Зошто се нема основна култура? Нема да избегаат елените од Џамбо. Седни го детето, две три слики и тргни се. Не мора да се буткаш, ќе ти дојде и на тебе ред.— Man (@Goran_Man) December 9, 2019
А за овие стринкиве што се сликаат како држат рогови на елени, немам зборови.
Зошто сите се кладат во Милка? Зошто никогаш на никој не му текнало да каже “Е ај се кладиме у Первол за црни”?— На Сузе малиот (@nasuzemaliot) December 9, 2019
На сите ни фали некој да нѐ гушне, како кога бевме деца.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) December 8, 2019
Да се стуткаме...и мирно да заспиеме.
И не значат ништо годините...
До чувството на сигурност е.
Б.Османи не отиде во Босна оти не беше покането Косово и вчера се закани со војна, К.Бектеши не отиде во Молдавија оти не било покането Косово, Н. Нуредини ни се исмеја во фаца и на македонски ни кажа дека не разбирал македонски.— Протагонист МКД (@Protagonist_MKD) December 9, 2019
Честит светски ден на борба против корупцијата.
🇱🇷 - примете сочувство— Εφτελια (@eftelijanamajka) December 9, 2019
🇩🇪 - примете сочувство
🇬🇧 - примете сочувство
🇨🇵 - примете сочувство
🇲🇰 - ич не се пазеше
Што говедо треба да бидеш, да возиш џип од 100.000 евра а на работниците да не сакаш да им исплатиш К-15 или да им исплатиш па да бараш да ти ги вратат парите на рака? Луѓето се многу кротки овде, сте начекале, иначе до сега требаше да ви го удрат курот..— Oki (@pancirot) December 9, 2019
Од 10 луѓе у метро во Варшава, 5мина се со книгите во рака, 2ца со телефон, 1 е со пиво и последните 2 си прават муабет за филмови. Тоа е таа разлика у културите, ништо не е скршено, функционира све до последно дугме и сијалица и све е чисто насекаде.— Daniel Anastasoff (@algorit007) December 9, 2019
Топ понуда!!— ПлавоБел (@ServiceCrew_) December 9, 2019
5 дена во Париз со автобус за 79€!!
1 ден 🚍
2 ден 🚍
3 ден Париз
4 ден 🚍
5 ден 🚍
Се борам со клиничка депресија и анксиозност со години. Ама и ден денес кога ќе споделам со луѓе, се шокирани зошто секогаш сум насмеана. Депресијата нема лице, затоа проверувајте ги блиските почесто.— Ariel (@Mermaiid_ariel) December 10, 2019
Премиарката на Финска има 34 години, мажена и има дете. Колешкиве со годините се тука, не се мажени оти бркале кариера со 15 000 денари плата, најголем успех е да излезат на афтерче и правење сториња. Премиерката на Финска му била грда оти не била нашминкана...— Зимзелено Дрво🌲 (@NemaPariNemaMir) December 10, 2019
Кога некој ослабнал, се здебелил или не изгледа добро, обавезно одете кажете му, јер не знае он, се нема видено сам.— Банкаришче (@branchella) December 10, 2019
Бујар ја спомнува 2001ва. Само не кажа дали со или без амерички автобуси.— Ѓурѓа (@pilula12) December 10, 2019
Детство е роденденската торта што се чува во ладната соба каде што се фрлаат капутите.— Danka (@AgnusDei08) December 10, 2019
Платата треба да се заработи.— The Archer (@TheArcher____) December 10, 2019
Ниту една компанија не ве плаќа заради завршен факултет, магистратура или докторат.
Ниту ве плаќа заради времето поминато на работа.
Ве плаќа само и само поради вредноста што ја носите во компанијата.
Знаете, никој не сака особа што глуми жртва, туку стабилна особа на која што ќе може да се потпре, кога ќе има потреба.— crvenokosata (@2eyeshadow) December 11, 2019
У ствари ко боље ке размислам, на градов му фали градот ...— Професор Цветковиќ (@tome_corner) December 11, 2019
Кој разбира ке сфати што сакаф да кажам 😒
Жена шо може од инат да направе, маж не може од ќејф...— Гуру де Коркаш™ (@BejbiBoy) December 11, 2019
Некогаш, ќе најдеш некој што ќе те разбира и без да зборуваш.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) December 11, 2019
Ќе ја сака секоја твоја пукнатина.
Ќе имаш чувство тогаш, дека душите секогаш ви биле врзани.
И плаши таа големина.
Застрашува рефлексијата на секоја емоција.
Ама кога ќе најдеш...
Чувај!
Не секој, ја има таа среќа.
