Твитер прашалник @iskra_iskrich
1.Име (ник ово оно)?
Искра Искрич. Нема ово оно. Дупла искреност. Сама се наместив.
2.Висина и тежина?
Висина 173 фиксна.
Тежина 55-60 варијабилна. Над 60 , класифицирам веднаш во
нефункционална категорија и преминувам на брутален workout
за да се вратам во граници на дозволеното.
3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Смело чекорам накај плава.
4.Убав? (одговори со да или не)
Да.
5.Зошто си на твитер?
Затоа што сакам кратка форма на изразување.
6.Шо преставува вашиот аватар?
Моите нозе. Мојата алатка за трчање.
7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Во врска сум од време на време. Карирана била само еднаш,
пред едно 12-тина години кога модерно беше да се биде во врска со панкер.
8.Вашето прво искуство?
Многу убаво. Во позадина одеше концерт на Депеш Мод,
затоа и ден денес одам на нивните концерти.
9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец би сакала да бидам во Сан Франциско и Лас
Вегас а на меден месец некаде каде што ќе можеме со љубовта да ги остваруваме
трите с: скијање, сауна и сакање(читај секс).
10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Живот иде даље.
11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Брокула, бидејки живеам здраво.
12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Би и порачала десетка со кромид. Ако ми ја донесе,
навистина заслужил-а да е историска личност.
Прашања од @h3xman
1.Легендата вели дека си била многу добра домаќинка и си
правела супер домашни забави. Дали има вистина во ова?
На времето правев да. Ама тогаш имав стара кујна и стар
паркет.
Сега сум со лакиран паркет и со цептер тенџериња и забавите
се само со позивници.
2.Во автобус влагаш од предна ли од задна врата?
Ретко влагам во автобус ама кога влагам обавезно е по
пропис и со платена карта. Вратата не ми е битна иако препрочитам предна.
3.Бизнис или секс партнер?
Бизнис.
Дополнителни прашања
1.Вашата улога во Блогираме?
Во сенка.
2.Како ги доживуваш колегите од Блогираме?
Срцки се. Плус, под исто небо сме растени.
3.Колку маратона имаш истрчано и зошто?
Маратон се уште ниеден. Трки имам истрчано многу. Зошто?
Ќе го цитирам Peter
Maher, маратонец од Канада:
„Running is a big question mark that’s there
each and every day. It asks you, ‘Are you going to be a wimp or are you going
to be strong today‘.
4.Бегаш или бркаш каа трчиш?
Уживам.
5.Mizuno или Asics ?
Asics.
Иако сега сум на New Balance.
Нареден го предлагам @MakNBa, да се продолжи во духот на спортот, но друга категорија.
Башка поздрав