Твитер прашалник @RoleOvojDole
1.Име
(ник ово оно)?
Мики, Роки, Роле, Коњу (ова од мама :*), @RoleOvojDole… Зашо @RoleOvojDole ме
прашуваат по твитапи #хехе?! - Исто ти е ко “Како
да станам Мачо тип”?! Многу на-турално, како
прво мора да знаеш, уствари шо е мачо-тип?! Да појаснам, он (мушот) треба да
биде изразито висок, или изразито низок, со мускули стрикно онадени од копање
на обработлива површина, двор, нива, бавча и сл, било добро за грбот, а за
истегнување, моеш да береш јајца од гусак на крушово дрво со скала. Битно за да
бидеш мачо треба и мирисаш на мачо, т.е. од сета таа продуктивност да дое
мушката миризба на виделина, така што да може секоја цура да го осети тоа на
своја кожа. Денес не е така, тоа ти е тоа, БРАТ ЗА БРАТ – СЕСТРА ТИ Е ГАД, мора
малце пот за да ја постигнеш мачо целта. НЕ Е ЛЕСНО!!!
2.Висина
и тежина?
Со кондури или со патики?! (Шала на страна) 178
цантиметри висина и 0,089 тона тежина не најаден и жеден. Таков метаболизам
имам што се заситувам од воздух со премногу кислород и у план ми е да пораснам
малце, 0,5 mm секој месец до мојата 3та
декада. Неам уше многу.
3.Боја
на коса (остај празно ако си ќелаф)
Гарниер плав! Скраја да е, не сум диско лимун, али
плав сум, природно плав, сегде! Мда!
4.Убав?
(одговори со да или не)
Не убав, најубав... Небитно, иам ќеш!
5.Зошто
си на твитер?
Да се смеам, да се дружам и по можност да се
урбанизирам, со дозвола.
6.Шо
преставува вашиот аватар?
Извини девојче од што материјал е маичкава?! – Не за
цицки гаду еден! Морам да додадам дека кад тад ќе видиш од што материјал е, али
не одма. Само упорност.
7.Дали
сте во врска (и дали е карирана)?
Да, во врска сум со, девојчето е од Прибилци и цело
време сме во тоа врска, шо го викаат, дали на вајрлес или на триџи, на Скајп
или Фејзбук чет. Карирана ми е фацата коа доаѓа сметката за телефон. Налет,
љубов.
8.Вашето
прво искуство?
Сите ги памтам по име, заглаен сум меѓу 60 и 100.
9.Каде
би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Улан Батор. Бора Бора. Толку.
10.Ако
го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе пушам поише, и ќе јадам поише моркови, пошо викаат
сексуалноста се будела. Така викаат, шо знам ја. ВКС – Високо Квалитетен Секс.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале
да е?
Бамњи пошо штавељ не јадам.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што
би порачале?
Марија и Пјер Кири, поише секс бе људи, помалце
наука. Т1:
Јачината на испуштениот гас (гласноста, чујноста изразена во dB децибели) зависи обратно пропорционално од
миризбата на истиот и обратно. I=1/m.
Значи знаеме, у реду е, сите прдиме.
Прашања од @MaricePink :
1.
Зашто овој доле а не горе?
Искрено, тој горе нема мозок, и викам ај од овој доле
ќе праам малце будала.
2.
Какво кафе нарачуваш?
Зависи, продужено еспресо у голема шоља малце поише
од пола шољата да биде укосо и да капе капка по капка или ладно мутен нес без
преливи, без кечап и мајонез. Ако сум пиен едно од овие второто кафе ми е
макијато, не можам дома да го погодам ко у кафана.
3.
Вистина ли е дека во кафана си се пуштал на
10 женски одеднаш што седеле карши тебе?
Да вистина е, али набив километража, замисли шо идење
у веце удрив, да ги фатам на тивко една по една или две по две, како им
текнеше. На крај си се договорија, другарски, дека коа е лејдис најт у прашање
сите морале дома сами да си идат, што јас многу добро го прифатив... Како и да е број 11, 7 на спид дајл ми е
бившата. Она опраа такви немогучи подухфати. Убаа кафана беше таа.
4.
Јас кума ти старосват, ќе се сакаат ли
децата?
Ако ги напраат, ја ќе ги сакам ко мои, жими мене. Шо
се тиче брачниве сопатници, ко шо тргнала работава, имаат на избор 2 пата они
лутаат по средниот... Коа ќе се наредат картите и коа ќе се хантираат, ќе ми
биде драга титулата или како и да се вика тоа. Башка онаа старата шо вика: Со мечка моеш да се бориш, со карта немоеш...!
Питање е на време, а ќе се деси, слушај ми збор, мојов е 3 раце по ред карта
хант, твојава цело време мунти, котли и тараби. Има тензија, цело делење
5.
Ќе ни ја откриеш ли тајната на Баланс+ ?
Не. Само ќе кажам дека не се пие од чаша или шоља, не
се пие топло, не се губи рокот коа ќе се отвори, + не значи гратис дека го
даваат... Мене ми праи оргазми у стомак исто ко секс со кондом.
6.
Како си помина викендов во Ванила?
Викенди не идам у Ванила, тогаш фраерките искачаат,
од Говрлево и Ракотинци, ја у среда си грмам у Ванила, со моите од Прибилци.
Убаво. Ништо не се сеќавам. Темница у тоа диското прст пред око не се глеа. Па
тоа трепкачи мислиш на овие Сензејшн журкиве си.
Дополнителни прашања
1.
Како е сега со 1000+ фоловери?
Исто. 2000 е добро. Таму се глеам. Значи добри
твитови сум пуштил во оптег. Бар за мене. Факт, неможе сите да бидеме смешни и
инвентивни и шо ти ја знам. Тешки времиња се, се осеќа и на ТЛ. За мене сите се
#влијателни, лапај си, но не сите имаат добри,
интересни и смешни твитови. Понекоаш читам и се чудам, од кај таа, нискост,
имаш таму дугмиња за регулација.
2.
Легендата вели дека имаш многу секси соба што
ги тера жените уште од врата да се соблечат. Дали е вистина?
Па ја обично не ги терам да се соблакаат дека неам
тепих, да не им студи.
Следејчи го барам д-р. Спец. Сашо
Андонов @Dr_Koljo