Ти му викаш— crvenokosata (@2eyeshadow) June 11, 2018
измасирај ми го вратот...тој за цицка те фаќа...
боуже маживе...
Hе поклонувај време на секоја будала. Будали ќе има, време ќе нема.— Реален (@neutralen_) June 11, 2018
Одиш во Дубаи, менуваш постелнина по хотели, а на Фејсбук и Инстаграм се понашаш како да управуваш со девизните резерви на Емиратите.— Jovan Gjorgiev (@JovanGjorgiev) June 11, 2018
Ги тешиш кога им е тешко. Ги тешиш и кога тебе ти е тешко. Затоа што, нели, ти си силна личност и никој не очекува ништо помалку од тебе. Нели.— Evian (@Aveevian) June 11, 2018
Дајте му на Нимиц сега да ги спојува Чешиново и Облешево— TheReal (@Stefan_Tod) June 12, 2018
Ете, тоа е договор. Малку попуштивме ние, сменивме што им пречеше, малку они не сменија ништо. Договор бе дечки. Од двете страни.— Пердуф (@pikabu00) June 12, 2018
Дај му на маж доволно слобода и ќе ти ја донесе слободата дома.— Chlamydia (@Schiffer_PG14) June 12, 2018
Гркинкава вика кај нив во медиуми кажувале дека ние македонците сме победиле во преговорите и дека они свиткале кичма.— BanAna 🍌 (@Banankata) June 12, 2018
Јас ја тешам, и кај нас исто.
Ќе се изгориш на едно "Збогум"— Мимикрија (@MajaSpasovska1) June 11, 2018
Па ќе дуваш, на секое "Здраво"...
воопшто не ме плаши името, идентитетот, јазикот. ме плашат климатски промени, затоплување на планетата, индустрии премоќни за било која земја да ги сопре. ме плаши зголемената класна разлика, највеќе ме плаши климатската миграција која следи и борбата за ресурси.— Марко (@ortographia) June 12, 2018
А коа ќе ми текне колку ја тролавте кардашијан дека детето го крсти North— ema (@glinenaa) June 12, 2018
Република Северна Македонија е сосем ок. И мили мои не се грижите еве ние Власите немаме држава ама идентитетот никој не може да ни го земе. Вие сте си Македонци за навек. Да сме сите живи и здрави и да живееме во просперитетна држава. ❤.— 31 (@partizangunner) June 12, 2018
„Вмровциве нервозни, чиниш уставот на Бугарија ќе се менува.“— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) June 12, 2018
- Како се викаш?— Чорбаџи Ја (@CorbadziJa) June 12, 2018
- Донка.
- Скратено од?
- Северномакедонка
😂
"Прифаќање на македонски јазик и македонска националност се неприфатлива национална отстапка“ рече Кирјакос Мицотакис, на македонски неговото име би било Кристијан Мицковски, ако не се лажам— Илко Илија (@IlkoIlija) June 12, 2018
На ќерка ми и поправиле 2 оценки на совет.— Jas (@BrlaBrla) June 13, 2018
ЗОШТО ДА МИ ПОПРАВАТ КОГА ЗАСЛУЖИВ 4КИ??? се лути!
Вакви деца ни требаат!
некако многу озбилно го сфаќате човекот што тврдеше дека Пакистан го добил името за време на Александар Македонски, кој им викал на војниците што паѓале: „пак стани"— Dimano (@dimanovski) June 13, 2018
Во Хрватска ако сладоледџијата не е од Тетово, тогаш е од Гостивар... следната опција е - ти не си во Хрватска или тоа што го лижеш не е сладолед!!!— ббо (@BBozh) June 13, 2018
Ова е лудакот што ја раскурцал државата од лудата желба да го освои целиот свет. Тука на коњ 2300 години подоцна го постави друг лудак кој се инаетеше со цел свет и што најважните одлуки за државата ги носеше во консултации со гатачка. Такво објаснување треба да се стави на Аце.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) June 13, 2018
Фиромците ќе искористат продолжен викенд заради "душмански" муслимански празник да тркнат до "душманска" Грција на "душманско" узо со фиромска плата.— Ана Ресана (@AnaFiljana) June 13, 2018
Ама името!!!!
Се јавува човек на канал 5:— Man (@Goran_Man) June 13, 2018
Ја сум Албанец. Ја не знам што толку се мразат Македонците меѓу себе арам да им е.
