А на овие политичариве, што ни загадуваат живот и ментално здравје, да им стаиме лепенки?— mindрluмbеr (@mindplumber) November 12, 2018
Зоолошка го смени директорот и живна. Сеа уште да го смени кумот на животните, зашо не можам сериозно да сфатам лав што се вика Жика— ОмајФаќинГад (@omajgad091) November 12, 2018
А ова што го бараат Грујо, проверил некој во Македонски Брод? Мислам, никој никогаш никого не бара во Македонски Брод, идеално е да се скриеш.— Оној со брадата (@legovski) November 12, 2018
Како да направите непријатели:— Miss Morning ⭐ (@OtpisanaBONI) November 12, 2018
1) Бидете привлечни
2) Бидете паметни
3) Имајте свое мислење
4) Јадете цела пица и бидете слаби
Розите се црвени— Професор Цветковиќ (@tome_corner) November 12, 2018
Синоличките се сини
Не сум дома
Полицијо извини 😳
Само МВР да не земат во становите на Стевчо Јакимовски да го бараат, до Водици ќе трае потрагата— TheReal (@Stefan_Tod) November 12, 2018
Го бараат под дрво и под стиропор— зен нудист (@Ref) November 12, 2018
дали е распишана паторница?— бојан (@b0stan) November 12, 2018
Толку е лошо во Македонија шо и Груевски си замина...— Мр Моџо Килингтон (@mojokilington) November 12, 2018
како се вика груевски на маџарски????— обичен човек (@Meskov81) November 13, 2018
-ЕбешБегаш
хахахаха, да се насмееме пред да се убиеме колективно!
Се двоумам меѓу "се договорија" и "неспособни се".— Sveste tese (@sveste_tese) November 13, 2018
Да сум на местото на Грујо, на секој саат време ќе пуштам селфи на фејс. На кафенце во Будимпешта. Еве шетам покрај Дунав. Еве сум пред базиликата Свети Стефан. Прекрасно се гледа градот од рибарските кули кај црквата Свети Матијаш. Супер е гулашот „Кај Густав“.— Man (@Goran_Man) November 13, 2018
Кој има куче знае што е возвратена љубов.— Squirrel 🐿 (@lovelysquirrel_) November 13, 2018
Дали може политички азил за мене оти се осеќам загрозена по живот заради неспособно судство и МВР? М?— Shqiponja (@Blt0lcanka) November 13, 2018
Ќе бидам верна на каузата на ТЛ, жимисФе!
Господа!! Вам и од притвор ќе ви избегаше— i999y (@i999y) November 13, 2018
Еден од условите за ЕУ беше 'Расчистување со криминалот и негово процесуирање (читај криминалци во затвор)'— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 13, 2018
А Груевски ВИ ИЗБЕГА!
И да сте се договориле и да ви избегал пошо е способен вие сте НЕСПОСОБНИ.
Во двата случаи вас Груевски ве порази.
Срам да ви е!
Брат пиши и патни трошкови до Будимпешта, ќе ти ги признаат— i999y (@i999y) November 13, 2018
Samo Avalon mozzi da go donese Gruevski aahahahhahaha— Езерџијата (@Vasilevski24) November 13, 2018
Груевски веќе официјално ги премина сите граници :) :) :) :) :) :| :| :| :| :| :( :( :( :( :(— Џеј Зи Куртишев (@NoLuckMakedonec) November 13, 2018
Груевски и официјално киднал во Будимпешта.— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) November 13, 2018
Оставки од судиите што не доделија притвор. Оставки од министерот што дозволи да кидне!
*Нада остава патики пред влада.— Dime (5,39269 ден.) (@DimeS10cent) November 13, 2018
Сите чекаат официјална потврда дека избегал за да почнат да го бараат. Ова е како на жмурки, додека не доброиш до 100, не смееш да отвараш очи.— Миле Паника (@Mile_Panika) November 13, 2018
Грујовски, Бошковски, Кочан, Нинџа, Штеки, Кољо, Грујо...— Bojam (@bojam__) November 13, 2018
На Оливер Спасовски не му избегал само оној што не пробал.
