После карантинов на сите ќе ни треба три дена некаде сами.— crvenokosata (@2eyeshadow) May 3, 2020
Гитара свирам 30 години, али тврдам дека бас е најебачки инструмент на свет.— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) May 3, 2020
Гитара е некако егоцентрична....”види ме.... пази ме.... ја!”, додека басот е повеќе “добро вече” со благо климање на главата и поглед од под веѓа.
Ако успеат да те натераат, да го повишиш тонот додека зборувате...— Мимикрија (@MajaSpasovska1) May 2, 2020
Веќе, те победиле.
Во животот се што треба да научите е како да бидете силни и кога сте сами.— Бјанка Мизел (@Crnokosa123) May 3, 2020
Гоце Делчев бил Бугарин онолку колку што се Бугари Македонците со бугарски пасош.— Stojanche Angelov (@StojanceAngelov) May 4, 2020
Вечна ти слава Војводо.
Ако некој те гаѓа со камен, ти врати со цвеќе, сосе жардињера.— Дуле Савић® (@Shushmula) May 4, 2020
Дечки, еден апел сеа коа ќе отворат кафаните, бидејки персоналот е тој шо најмногу патеше у овој период или беа на минималец или не земаа плата, а ранат дечиња и фамилии као сите нас. Кој има можност, нека биде повеликодушен со бакшишот, тие + 50/100 денара сега многу ќе значат❤️— Бапчо (@TheFitzzz) May 4, 2020
Полицијата снимала спот и веројатно ќе не убедува колку е успешна. Отидете на Шара, на Караџица и Китка и снимете таму колку сте успешни. Секој ден се сечат илијадници стебла. Ви е страв да влезете во битка со шумската мафија. Лесно е да се снимаат спотови.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) May 4, 2020
РИП Драган Вучиќ. Човекот кој ми донесе пица у недела у 9 на врата. Пицеријата била негова, доставувачот не дошол на работа.— Punchable Пичлеме and 24 others (@penggemaar) May 4, 2020
Еден од бисерите што ги памтам во некоја од емисииите на Драган Вучиќ. Го прашува гостинот:— Миле Паника (@Mile_Panika) May 4, 2020
- А вие сте тука заради пари или заради слава?
- Заради пари, слава имаме, Свети Никола.
Најголемиот ПР мозок кој од копачот направи гумена бонбона, бренд кој ќе се изучува во учебници, македонскиот Опра Винфри, човекот без пропаднат тв проект, генијалец каков што балканот немаше видено, месијата кој на руралецот му го врати сјајот во очите. Почивај во мир Змају.— Артистот (@Shkottt) May 4, 2020
Ќе стекнеме колективен имунитет, ама колективна култура никогаш.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) May 5, 2020
- Што работиш?— Дани (@_Dani_D_) May 5, 2020
Програмер
- Да ти го донесам лаптопот да го ѕирнеш
- И синот ќе учи тоа, многу сака компјутери (*спие на Дота)
- Аа добро сте платени вие, колку зимаш?
- И другар исто. Од дома работи, прави пара тој
- Во странство не бегаш?
Од сега кој праша, “продавач, во Пеко”
Зашто денот на македонската азбука во Македонија е работен ден, а на албанската азбука е неработен ден во истата таа Македонија?— Jas (@BrlaBrla) May 5, 2020
Лоша вест: Кафаните ќе работат со намален капацитет и намалено работно време.— Ц (@ceciliaa537) May 5, 2020
Добра вест: Похованиците во првата недела ќе бидат пржени со чист зејтин.
Се додека на вас метрополците шо ви сметаат дијалектите од провинција, а притоа вие воведувате англиски зборови у сред "литературна" реченица, ја че продужам да твитам на сите можни дијалекти шо ги знам у земјава. ФМП ❤️— Бјанка Мизел (@Crnokosa123) May 5, 2020
Драги бизнисмени, сопственици на џипови, јахти и шлепери шо чекат на граница— i999y (@i999y) May 5, 2020
Вашето возило има блутут подршка за телефон, тргнете го телефонот од уво!!!
прв пат и тоа неодамна сфатив колку битен ден е 5ти мај односно „денот на македонскиот јазик“ кога еден азијат ме праша: викаш само 2 миљона народ сте и имате сопствен јазик!? уау!— チェイス (@BiggieInJapan) May 5, 2020
Наставничката и се јави на Срна да и честита роденден. Сепак постоеле се уште такви педагози ❤️— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) May 6, 2020
Како се вика тоа кога работиш за двајца а зимаш една плата?— Дарла (@exmitevskad) May 6, 2020
После гадон што ќе ебе се живо и диво од дијаспора може ли конечно да се побуниме ЗОШТО ДИЈАСПОРАТА ГЛАСА?!!!!— Ариел (@ProblemByMe) May 6, 2020
Му помагам на татко ми да ја најде флашата ракија што му ја испив неќни.— Дуле Савић® (@Shushmula) May 6, 2020
Твитеров се претвори во препуцавање и псуење меѓу политчки навивачки групи. Очите ќе си ги извадите за играчи што појма немаат, не се ни трета лига. Играат само за да му скршат нога на противникот кој и онака си дава автогол.— Миле Паника (@Mile_Panika) May 6, 2020
Имам видено многу глупости во судските постапки, но врвот е судија на Уставен суд да покрене иницијатива а потоа да гласа против.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) May 6, 2020
"Земи шетај маж, не куче", позната македонска, на која се враќа, "земи имај свој живот, не им го мисли на другите"- ама во себе, бидејќи со ваквите НЕ влегуваш во дискусија и држиш трајна дистанца и надвор од корона период.— Batakoja (@batakoja) May 6, 2020
нема попрост и позлобен муабет од "ајдеее и кај вас, шо чекате"— Εφτελια (@eftelijanamajka) May 6, 2020
- Колку се јаготките?— Пæцо (@pecethedarkword) May 6, 2020
- 340 денари
- До колку работите?