И прав си е човекот.
Киро Глигоров требаше да го реши ова уште пред 27 години. Кога немаше интернет— Ulla Müller (@iSmiljanska) June 13, 2018
Северномакедонец не се раѓа, северномакедонец се станува. Добро утро— ema (@glinenaa) June 13, 2018
Сега "Т`га за југ" може да ни го забранат заради иредентизам и територијални претензии.— Миле Паника (@Mile_Panika) June 12, 2018
На вакво време само секс ме оправа...— crvenokosata (@2eyeshadow) June 14, 2018
Да се потсетиме, не е луксуз да одиш на одмор и на зимување, ниту полн фрижидер ниту солидна кола, ниту јадење у ресторан. Се помалку од тоа е мизерување.— Веган (@schwein4e) June 14, 2018
Мајка:1995г.....Сине на улица од непознати не зимај ништо.— dejan mijajlovic (@dekomisla) June 14, 2018
Син:2018г.....Мамо коа некој непознат ти праќа линк не отварај.
Добро уште никој не направи онаков постер Џими Хендрикс 27, Џенис Џоплин 27, Џим Морисон 27, Курт Кобеин 27, Македонија 27 и да лапа лајкови...— ЈБургунди (@JBurgundi) June 14, 2018
Во црешите има црвче само ако провериш, иначе нема.— Брадестиот Македонец (@_Bradestiot) June 14, 2018
Ако мачка има седум животи , просечна Жена има седум срца !— Професор Цветковиќ (@tome_corner) June 14, 2018
Не се прајте фрајери дека сте и го украле срцето , пошто ке ви ебе матер на крај ...
Циган од македонија?— ema (@glinenaa) June 14, 2018
Северџан ахахаха
Во договорот нема ништо за менување на менталитетот.— Миле Паника (@Mile_Panika) June 14, 2018
многу обожавателки постојано ме прашуваат во ДМ, господине чичко артист, зошто ти во еден твит си за, а во друг за промена на името? Мојот одговор е дека бев против, но кога видов дека и Претседателот Ѓорѓе Иванов е на моја страна, се премислив.— Артистот (@Shkottt) June 15, 2018
За некои работи не ти треба среќа, требав ти муда— Кукуњавска (@Emmyllija) June 15, 2018
Ако нејќеш во Европа тогаш оди у Краш.— •ФѝќО• (@fraerot) June 15, 2018
Не знам како ви текна дека патриотизам е неодење во Грчка.— Александра (@filipova_a) June 15, 2018
Патриотизам е да ја сакаш, помагаш, негуваш и наградуваш државата (плаќаш данок, не фрлаш губриња насекаде, не крадеш, уништуваш итн), а не да мразиш сѐ наоколу.
Само една има вистина, има една Калифорнија.....— i999y (@i999y) June 15, 2018
Бев денеска во Кам, заеби лебот, ова старциве и замрзнатиот ослич го стискаа дали е тазе.— Реален (@neutralen_) June 16, 2018
Нее страшно ако имаш лош ден, страшно е ако имаш лош живот...— Caribbean Islands 1201 (@BozinovskiZlat1) June 16, 2018
Исти курац сме со Грците на плажа, исто се дереме ко ненормални...— Домаќин Чоек СеверинсЌи (@WedFcv100) June 16, 2018
- Василиии, ељаа, вјиса апо то нерооо!
- Џочееее, излеви ут вoтта, пусијнеен си уф муцката, ќи та утeпум!!!
...
Чекајте малце другари. Министерката за надворешни на Бугарија се презива Захариева? Па нели е тоа Шекеринска на македонски?— Man (@Goran_Man) June 16, 2018
Ха!
Станав у 5 џоа ја ќе потпишувам у Преспа... 😒— i999y (@i999y) June 17, 2018
#Ж џабе градеше галии овие со глисерчиња ја свршија работата.— Ракија (@EdnaRakija) June 17, 2018
Паметно ова по езеро. Само на патарини колку заштедивме...— Ибе Паликуќа (@Ibe_Palikukja) June 17, 2018
другари, полицијата никогаш не е тука за да го штити народот - полицијата го штити системот— Poison Ivy (@Hedera_Genus) June 17, 2018
сегде, на секој начин и засекогаш, било и ќе биде
друго - насилен влез во собрание е противуставен
и трето - не фрлајте со бакљи и камења по полицијата, тоа се вика напад на службено лице