Пораката што секој ден ни ја праќа власта гласи: "Гази во кал и вода, диши најзагаден воздух зачинет со увозно ѓубре што се пали како гориво. Оди во судови кај што се дели неправда. Умирај во валкани болници ама умирај среќен мислејќи дека само што не сме влегле во НАТО".— Aleksandar Tortevski (@atortevski) December 11, 2019
Девојка ми имаше 10ка кај Шуклев а не беше баш при пари— PepiPichMajchin (@Peropepito) December 11, 2019
Само кај нас секс за една вечер трае 3 години.— Сине (@Corner_43) December 11, 2019
За нова година сакам луѓето да научат дека работењето 12 саати дневно не те прави подобар и повеќе ценет работник, туку само развива нездрава работна култура која штети на целиот колектив, а не носи ништо добро.— Скриена Камера (@skrienakamera) December 12, 2019
Ги читате ли пораките од луѓето кои ви значат по повеќе пати?— Кукуњавска (@Emmyllija) December 12, 2019
Или само ја сум идиот што тоа го прави
Ни ме ебеш, ни ме храниш, ни ме плаќаш. Од каде ти е правото да прашаш колку плата земам?— Евиан (@dotblackend) December 12, 2019
Инаку, додека вие политички се пазарите со пописот што го нема 18 години, во Евростат размислуваат (наместо како досега на 10) да се воведе попис кај државите годишно, поради глобализацијата, миграциските процеси и зголемената флуктуација низ континентот.— Katarina Sinadinovska (@KSinadinovska) December 12, 2019
Поздрав од Луксембург
Кој е раснет со Deep Purple, Whitesnake,Pink Floyd,U2 па и Рибља Чорба,Галија, Генерација5, Бијело Дугме, па и Балашевиќ, Бајага, Леб и Сол и разни забавни Македонски евергрини ЗНАЕ што е добра музика и никогаш нема да слуша никаков турбофолк, шунд и кич.— Аleksandar (@juvesnake) December 12, 2019
Фала многу ..
На времето имав дечко шо без повод знаеше да купи една ружа и да ме изненади. Сакам да кажам, не треба многу за некого да го направите среќен у моментот.— crvenokosata (@2eyeshadow) December 12, 2019
Секоја партија на власт што коалицира со дуи носи антимакедонски закони а партијата во опозиција се обидува да ги блокира тие закони за да дојде на власт да коалицора со дуи и да носи антимакедонски закони— Barracuda 🇲🇰🤝🇷🇺 (@Barracuda____) December 12, 2019
На МК твитерс:— 🎄 Семоќниот 🎁 Диме 🎄 (@DimePupuliev) December 13, 2019
Разведена жена ⤵
Воин, кралица, божица, лавица
Разведен татко ⤵
Пијаница, наркоман, манијак, хоштаплер
Ве молам не ги плукајте црните мачки денес, ако ви поминат пред вас, не знаат дека е петок 13ти и дека вие сте нездрави.— devojcetosokucinjata (@hejter_venus) December 13, 2019
Ужасно ме нервира кога на каса во маркет продавачката само што ги искуцала твоите производи одма продужува со куцање на артиклите на тој после тебе. Као аман Вале дај ми минута да ги средам овие неделни намирници не ми стварај притисок, се осеќам као неспособен заради тебе...— г. Влатко Вердер (@Vlatko_Werder) December 13, 2019
Постои една Арапска фраза која вели:— Malechkata (@Malechkata3) December 13, 2019
"Сакаш да умреш? Скокни во море и сам ќе видиш како ќе се бориш да преживееш. Ти не сакаш да се убиеш, сакаш да убиеш нешто во себе."
Со бившата раскинавме во декември. А по една година во ноември, објавува годишнина со новиот 🤔— АцеБе (@AlekAdzi) December 13, 2019
Ќерка ми пола саат трча во круг и вика Гоце Гоце. Јас мислев запознала некого во градинка, тек кога ме омириса сфатив дека почнала да вика гомце место кака 🙄— Бебешка (@LeCaffeine) December 14, 2019
И да ви кажам нешто, онака малку повеќе конзервативно, заостанато, можеби и многу глупо.— Букет (@Bouqet100) December 14, 2019
Откако се роди Ќеркиче, дојдов до констатација дека не постои добар зет.
Кога ќе пораснам сакам да сум оние луѓе што чуваат лавчиња од бебиња у резервати и после тие лавовите кога ќе пораснат ги памтат и гушкаат и сакаат засекогаш.— Natasha (@Boychenn) December 15, 2019
Во Шведска сите донатори на крв од оваа година добивале СМС пораки кога нивната крв ќе спасела нечиј живот. Поубо нешто долго време немам прочитано.— КиМиЗо (@kikuvche) December 15, 2019