслужува