Ај еден твит за ценење на машката природна лепота. Затоа што идат секогаш онакви какви што се разбудиле и не поправаат и покриваат ништо иако мислат дека изгледаат ужас тој ден. Респект момци!— гуштер. (@Igu_Ana32) December 23, 2019
Денес пола година како не јадам благо, не пијам газирано, здраво се хранам, вежбам... Не знам чив твит е овоа, ама алал му вера...— Беља (@the_Belja) December 23, 2019
Мое мислење е дека додека некој е на боледување не треба да става кафански слики на социјални мрежи, ама па што се разбирам јас.— Ջուլիանա (@neiskulirana) December 23, 2019
Госпоѓо, не морате да се буткате за да излезете од автобусов, знам дека звучи просто неверојатно, ама ова е последната станица и сите ќе излеземе.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) December 23, 2019
На прав пат се само тие што си заминаа од државава.— Стрела ➶ (@zone0205) December 23, 2019
Татко ми: како може да си толку глуп и да не знаеш да смениш алтернатор на колата— Вујче Љупче (@LjManijakot) December 23, 2019
исто татко ми: шо е ова шо ми излезе на телефонов лау мемору спаце?
Дадов отказ од работа.— Прото Тип (@dezhurenkrivec) December 24, 2019
Никогаш не трпете токсична работа и токсични луѓе околу вас.
Ако работите кај некого тоа не значи дека ве поседува.
Ќе прашав што пие твитер кафана, ама ми текна дека сум без плата.
Битно чувството е прекрасно 🥳🥳
Е не можам да разберам луѓе што каснат. Абе, договорено за ручек у 5:30 - ги нема нигде. Се јавуваш, вика еве тргаме. Тек сега? Не те викнав на кафе или чипс, туку на ручек. Никакво почитување. На ниедно ниво не е оправдано и прифатливо.— b®g (@asimilacija) December 24, 2019
Кога дете ти мафта и ти праќа бакнеж со рачето...— Мимикрија (@MajaSpasovska1) December 24, 2019
Возвраќаш со иста мера.
Нема нејасно.
Имам 25 години. Размислувам и се грижам за семејството и неговите потреби како јас да сум глава на семејството а не личноста што е 35 години постара од мене и што не знае да ги распредели потребите, приоритетите и што ни грам не е разумна и ги става сите други пред семејството— Глупчо (@glupcho) December 24, 2019
Едно време ги слушав комшиите како се ебат. Сега им го слушам бебето како плаче, цела ноќ.— Кукуњавска (@Emmyllija) December 24, 2019
Последици од секс ❤
Кога имате некои проблеми кои не можете сами да си ги решите, тропнете на вратата кај пријателите. Ако не ви ја отворат вратата, барем ќе ви се отворат очите.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) December 25, 2019
Периодов ми беше прилично тежок но и задоволен сум затоа шо утврдивме нов список (прилично голем) со луѓе шо треба да ги избришам од животот и се би било поедноставно. Пробајте за ваше здравје...— Гуру де Коркаш™ (@BejbiBoy) December 25, 2019
Пред некое време решив да трчам по 30мин секое утро. Ако пропуштам некој ден, наредниот да трчам +30мин.— Џејн де Ларк (@AnT1mat3rial) December 25, 2019
Од утре требит да трчам до 10 Мај 2020...
- Ало, Мирка?— Беља (@the_Belja) December 25, 2019
- Грешка сте.
- Ама Мирка ми треба од Стајковци.
- Грешка сте.
- А каде ѕвонам?
- Штип е овоа госпоѓо.
- Е од каде 070 Штип???
*Да плачеш ли да се смееш ли...
Другари сме од партија, значи не се другари, туку сте истомисленици. Другари сте коа не е битна партијата, туку е битен меѓусебниот однос, почитувањето, довербата и љубовта меѓу вас, другари.— Сине (@Corner_43) December 25, 2019
Скопје:— Професор Цветковиќ (@tome_corner) December 25, 2019
Град со највеќе празни дуќани низ најстрогиот центар
Град со највеке кладилници, казина коцкарници на цела територија
Град до највише Банки, експозитури, заложувалници
Град без кабаре, без џез клуб
Скопје, град на очај....