На СДСМ и замрзнато пилешко од Лидл ќе им избега— АрЧер (@DSterlingArcher) November 13, 2018
Али вчера мвр филмови влагање во гаражата на вмро па отварање гепеци пичке материне. Абе 5 дена фазла му даваш, он ќе ти се крие во гепек во гаража на вмро. Дај не играјте курац со народот.— Man (@Goran_Man) November 13, 2018
А највеќе ми е криво за луѓето што ризикуваа сѐ за да има правда. И фамилија, и деца и работа. Се впуштија во ризична игра во сред режим, со име и презиме, свесни и за последиците, за ти сега да седнеш на фотеља на готово и да го испустиш најголемиот криминалец што сме го имале.— Џагдиша (@dzagdisha) November 14, 2018
Вечерва во 21 часот ексклузивно во отворено студио на 1ТВ гостин Гордана Јанкуловска.— Sveste tese (@sveste_tese) November 14, 2018
Што е следно, утре во Телма гостин Грујо преку линк од Будимпешта.
Све е ова НЕНОРМАЛНО бре, дај и дилери на дрога нека викаат по студијава.
Како ќе препознаете хиена?— Никсон (@rnixn) November 14, 2018
Грујо добивал закани по неговиот живот, па ја напуштил земјата. Ама ја оставил фамилијата тука. Сега заканувачот само треба да ги насочи заканите кон нив, па овој ќе мора да се врати да ги заштити. Значи не се никакви закани во прашање, лаже чим зине.
Обожавам парови со мали деца. Ако не сакаш да ти дојдат на гости само кажи им дека има некој болен дома.— Chlamydia (@Schiffer_PG14) November 14, 2018
Постои една добра особина која скоро сите ја заборавија: Верноста.— Реален (@neutralen_) November 14, 2018
Ако некогаш добијам шанса да се иселам од државава (со син ми и маж ми) никогаш нема да се вратам. Ни на одмор, ни за свадби, ни за погреби. Е, до толку ми е смачено од се!— Биби (@The_BB_) November 14, 2018
Еднаш, еден ми рече - Ај да излеземе на кафе, онака, другарски. Еве, во Будимпешта сме сеа.— Џагдиша (@dzagdisha) November 13, 2018
дали озбилно ќе имаме попис без графа националност?— Пердуф (@pikabu00) November 14, 2018
во држава каде едно чудо закони и договори се базираат на процент на население од одредена националност?
дали знаеме кај тераме побогу?
Се скаравме со син ми и ми вика “Прва прилика се селам одовде”.— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) November 14, 2018
Па тоооо бе татин убавец!!!
ВОНРЕДНИ ВЕСТИ:додека сите очекуваат вклучување во живо на екипата на 1тв од адресата на Груевски во Будимпешта, ја ќе си легнам, пошто Груевски утре ќе спие до пладне и има накалапено за 10 поколенија а ја од 6 сум на работа да извадам плата да преживеам барем од 1-ви до 10-ти.— Сајлент (@primdoktorarsen) November 13, 2018
на крај, ќе му пукне филмот на Мијалков, ќе ја распушти владава— Dimano (@dimanovski) November 14, 2018
Сончево утро.— Муарко (@Muarko) November 14, 2018
Орбан стои во кујната, пржејќи јајца. По скалите се симнува Никола, во нежно портокалов пењоар.
“Ммм, мивиса пвеубаво”, шепнува повеќе за себе, доближувајќи се и бакнувајќи го Орбан одзади во вратот.
“Ова ќе биде пвеквасен ден”, си помислува со блага насмевка.
