Јас пак ќе кажам, во пензија треба да се оди на 50 години.— Патлак илити пиштол (@posleDIKnaPIK) September 16, 2019
А административците од ДУИ што не идат на работа, двојазично не идат или само на албански?— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) September 16, 2019
Сега директорот на УЈП да прошета по Тето'о и околина и да бара фискални сметки... Europe???— Petar Atanasov (@ATANASOP) September 16, 2019
DUI is back to the ethnic politics as usual...
Нели ви е срам на слики да сте прејаки а у живо ни блиску до тоа?— Ц (@ceciliaa537) September 16, 2019
Замислете и долговите по банките да застаруваат како што застаруваат кривичните дела на политичарите што крадат.— Aleksandar (@saltwatered) September 16, 2019
А да му се јави Бујар на градоначалникот на Зајас Бесим Велиу и да го праша зошто не го почитува законот за знамиња, и кога ќе го тргне огромното што се вее од туѓа држава?— Маче| 🇲🇰 (@Vlatko100janosk) September 16, 2019
Така е друже, кликни уште 4-5 пати на дугмето од лифтот и ќе те стаи на приоритетна листа за носење нагоре поради твојата уникатност како нетрпеливо битие.— Tom is Love (@egodollaric) September 16, 2019
Вицепремиерот отишол во инспекција по Болнициве кои btw лечат пациенти во мизерни услови, со сепсосани операциони сали и полски клозети... отворени рани врз кои лазат муви И ГИ ПРОВЕРУВАЛ ДВОЈАЗИЧНИТЕ ТАБЛИ? Јао луѓе па ние не заслужуеме да сме на земјунава кугла, а камо ли во ЕУ— Бапчо (@TheFitzzz) September 16, 2019
Седиме 60тина напнати фаци во чекална и влегува жена со дете и детето почнува да се смее и сите се смеат и никој веќе не е напнат и тоа е од прилика сѐ што треба да знаете за смеењето.— Ленка (@e_soleva) September 16, 2019
У Веро чекав ред за месо и човекот пред мене прашува: Госпоѓо имате мозок? Одма ми текна на вицон у месара:— Marija Danilovska (@MarijaDanilovs1) September 16, 2019
-Ноџиња имате?
-Не, бе, на куров си стојам
Епа другари, по долго топло работно лето и еден куп жалби од газдата дека не може да си дозволи да затвори за продужен викед или не дај боже колективен одмор, неодамна купивме екстра скуп џип за жена му. Со здравје да се служи госпожата 🎉🎉🎉— Чили пепер (@EdinicaMerna) September 16, 2019
“Дел од делата на Груевски застаруваат”— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) September 16, 2019
Битно сметка за водовод не застарува до седмо колено со камата.
Многу е битно од сепса да се умре во двојазична болница.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) September 16, 2019
Абе умре она "излези пред врата сум, сакам да те видам"???— 🍩Крофниче🍩 (@krofni4e) September 17, 2019
Кога ќе се врати Груевски ќе ви покаже како се апси и како се средуваат институции во рок од 1 месец.— Ајс Ти (@IceBucks7) September 17, 2019
Како поминуваат годините, се повеќе ми се чини дека ,,never give up" не е добра животна филозофија и може да те чини многу. Мудроста лежи во проценката кога да дигнеш раце од нешто или едноставно да си одиш.— вина невина (@nalutilus) September 17, 2019
Стоиш пред лифт, доаѓа уште една особа и те прашува:— Морковче (@turchinche17) September 17, 2019
- Го викна лифтот?
Не бе, го чекам да се покае па да ми се врати.
🙄
- zdravooo kako se vikas?— Муарко (@Muarko) September 17, 2019
- ajde kazi na tetkata kako se vikas
se srami:)))))
(Си купуваш нова кола)— Квасец (@kvasec1) September 17, 2019
🇬🇧 Со здравје да си го возиш
🇱🇷 Со здравје да си го возиш
🇲🇩 Со здравје да си го возиш
🇳🇴 Со здравје да си го возиш
🇲🇰 Баце, за тие пари имаш голф 1.9 од 2010, коска, ама ти си знаеш... Што не ми кажа бе имам човек со тоа се занимава...
Бевме фамилијарно плочки да купиме и еве на враќање никој со никој не праи муабет.— Физиотерапевтот (@7G89tGfSez7VMTF) September 17, 2019
Клиторисот има осум илјади нервни завршетоци. И пак не е сензитивен како веган на социјални мрежи.— Aabye (@Pat1entHater) September 17, 2019
„Избегнувајте стрес“— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) September 17, 2019
Со задоволство. Уплаќајте ми секој месец по 2000 евра за да седам дома и максимално ќе избегавам стрес, еве ветувам. Све да ви ебам!
Каков лекарски совет е тоа бе „избегавај стрес“? Као ја идам по улица и барам стрес намерно за да го апсорбирам?!
Сеад Кочан - болен, не можел в затвор— Сакам да кажам (@KazamDa) September 17, 2019
Боки 13 - болен, тешко му е во притвор
Камчев - висок холестерол, морал во Хашко одделение
Кичеец - секоја недела на болница
Јанева - под психички стрес, не можела да издржи во притвор
Јеботе, луѓе со една нога в гроб не ограбија...
Јапонците имале СОБА за плачење?!! - Слаби сте бре дечки ние имаме цела ДРЖАВА за плачење— Rumpelstiltskin (@Milaceski) September 18, 2019
Имаме два типа на лопови— Професор Цветковиќ (@tome_corner) September 18, 2019
-Аматери, оние со пиштол и со фантомки на глава ...
-Професионалци, потпишете тука, тука, тука и тука ...
