Ја спремам мајка ми за на одмор. Иде на одмор за прв пат после 20 години. Душава ми е исполнета повеќе од тоа што сум дипломирал— Глупчо (@glupcho) August 26, 2019
Му покажаме на светот дека сме стабилна земја.— Rumpelstiltskin (@Milaceski) August 26, 2019
30 години немаме мрднато од место.
“Хисни Џемаили нов министер без ресор”— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) August 26, 2019
Какви им се кадровските политики, да беше Хитлер жив ќе го ставеа национален координатор за гасификација.
Дејт на слепо— Kalimero (@kalimero2510) August 26, 2019
ОНА: Како да те препознам?
ОН: К'д ќе видиш дека некој ти се приближуе и к'д ќе помислиш “ДАЈ БОЖЕ ДА НЕ Е ОВ'Ј“, т'ј сам.
😂
Се омажија ли тиа скопјанките шо се жалеа дека провинцијалките му ги зимале мажите од Скопје?— Бјанка Мизел (@Crnokosa123) August 26, 2019
5 евра за автопат од 70 километри во Грција за да стигнете до Неи Пори ви се таман, ама 4.5 евра за 170 километри автопат во мк ви се многу.— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) August 26, 2019
Не бе другари. Само нуклеарна за нас. Не у Белене. У Велешане. На средина. Ко ќе рокне никој да не куртули.
Човек.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) August 26, 2019
Најголемото зло против човештвото.
Прво и једино Твитер правило:— Професор Цветковиќ (@tome_corner) August 27, 2019
-НЕМА ПРАВИЛА!
Секој може да пишува се! Секој може да се фали, жали, кука, пее, да мрзи, да сака... можете да блокирате, да ве мјутнујат, шутнујат и ако евентуално нешто не ви е јасно, прочитајте го пак првото Твитер Правило 😎
Малку ми е жал за новиве деца. Најмногу што ние можевме да загубиме по пат беше 50 денари или во најлош случај, чадор.— Пердуф (@pikabu00) August 27, 2019
Kuznaj kolku e stresno da si bebe. Zaspivas doma, se razbudvas vo KAM hh— bisou bisou (@im_reincarnated) August 27, 2019
Зошто back-to-school попустот не се вика ајде-во-школо!? Абе златен јазик имаме, евтино си го продаваме.— Man (@Goran_Man) August 27, 2019
Се разочарува човек.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) August 27, 2019
Не од луѓе...
Туку од својата потреба да верува.
А луѓето, само потврдуваат.
Дали сте за да се поделиме на скопјани vs провинцијалци, и да се пресметаме во 19:00h, Градски Парк, фонтана?— Леголас (@Vajldy) August 27, 2019
Ги сакам оние саркастични ликови кои стојат цврсто и комотно можеш да се зафркаваш на нивна и своја сметка, за разлика од овие полни со финоќа кои само се смеат на туѓ рачун а на свој не... Епа таквите можете да одјебете комотно...— Бјанка Мизел (@Crnokosa123) August 28, 2019
Кога имав 17, прво немав твитер за да вреѓам тетки или баби од 30, дебели жени и мажи со мали куриња...— Креативниот (@kreativniot) August 27, 2019
Кога имав 17 бев кул со сите и никого не мразев, напротив бев наивен и со секого дружев...ама ова сеа...све у бестрага отишло.
До родителот е, не е до нив!!
Децата се раѓаат со крила, не им ги кратете.— Букет (@Bouqet100) August 28, 2019
Научете ги да ги користат.
а дека луѓе купуваа рингтонови— Муарко (@Muarko) August 28, 2019
срам да ви е на сите што мислите дека 21 000 е достоинствена плата за просветен работник!!!— Јана (@janagochevska) August 29, 2019
- Што е тоа 10 тест?— Aleksandar (@saltwatered) August 29, 2019
- Да не мислиш IQ тест?
- Може да беше и така. Да го правам ли?
- Ич не мораш! 😂😂😂
Обично луѓето со краток фитил се брутално искрени.— Капетански Дневник☠ (@BlackTaurus7) August 29, 2019
Ќе дојде ли времето кога мозокот ќе биде во мода и зошто не?— ᗰᗩᗰᗩ 🌻 (@mladamama03) August 29, 2019
Влегувам дома,свири Sultans of Swing-Dire Straits,а татко ми и ќерка ми ја изведуваат на замислени удирачки инструменти.Во моментот се навраќам, имам 5 години и татко ми ми вели-ти купив нова касета,ова се Dire Straits и ми ја пушта Walk of Life.А ова е circle of life,фала тато❤️— Елена (@stoknigapisuva) August 29, 2019
Имате ли и Вие луѓе што им ѕвоните на телефон ама у себе си викате НЕ КРЕВАЈ, НЕ КРЕВАЈ, НЕ КРЕВАЈ.....?— Стан4е со четворче (@Stan4e1) August 29, 2019
Не боли падот.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) August 29, 2019
На сите ни се случува.
