Министер за транспорт од Чешка сакал да додели 16м евра тендер за изработка на ел. вињети, кога ја разбрале веста 60 волонтери ги изработиле истите за 24h без пари и му докажале дека парите би биле залудно потрошени, Денес министерот поднесе оставка, е таа е таа свест, а кај нас?— Слаткоречив Д'ткач (@Slatkorechiv) January 27, 2020
Си купив врело парче пица, кашкавалот ми се залепе на непца, мафтам низ пекара со рацеве, едно дете му викат на мајка му, види мамо дебелиов чичко сакат да летнит. Еее мајката да ти ебам— Жуче од лескоец (@NemozaPojke) January 27, 2020
Чекам заедно со мајка ми на Онкологија да и дојде редот за зрачење. Ги гледам другите што исто така чекаат. Сите замислени, гледаат во една точка, молчат и се борат за својот живот. Баш овие моменти те тераат повеќе да го цениш животот, здравјето, најблиските и среќата.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) January 27, 2020
"Гомнарке, Ориспијо" „Дека ѝ го возев мачето, затоа не чинам?“ кажа Јанева у судница— Бапчо (@TheFitzzz) January 27, 2020
Ова е еклатантен пример зошо секој млад образован чоек у државава не сака никаква асоцијација со ваков простотилак и примитивизам, бара чаре усвет и веќе му
е сеедно дал сме обична или Северна
Предупредете ги вашите роднини Пензионери, дека во Скопје има група која се јавува и им соопштува потресни вести (сообраќајка) за нивните блиски за да им извлече пари. Се претставуваат дека се од МВР. Денес се јавиле кај моите и хаос беше.— Патлак илити пиштол (@posleDIKnaPIK) January 27, 2020
Почитувајте жени и научете ги синовите да почитуваат жени. Не само одредени жени, не само одбрани жени, не само заслужни жени, сите жени. Основна почит за жени како луѓе, со свои маани, глупи навики, различности и животи, што заслужуваат обзир.— зен нудист (@Ref) January 27, 2020
Едно време прашок за перење се продаваше у платнени торби кои после се користеа како кујнски крпи, торби за пазарење па и за други намени. Тоа беа времиња на екологија— Кукуњавска (@Emmyllija) January 27, 2020
Извесен период мислев дека 10-15% од луѓето во МКД се нормални. Сега мислам дека тоа е оптимистичка бројка— Dimitar P. (@Dmee82) January 27, 2020
Не сум некој ангел, само сакам да кажам.— Дедa (@DedaPilos) January 27, 2020
Едно време на твитеров ретвитавме оброк, ретвитавме реални проблеми, ретвитавме хумор, сарказам, дневни будалаштини...
Сега ретвитаме порнографија, чашки алкохол, политички ботови...
Нормално е да си ги бараме децата по сајтови.
По 10 год. желба зошто немав пари, лани се запишав на Факултет и работам на пола време покрај тоа редовен студент. Денеска ја земав првата оцена во Индекс. Никогаш не престанувајте да сонувате и будете се да ги остварите вашите желби. Никогаш не се знае. Мала ама значајна!🤗🥰🤤— Сафра (@metokara09) January 27, 2020
Време е да го исфрлам од кола цедето од влатко лозановски и да си купам вистинска гребалка за мраз.— Astérix (@SendvicSoVegeta) January 28, 2020
-Касни внучко од џимиринкиве.— LaLinea (@JasTheGreaTTT) January 28, 2020
- Бабо, веган е тој.
- Аааааа, Веган касни од џимиринкиве.
Најмалку 8 години затвор пропишува законот за поседување детска порнографија. Медо - администраторот сам се пријавил во полиција. Клопчето се одмотува, нема врска со средношколци кои си праќале слики, многу посериозно е се. Не се малолетници кои оперирале со тоа, туку педофили.— Duchess🏴 (@arthurgordonpy3) January 28, 2020
Тргнав по капут, купив кола. Тру стори— Andrew (@itisiandrew) January 28, 2020
Не постои позафатен човек на светот од оној кој не сака да те види.— Евиан (@dotblackend) January 28, 2020
Зошто се исмевате со Филолошки? Извинете што не програмираме сите.— Miko (@WomanlyPeculiar) January 28, 2020
Извинете што кога ни се обраќате враќаме со зборови, наместо со код.
Некој, само ќе ти зборува.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) January 29, 2020
А некој...ќе исполни.
Е...тоа е таа разлика.
