Добро утро на сите освен на Дуа Липа
— 𝐚𝐰𝐞𝐬𝐨𝐦𝐞 𝐛𝐥𝐨𝐬𝐬𝐨𝐦⁷ 🌱 (@HorridChildd) July 20, 2020
Дуа Липа има среќа што Цеца не разбира толку добро англиски, иначе..
— На Сузе малиот (@nasuzemaliot) July 20, 2020
Замисли да си светска ѕвезда која тежи неколку милиони долари и си ги труеш фановите со националистички небулози. Само уште еден доказ дека примитивизмот не се искоренува со слава и пари.
— Ум (@Kolozheg) July 20, 2020
Сте приметиле дека нема мапа само од Велика Црна Гора... и тоа ги мрзи бе.
— Dime (5,20938 ден.) (@DimeS10cent) July 20, 2020
Зошто побогу мешате адидас и наик зоштооооооо?! Не неодат за заедно иако и двата се спортски бренда не е ок патика адидас блуза наик и обратно! Не селанину не!
— Приказна (@Prikazna1) July 21, 2020
Дуа Липа, на пример, може да ја повлече својата музика од apple music, во знак на протест затоа што apple maps не сакаат да го стават Косово на мапата. Ама тоа ќе ја чини пари и секако нема да го направи. Затоа, insta pat•ri•o•ti•sm е поевтино. Нека се дави во извинувања сега
— НиколаСтрез (@NikolaStrez) July 21, 2020
Абе никако да сфатите дека каишот у кола се става за лична безбедност, а не за ако те сопре полиција!!!
— Војникот (@just_soldier1) July 21, 2020
Не си сељак ако се заразиш од коронавирус-от,
— Dimko (@ddimkooooo) July 21, 2020
сељак си ако криеш дека си се заразил!
Флерт со интелектуална личност е чист секс.
— Dream House (@dreamhouse99) July 21, 2020
Толку многу професори во политиката, а на ниеден не му текна 20 години да спомне темелни реформи во образованието.
— Ана Ресана (@AnaFiljana) July 21, 2020
После месечна битка со ковид татко ми е негативен!
— ★ (@BariFloyd) July 21, 2020
Кој сака нека честита, beers on me! 🍻🍻🍻 🎉🎉🎉
Баба ми требаше да оди на операција и кутрата си имаше спремено ситно по 100ден по 500 ден да имала да му дава на болничарките и сестрите да и давале вода и да и помагале да оди до вц, да не ја остават така после операција.Тоа е се што треба да знаете за македонското здравство.
— Konzulka (@Konzulka) July 22, 2020
Не се луѓето диви.
— Мимикрија (@MajaSpasovska1) July 22, 2020
Само, премногу пати биле разочарани.
Па ете...си ги кренале своите ѕидови.
Во болница се разминав со еден дечко во лисици што го водеа тројца џандари и ми намигна 😳
— tribanana (@chokoleshnik) July 22, 2020
Народ што си ги мириса чорапите за да размисли дал да ги стави на перење или не... Не може да биде уништен од една корона.
— Јефто 🇲🇰 (@JeftoMKD) July 22, 2020
Јас искрено верувам дека ќе има 2 работи во иднината
— Јасмина Чентовска (@Sorospija) July 23, 2020
1.патување низ времето
2.Лек против рак
Тогаш би патувала до Август 2019 и би го спасила маж ми од смрт и ќе си живееме заедно засекогаш.
Интелигентни луѓе е многу потешко да бидат среќни.Многу повеќе нешта гледаат и чувствуваат околу себе.Не можат да се прават слепи.Тешко е тоа.
— Dream House (@dreamhouse99) July 23, 2020
“Хакерка од Македонска Каменица четири пати го пробила компјутерскиот систем на банка од Скопје“ е ова е веќе вест
— aлисa у вондeрлeнд (@IamAliceMadness) July 23, 2020
Време е за премиер Албанец > *Ахмети го викаат во Хаг> Време е за умереност и смиреност
— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) July 23, 2020
На луѓето од Балканот кога им смета твојот став за нешто, почнуваат да ти го коментираат физичкиот изглед.
— Нусе (@Blt0lcanka) July 23, 2020
ова потење под цицки најтешко ми паѓа 😓
— Г-ѓа Старк (@MarincePink) July 23, 2020
На кеј кај ГТЦ возат коли во два правци по пропаднатиот бекатон, кучиња трчаат и лаат по колите и од Дион иде сељачка музика на синтисајзер. Ма браво!
— Нешо (@nesho_s) July 23, 2020
- Може 300 грама кашкавал?
— Катерина Стопареска (@Stopareska) July 24, 2020
*сече парче
- Малку повеќе ми се пресече. Многу ви е 2 кила и 700 грама?
Чекам ред за сликање за лична карта. Слушам коментар внатре од кабина: "Девојче, гледај право во апаратот, не се сликаш за инстаграм, за лична карта се сликаш".
— Брада (@legovski) July 24, 2020
Читам оглас Бесплатно летување за деца до 6 години. И им ѕвонам и им викам И јас сум дете, ама немам намера 6 години да седам, доста ми е и 10 дена. Поклопија ми, изгледа немат веќе слободни места...
— Тутси (на Властимир комшијата) (@the_Belja) July 25, 2020
Новата зграда пред мавровка расте. Никој не знае кој е инвеститорот. Викнете го Шерлок Холмс, зашо оваква мистерија никој не може да реши. Кој би можел да знае кој е инвеститорот побогу?? Во следната епизода на unsolved mysteries!! Ебаве тоа апашите.
— Брада (@legovski) July 25, 2020
Не ја спуштај интелигенцијата за да те прифати средината. Смени го опкружувањето.
— Каршијак (@karsijak) July 25, 2020
А да ја прашате Дуа Липа чија е градбата кај Мавровка, можда знае.
— Man (@Goran_Man) July 25, 2020
Зошто секогаш СЕКОГАШ тие што носат најгласен звучник на плажа пуштаат турбофолк?
— Шукар Чавела (@jovanatozija) July 26, 2020
Стадо имаме, имунитетот е проблем.
— Shoku Boro (@borokitanoski) July 26, 2020
Ќе платам да гледам Фрчко vs Апасиев
— Frasier (@UsernameRonin) July 26, 2020
Пази наслов: "Просечно домаќинство во Македонија најмногу пари дава за храна, а најмалку за култура"
— Дедa (@DedaPilos) July 26, 2020
Уствари нема везе, ја еднаш три дена немав јадено па отидов да гледам "Лабудово езеро"