Боли разочарувањето, од оние кои ги нема...
А си мислел...ќе ти ја подадат раката.
Купува дечко на каса во маркет, редица чекаат позади него, касиерката нешто се мачи, бара и почнува на цел глас „ЖАНЕЕЕ КОЈА ШИФРА СЕ ОВИЕ КОНДОМИТЕ ДУРЕКС СО ПЛАВО ШО СЕ“???— Нароз Волокин (@zorbital) August 30, 2019
Дечкото:
- 😳😨
Се ограничува доделувањето на нега на слепи и глуви лица над 65 години. А после 65 ќе почнаат да гледаат или слушаат или како??— crvenokosata (@2eyeshadow) August 30, 2019
Ми доаѓа матурантка да промениме некоја изјава за факултет.— Angélique™ (@LaDameDuMonde) August 30, 2019
-А не може тастатурава да ја смените на латински?
-Мислиш латиница?
-Да де, со другите букви.
......
Маж во брак е ултра комплексна функција, во исто време си сопруг, татко, љубовник, спонзор, мајстор, терапевт, рамо за плачење, дежурен кривец, шофер, советник, консултант, домаќин, готвач, доктор, експерт за техника, носач, говедо и ако имаш среќа и мачор.— Дарла (@exmitevskad) August 31, 2019
Не боли да некому честитате роденден.— Sasho Andonov (@Dr_Koljo) August 31, 2019
Не боли да некому честитате успех.
Не боли да на девојка и кажете дека е убава ако навистина ви е.
Не боли да на човек му подадеш рака кога навистина има потреба од тоа.
Не боли да си добар човек.
Пробајте.
Ќе ја извадиш маската на мобилниот и одма ти е поубав, а замисли со луѓето. 🙂— Владимир (@5et7edmici) August 31, 2019
Викајте ги женските “пичиња”. Многу пали тоа, 100% ќе бркнете нешто.— RēnåTa (@Baad_Influence) August 31, 2019
Си даваат отказ и патуваат низ светот...— EmptyPersona (@darkhour_seeker) August 31, 2019
Јас ако си дадам отказ, ќе стигнам само до Неготино...
Жена што вика дека не е љубоморна на дечкото, 80% се ебе со друг.— Сарето (@mrcatorka) August 31, 2019
што е толку savage во врска со твоето макијато во ред кафе во аеродром стефани— Муарко (@Muarko) August 31, 2019
Знам дека ти недостига старото Скопје, Маја, ама мораш да сфатиш дека Скопје е такво какво што е уште ти кога се усели тука, пред 2 години.— Гасмаска (@Gas_maska) September 1, 2019
јас би зголемил плата на професорите и наставниците за 20% и во истиот момент би отпуштил едно 20% од нив пошо знам куп "дами и господа" шо не треба да имаат пристап до школо а не да предаваат.— Rubin Jovanoski (@TheRealRubinBt) September 1, 2019
Седам со еден школски, има ланец ресторани во Швајцарија, жена му е директорка на некоја банка таму, а нивното 9 месечно бебе плаче. Си мислам, за што бе ти плачеш? 😂😂😂— Aleksandar (@saltwatered) September 1, 2019
Созреан маж е тој што поминал низ длабоко страдање. Емоционално и духовно. Оној кој бил принуден да работи на себе. Преземал одговорност.— kolektivna orientacija duše 999 (@KOD999_) September 1, 2019
“Да се справиш со сопствената душа е најтешкиот дел од животот.”
Затоа повеќето се деца, облечени во тела на мажи.
Ја среќавам кумата у маркет со балони, поклони, купува чоколада. *Каде вака?— crvenokosata (@2eyeshadow) September 1, 2019
- На забава за прваче у Скопје, со ручеци, со мезиња, со све...
Мислам, дали сте нормални бре?!
И купив на мојана 10 исти гаќи.— Alex (@aleks507009) September 1, 2019
-Луѓето ќе мислат немам други.
- Кои луѓе ма?
Уште Валијант фали да испромовира Back 2 School акција.— Стормрејџ (@Strastniot) September 1, 2019
И докторите заслужуваат повисока плата и професорите и касиерките и секој вреден човек во оваа држава, ама не се стига од патните трошоци на мрзливите.— Man (@Goran_Man) September 1, 2019
Ако му се на Заев многу 30 000 денари на наставничките, нека се сети дека фризерката во Елем зема 35, а Алекс Ружин 50.— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) September 1, 2019
- Да ви ја завиткам тоалената?— Chlamydia (@Schiffer_PG14) September 1, 2019
- Молам? Четирослојна парфимирана, најскупата, цело маало има да ме гледа! На рамо како лубеница има да ја носам!