На работа треба да се правиш глуп за да напредуваш. Ако сакаш да се правиш многу паметен, ќе се истуриш од работа за џабе.— Стрела ➶ (@zone0205) January 29, 2020
Додека ти бараш место за паркинг во Клинички, Кинезите болница изградиле.— Saso (@saso_arsov) January 29, 2020
Си праевме муабет со жена ми и заклучив дека не се слагам со своето мислење.— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) January 29, 2020
Замисли да отидеш у Кина и некој дебил да покажува со прст у тебе и да вика Ханиленд, Ханиленд...— Полтрол 🇮🇱 (@Neznajach) January 29, 2020
"Јадеш марула миена од друг?" ми се обрати мајка ми со презир, гледајќи ме како јадам купена Цезар салата и како ја рушам санитарно-хигиенската домашна политика градена со децении. #еднаемајка— Meri Batakoja (@mei_botata) January 29, 2020
разбирам дека сте шокирани од ликот што им се пушти на кинезите ама сепак - знаете ли каде живеете? отприлика? свесни ли сте вака, реално си правиме муабет— Maximum Overtroll (@MaximOvertroll) January 29, 2020
Колку пари треба да имаш за да донираш 25000 евра на телевизија?— Бактерија (@EsherihiaColi) January 29, 2020
ДЕЧКИ! МЕ ПРИМИЈА НА ФАКУЛТЕТ ВО МАДРИД! Не можам да ви опишам како се осеќам омг 🎉🎉🎉— Теа (@TeaVelk) January 30, 2020
Психолошко пореметување е наоѓање задоволство други да те сожалуваат.— Каршијак (@karsijak) January 30, 2020
Таксистов има влажни марамици у кола, бегај да бегам побрзо! 😎— МилаШила (@MilaShila9) January 30, 2020
Сакам да имам другарка како Лила, да ми донира 25.000евра и 8.000евра да ми позајми, и после да ми се скара. 😊❤️— Бјанка Мизел (@Crnokosa123) January 30, 2020
Постое ли таква?
Другар градежен инжињер работи за 18 000 денари плата во истата фирма која на Лила Филиповска и исплатила 13 милиони и 500000 денари. Секој со струката.— Зимзелено Дрво🌲 (@NemaPariNemaMir) January 30, 2020
Пред една недела побарав покачување на плата. Денес го добив. Шо пие твитер кафана! 🥳— Стaменoфф (@shlapatalo) January 30, 2020
Доаѓа инвеститор и му нуди три стана во замена за шупата на дедо му и вие очекувате да одбие за во градот да има повеќе зеленило?— Шишарка (@Shisharka_) January 29, 2020
„Јас секогаш носам пари со мене, и ако требаше да се плати одморот, ќе си го платев. Не чекам друг да ми плаќа нешто“, рече водителката.— Kristina (@kristinna_vel) January 30, 2020
Лилче бе... та не сме од вчера 😂😂😂
Лесно е да изградиш болница за два дена. Оди изгради 2 км автопат за 3 години да те видам.— Катерина Стопареска (@Stopareska) January 30, 2020
Колешката по втор пат ме кодоши кај директорот дека наместо да работам дремам на фејсбук по цел ден.— Празна глава (@praznaglava) January 30, 2020
Иначе, работам маркетинг на социјалните медиуми.
Вчера, излегувајќи од Клинички, женичка,цела замислена,тргна да преминува преку Водњанаска, по која во тој момент поминуваше делегација. Полицајката млада која беше во близина, се стрча и ја фати под рака, ја врати назад и ја гушна женичката. Поубава глетка немам видено.❤— Вампирка (@drakulka143) January 30, 2020
занимавајте се со спорт, луѓе, со било кој спорт.. бидете активни, пешачете што повеќе— Poison Ivy 🔱 (@Hedera_Genus) January 31, 2020
ќе бидете полни со енергија и виталност, ќе останете младолики, духот ќе ви биде нескршлив
нема ништо што повеќе им годи и на душата и на телото од спортската активност
Повеќе си патиме за гушкање отколку за секс, ама срам ни е да си признаеме...— Инженерка (@hahahakerka) January 31, 2020
Купив 2 тега од по 15 кила и не можев до кола да ги однесам— Milanezot (@zkacarski) January 31, 2020
Трчаш за нив, молиш за нив, плачеш со нив, со секоја нивна животна приказна ти се крши срцето од болка гледајќи како живеат. Дел од нив останува засекогаш врежан во тебе...и ќе се појави некој што тоа ќе го злоупотреби и ќе те натера да ги гледаш работите од друг агол.— Стрела ➶ (@zone0205) January 31, 2020
На работа ме викаат 007— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) January 31, 2020
0 мотивација
0 желба за работа
7 паузи за кафе дневно
Еднаш еден другар кога бевме 25-6 години рече дека пари се прават од 30-40та година у животот и ние сите се согласивме и накај 36 смени у 40-50 и исто сите се согласивме— Ivan Iliev (@baaaaaanoo) February 1, 2020
Да излезеше Бугарија од ЕУ пола Македонија ќе добиеше срцев удар— Стар Лисец (@princnabelkonj) February 1, 2020
ЛУЃЕЕЕЕЕ!!!!.. НЕ е можно ова... Луѓеее бреее...конечно одговорот што го чекав долго време.. Документите што толку ги посакував... Август е месецот КАНАДА е државата... Јес јес јес јес.. Сите ве сакам луѓе.. Сите ваква радост да си дочекатате 🇨🇦🇨🇦🇨🇦🇨🇦🇨🇦🇨🇦— ДОРЧО (@Dorcobre) February 1, 2020
дур вие искачате, испаѓате и што уште не, ние во Битола ојме удолу.— Εφτελια (@eftelijanamajka) February 1, 2020
Ете го закопавме другарот.Сите викаат биди жив и здрав, животот продолжува.Да ама без луѓето кои ни значат и никогаш нема да биде исто ништо.Лут сум на животот а и себеси бидејќи ништо позитивно не се случува,а и да се случи ќе трае многу кратко време.Најтешко е кога човек е сам.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) February 2, 2020
Ај што е денес 02022020, и што е палиндром (се чита еднакво и од напред и од позади) денес е 33 ден од годината и има уште 333 дена до 31 декември! Тоа се случува само 366 пати во— Професор Цветковиќ (@tome_corner) February 2, 2020
10 000 години .... да не биде не сум ви кажал ...