- Беај бе Бапчо датебавам, цел ден досадваш
Здрав човек, не е свесен колку е богат.— Мимикрија (@MajaSpasovska1) May 5, 2020
Сѐ додека, не го изгуби она кое не чини пари..
Ама, вреди сѐ.
Колку се јагодите?— МилаШила (@MilaShila9) May 6, 2020
230 ден!
Ок, дај еден винстон слим силвер!
Концерти се откажаја, спортски настани, Олимписки игри, Мет гали, триста ми ти чуда низ цел свет шо до вчера значеа за нешто АМА ЛИТУРГИЈАТА ВО СТРУГА МУЦЕ НЕ СМЕЈ ДА ПАТИИИИИИИИИИ— Ineffable (@Alexandra_YNWA) May 7, 2020
Струшки вечери на пандемијата.— Мекица (@Plavaaa) May 7, 2020
Шепасти Ентузијасти купиле питбул кој се продавал за борба и бил чипиран и после година дена го вратиле на сопственичката и еве ме плачам на видеото од девојката и кучето како се гушкаат the purest kind of love 😭😭😭😭— Ентропија (@sanjalazanja) May 7, 2020
Ќе окапиме дома затоа што православциве не се донашетаа периодов...— Shoku Boro (@borokitanoski) May 7, 2020
На сред светска пандемија, кога стотици други конфесии откажуваа настани, овие најдоа да ја докажуваат верата со масовни собири. Па, брука, другари. Неодговорно и нефер.
Еден ден, сите ќе жалиме по карантинот у 7 навечер.— mindрluмbеr 🇲🇰🖖 (@mindplumber) May 7, 2020
Памтете ми го зборот
Психијатар: Дали често зборувате сами со себе?— BubbleGum (@kazi_ultimatum) May 7, 2020
Јас: Не, вчера се скаравме.
44 ❤ Дупла четворка. Полека од твитер тетки преоѓам у твитер бабускери. И ич тешко не ми паѓа, ја и у живо коа ќе ме прашаат, додавам понекоја за да ми кажат дека фино изгледам за годините 😉 Форе и фазони. Живели 🥂— Elena (@tikvazelena) May 7, 2020
Добро бе да му се невиди.— Ариел (@ProblemByMe) May 7, 2020
Секогаш бевме вакво дно или кронава го извади на виделина на најниското од општеството?
Многу сте гласни бре против бугарите ко за нација 70% со бугарски пасоши.— Приказна (@Prikazna1) May 7, 2020
Седнеш ли на маса со двајца од иста струка, заеби лабав муабет и дружба!— Сине (@Corner_43) May 7, 2020
Ми се јави една пријателка што пред тоа ме убедуваше со дај бре не кревајте паника ова е се' измислено и вика ама братучед ми беше здрав прав еве два дена е веќе на респиратор, вистина било ова. Значи треба близок да се разболи па да поверуваш, ете до толку ни е свеста.— crvenokosata (@2eyeshadow) May 8, 2020
Драги мои стружани. Ви треба една виртуелна тура да видите како изгледа интубирање, како луѓе плачат по сестрите и докторите и молат СМС да им се прати на најблиските да се опростат во најстрашна агонија. Сите што наседнавте на игранките на МВРО да ви е наздравје!— Леонон (@leon_bak) May 8, 2020
Поминете до Бит Пазар да видите што е литија секој ден, без маски и тоа...— Еск0бар (@Eskobar_od_SK) May 8, 2020
Им се погодија маскиве на тие со клемпави уши.— Миле Паника (@Mile_Panika) May 8, 2020
Знаете кој се бесни за Струга и за оние по викендиците и скарите? Сите оние вклучително и јас што седевме и почитувавме мерки, што се тресеме дали да ги гушнеме тие шо ги сакаме да не ги заразиме, што миеме по двеста пати раце на работа до крв течење, што се угушивме од маски...— crvenokosata (@2eyeshadow) May 8, 2020
Има, разлика меѓу имунитет на стадо и менталитет на стадо.— JaneDoe (@sonjatd) May 8, 2020
Профа да ви каже...— Професор Цветковиќ (@tome_corner) May 8, 2020
Колку год да е некоја “приказна” добра, ако не припаѓаш во неа, излези си џентлменски и запомни ја како убава ...
Сите изненадени, пукал внукот на Реизот на Матка.— AnaStevano (@StevanoAna) May 9, 2020
Вие да не очекувавте типацов да решава Судоку!?
Ги викаш на ручек у двор, ти доаѓаат со кошули за да не се мотаат околу скарата.— Сине (@Corner_43) May 9, 2020
Брутално искрените имаат помалку пријатели.— Уна (@una_superstar) May 9, 2020