Подобар живот започнува тогаш кога самиот ќе одлучиш. Не од Понеделник, не после Нова Година, туку оној момент кога ТИ ќе одлучиш!— Лобстер ⚡️ (@LobaVictoria) December 26, 2019
мајка ми девеесе и некоја за мене : нема врска нова година, тест си е тест.— Εφτελια (@eftelijanamajka) December 26, 2019
мајка ми двеидеветнајста за син ми : шо било тоа тестови на три дена пред нова година, греота децата.
Не можам да јадам. Изгубив апетит. Ме фати некоја депресија, некоја индиферентност.— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) December 26, 2019
Севезден ги мислам извршителиве како се, како понатаму во животот, дали се гладни.....
Има број за донации за извршителиве?!?— МилаШила (@MilaShila9) December 26, 2019
Ја не сум сретнал до сеа турбофолкер да плука по џез или по инди рок— PepiPichMajchin (@Peropepito) December 26, 2019
Тоа значи дека се среќни и не ги интересира туѓото
Убаво шо сум си ја избришала шминката синоќе, лошото е шо сум си избришала со влажни марамици за плочки чистење.— Сарето (@mrcatorka) December 27, 2019
Внимание! Важно!— Полтрол (@Neznajach) December 27, 2019
Вчера околу 2 попладне си одев по тротоар, си ја гледав работата, размислував колку многу ја сакам сопругата и две од децата кога одеднаш се сопнав од една ОРОСПИЈА и паднав во ГРУПЕН СЕКС!!!
Ова го пишувам за да ги спасам вашите бракови, за мојот е касно.
🇬🇧 - во депресија е— Бони Топ (@bonitopp) December 27, 2019
🇩🇪 - во депресија е
🇸🇪 - во депресија е
🇺🇸 - во депресија е
🇲🇰 - не е ебана
35% невработеност кај младите а да не се иселеа 600.000 ми е страв да рачунам. Секоја втора реклама е за брзи кредити. Од 10 дуќани 8 се казина и кладилници. 3% локални партиски моќници партиски ги добиваат сите тендери.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) December 28, 2019
Ова ви е вистинската причина за задолженоста на народот.
Скопје - Се изгребав од жицата— Dixon (@radovan_sm) December 27, 2019
Велес - Се изгребав од жицата
Прилеп - Се изгребав од жицата
Штип - Се изгребав од жицата
Кавадарци - Се одраска од телот
Саботна вечер:— Сине (@Corner_43) December 28, 2019
-Пуштам машина у 10
-Искачам на пијачка
-Се враќам да спружам алишта
-Пуштам нова машина
-Искачам во диско
-Се враќам, пружам алишта
-Пуштам нова машина
-Легнувам да спијам
Беше тоа пред 6-7 години коа кумо излета од собата и почна да вика на цел глас: МАШКО!!! МАШКО Е!!! И солзи му течеа по лицето... Никогаш веќе не се врна на Тајланд...— Беља (@the_Belja) December 28, 2019
Више со жени не се договарам за у кафана, само со мажи це дружам од сеа натаму тиа никогаш не те заебуат за у кафана.— Бјанка Мизел (@Crnokosa123) December 28, 2019
Македонија е единствена држава на свет кај што опозицијата е несреќна дека дува ветер.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) December 28, 2019
На овие предновогодишните забави, ако видете некој сам да седе и пие, немој одма да претпоставувате дека е алкохоличар. Може е трговец поединец човеко...— Беља (@the_Belja) December 29, 2019
За 5 дена праам 11 месеци. Сингл.— Хелександрија (@helekssandrija) December 29, 2019
Што си во хороскоп?— двеста триста (@nema_visoki) December 29, 2019
- Риба
Аааа, си одговараме...
- Што ти да не си лимон?!
Јас искрено не знам која е потребата чај да е 150 денари.. со света вода ли го правите?!— Тинка Минка (@topceglopce) December 29, 2019
Нека е Игор Џамбазов лузер за некого, за мене секогаш ќе биде еден од најдобрите шоумени во Мк.— crvenokosata (@2eyeshadow) December 29, 2019
Со каков сос е пастата?— Леголас (@Vajldy) December 29, 2019
Со Песто.
Е да бе, со Двеста Триста.