Monday, February 11, 2013

Твитер прашалник @lilovacha

Твитер прашалник @lilovacha



1.Име (ник ово оно)?
Име ко име, глупо

2.Висина и тежина?
80 C со сезонски варијации на тема

3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Ќе цитирам: “Се фарбаш, или природна ти е?“ Природна ми е.

4.Убав? (одговори со да или не)
Слика. Мона Лиза за мене е 4кртка. Кога бев во Лувр сите ме сликаа мене а она гледаше и се смешкаше со тоа осмехот педерски. Океј, без претеризам – да, убава.

5.Зошто си на твитер?
За да постанам харизматичнот лидер на виртуелната коалиција Влијателни Вистинска

6.Шо преставува вашиот аватар?
Мојот аватар претставува моќно оружје на attention whore практиката – кој не ме знае да ме дознае, кој ме сака полесно да ме примети, кој не ме сака да му истера очи.

7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во безврска сум и не е карирана него е лихт розе у штрафти

8.Вашето прво искуство?
Чеј да се омужам па ќе праиме муабет

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден ама меден во Шула Мина. Зашто баш таму? Зашто ако не се поубиеме со младоженецот, ќе знам дека токму он е правиот.

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ќе отвориме биртија и ќе твиткаме по ѕидови и салфетки

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Бостан

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Со Адам и Ева, да им порачам “сејте не прајте глупости, на ви по еден Твитер“

Прашања од @ChaseWork
1.На што си Лило ти?
На хорс. Бел. Со еден розев рог и неонски копита. Без принц.

2.Вистина ли е дека си лепша од Бијонсе?
Да ме прашаше пред некој месец дена без двоумење ќе кажев да. Меѓутим, апропо скорешните настани морав да се запрашам: кога ја држам концерти у туш, купува ли некој карта? Не, не купува, камо ли па да ја слика и објави на Инстаграм. Така да, највероватно не сум.

3.Со која песна од кафана го поздравуеш симпатијата по телефон?
Со добро познатата колаборација помеѓу Тома Здравкович и Силвана Арменулич такозвана “Ночас ми срце пати“

4.Што наручуеш у слаткарница?
Кремпита и боровница

5.Со кој лик на Тарантино сакаш дејт?
Со Леонардо ди Каприо у последниов филм. Да му пашнам од лулето еднаш. Двапати. Поише пати ;)

6.Инаку, добра?
Добра .

Дополнително прашање
1.Како се чувствувате во ОхриТ?
Како Езерска убавица.

Следен: @Pontifex. Се заебавам, @GeorgiMunko