🇬🇧 Не биди мрза.— Замарантус Моргулис (@bonitopp) September 18, 2019
🇱🇷 Не биди мрза.
🇲🇩 Не биди мрза.
🇳🇴 Не биди мрза.
🇲🇰 Станувај говедо, дупка направи на креветот.
Решив да направам мала пауза од твитер.— Стормрејџ (@Strastniot) September 19, 2019
* оди во вц без телефон
Добро, зошто мислите дека проблемот за насилие помеѓу средношколците е во училиштата и тука треба да се решева? Зошто никој не се позанимава со семејството како основна клетка на секое општество и најчеста причина за насилие кое настанува кај децата!?— Кукуњавска (@Emmyllija) September 19, 2019
Вие шо мразевте лето убаво ли ви е сеа смрзнати пичка ви материна— kool G Ruff 🦒 (@CinnamonGiraffe) September 19, 2019
Детство е кога ќе заспиеш во дневна а ќе се разбудиш во својата соба— Замарантус Моргулис (@bonitopp) September 19, 2019
Денес во локалниов маркет сведочев на најхуманитарниот гест.Калуѓерка на каса помина преку ред со полни ќеси авокада,манга,скапи чоколади и чуда и на крајот и донираа 5л.маслиново"од маркетот"фино и ги пренесоа во џипот од120к и си замина да се моли за нас...— Malista Polikala (@latwink_) September 19, 2019
Абе глеј го човек и радувај му се дур е жив, коа ќе отиде два метра под земја и десет бестселери да му напишеш-посветиш и тон храна на гробишта да му носиш џабе е— Бранче (@branchebananche) September 19, 2019
Денес пунам 25, при честитање ми рекоа ми откуцувал биолошкиот часовник. Среќен роденден во 21ви век. 🎉— Јас Сум (@aannaavvoojj) September 19, 2019
Дечково пред канцеларијата на гинекологот така тресе нозе и крие лице дур женската е на преглед, почнав и јас да се секирам да не дознае жена му.— Зина (@Idna_logoPetka) September 19, 2019
Бев на интервју за работа и едно од прашањата беше 'Планирате создавање на семејство во наредните С Е Д У М години?'— Ариел (@ProblemByMe) September 19, 2019
Дечко, молим ти се, ја вечер не знам шо ќе праам.
Вечер се игра големото дерби на Истокот помеѓу Брегалница 🆚️ Тиквеш 👏 Меч под рефлектори преместен во четврток поради настап на:— GFK Osogovo (@gfkosogovo) September 19, 2019
Ц Е Ц А
Ц Е Ц А
Ц Е Ц А
Ц Е Ц А
Ц Е Ц А
ЦЕЦА
ДА ВЕ ЈАДЕ БАБА МЕЦА!!!
Ај сеа да пофториме:— Професор Цветковиќ (@tome_corner) September 19, 2019
-чашка послем будење ја активира работата на внатрешните органи!
-чашка пред јадење го помага варењето на храната!
-чашка пред туширање го симиња крвниот притисак!
-чашка прет спање спречува срчев и мозочен удар!
СПОДЕЛИ И СПАСИ НЕЧИИ ЖИВОТ ❤️❤️❤️
Девојче од маало втор пат годинава објавува слики од запросување. Нејзини. Со различно машко.— океј (@otsutna) September 20, 2019
Јас до втор дејт не стигнувам, ебате беља 😂
Немате праено муабет една година.— Леголас (@Vajldy) September 20, 2019
Случајно се погодувате во автобус.
Еј, што праиш бе?
- Еве бе, ти?
Еве.
....
....
Уште си ваму со работа?
Какво време дојде да се правдаш некому зашто не си заминал од државата или да се осеќаш глуп што си останал. 😂😂😂— Ջուլիանա (@neiskulirana) September 20, 2019
Не потценувај никого. Не знаеш каков круг е животот!— Каршијак (@karsijak) September 21, 2019
Меси бабава зелник на тв...— Nursе💉 (@SestraTi) September 21, 2019
Какво брашно користите?
-Какво има.
Колку вода, масло?
-По потреба.
Да читавте стварно книги коа врне, до сега ќе имавте богат речник.— Sweet but stalker (@aleksk961) September 20, 2019
Порано ја сакав недела.Се мешкољиш у кревет. Слушаш мајка татко пијат кафе...мириса ручек некој у припрема. Па пазар со чале, па букет ружи за мајка, па бурек за нас. Па играње па бањање па руски цртан околе 2,сиеста па домашно..па ...— Eната (@Bozinovska1946) September 22, 2019
Сакав да кажам...празна куќа е проклетија.
па може десет години брбљам дека сакам да одам негде надвор да студирам и еве ме сеа на 10 дена пред селење иам мисли од типот „кој кур те тераше да аплицираш, шо ти фали тука“. Заебана ствар е комфор зона, изглеа уште позаебано е да сфатиш дека некогаш треба да искочиш од нејзе.— Рез (@MontazhaMan) September 22, 2019
Ќерка ми цел саат врти на рипит една песна, таман да урлам ми текна дека на времето мајка ми, ми фрли една касета низ прозор, па си поќутев :)))— crvenokosata (@2eyeshadow) September 22, 2019
Еве, синко ме праша зошто сите другарчиња имаат братче или сестричка, а само тој не.. Душа ми се кине одвнатре, и не знам како да му објаснам дека него едвај го добив...— Милка 🧚🏼♀️👑 (@milka_oreo88) September 22, 2019
"Човек пее и кога е тажен, а игра само кога е весел"— Дедa (@DedaPilos) September 22, 2019
Сега го прочитав... Баш вистина🤔