доста бе за политика, ај сеа за секс малку да збориме: ЛЕЛЕ КАКО НИ ГО НАЧКА ГРУЕВСКИ!!!!— обичен човек (@Meskov81) November 15, 2018
хехе, да се насмееме малку пред бугарска амбасада
Ние всушност имаме исти очекувања— Кукуњавска (@Emmyllija) November 15, 2018
Тој очекува јас да му се јавам, јас очекувам он да ми се јави
И така
Дечки, ова ми е од инфо од еден руски генерал: Грујо летал прво од Скопје со Палер до Белград, а од таму со првиот авион на ЈАТ до Будимпешта.— Миле Паника (@Mile_Panika) November 15, 2018
„Не се замарам со полиција“ - Оливер Спасовски— Slobodan Jakoski (@FlavrSavr) November 15, 2018
Ауууу, најнова вест...Грујо за да стигне до Унгарија, во патриотски стил, сепак се поткачил на Тиранската Платформа...— Srecko Popovski (@srepop) November 15, 2018
Безбедни се границите ама не се нешто wow - МВР на РМ— Сплинтер (@sinisa_goliOtok) November 15, 2018
Внимавај што те допира до срце, тоа те води и за рака...— leonidspar (@leonidspar1) November 15, 2018
На многу структури им одговара што #ж избега. МВР нема да го бара и да отвора гепеци. СЈО и судот ќе го судат во отсуство што е многу лесно. СДСМ се радува затоа што ВМРО се распаѓа. #мицко нема тутор на глава а НЕКОЈ И ЗЕМАЛ ПАРИ ЗА ДА ГО ПУШТИ. Многу луѓе и усреќи всушност.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) November 15, 2018
Го запишува ли некој ова што се случува и изјавиве на политичариве? Следните генерации ќе мислат дека ги зафркаваме кога им раскажуваме, мора да зачуваме некој доказ.— Dime (5,39269 ден.) (@DimeS10cent) November 16, 2018
Ова со можното киднапирање на Грујо не може да е заклучок на еден човек. Ова е резултат на цел експертски тим.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) November 16, 2018
Уствари јас сум убеден дека ако ја водеа жени државава, многу ќе беа поинакви работите, во позитивна смисла. У пичковацов само жените носат вистинска вредност, и ќе го знаевме тоа, и немаше да „признаеме“ пошто сме факинг шовинистичка нација.— Дуле Савић® (@Shushmula) November 16, 2018
Ова со киднапирањево е добра финта уствари, да се правдаш пред жената дека те киднапирале и те однеле у кафана.— Мада Фака (@h3xman) November 16, 2018
- Кај си стоко една два дена те нема?!?!?
- Ме киднапирава Натке
Тоа што #ж ги подигнал сите пари од сметките уште во Септември, ептен упатува на заклучок дека е киднапиран.— Aleksandar Tortevski (@atortevski) November 16, 2018
-Ве молам! Треба да лежам затвор. Пуштете ме!— Ljubiša (@Sulimanovic) November 16, 2018
-Влагај бе у кола! Те носиме у Будимпешта!
-Ве молам не!!!!
Не е смешно дечки... И мене ме имаат киднапирано.— Tурче bin Šilce (@AntonKarafil) November 16, 2018
Имав 9 години. Беше нешто после полноќ. Ме разбудија, ме земаа, ме ставија во автомобил и ме однесоа во Суто Море.
Сеа да сум Груевски рокање еден статус на фејсбук “Зоран Заевме киднапираше и ме однесе во Будимпешта”— Ljubiša (@Sulimanovic) November 16, 2018
Нека биде интересно до крај на сезона
Шо не го киднапираа пред 11 години...— Ѓурѓа (@pilula12) November 16, 2018
Миле Јанакиевски одбил да го киднапираат— Dimko (@ddimkooooo) November 16, 2018
НАЈНОВО: Грујо кога се облекол како женско за да избега, го киднапирале трговци со бело робје и вчера е виден во некој мотел кај Гостивар како игра на шипка.— Миле Паника (@Mile_Panika) November 16, 2018
Ти должат пари и кур ги боли.— devojcetosokucinjata (@hejter_venus) November 17, 2018
Си одат по кафани, одмори, си купуваат облека. Што луѓе сте?
Проститутките ги унапредиме у старлети.— Беља (@_Belja) November 17, 2018
Ајдуците у тајкуни.
Шарлатаните у експерти.
Добрите луѓе у будали.
Лошите у снаодливи.
Поповите у Богови.
Поштените работници у робови.
Јасно ви е зашо нема да не биде?
Пред да изјавите дека некој е киднапиран, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт— Др Арсланагић (@ArslaJeMeniBog) November 17, 2018
Погрешниот пат дупло поскапо ќе го платиш.— leonidspar (@leonidspar1) November 17, 2018
Ах, мирисот на зимата во Скопје. Изгорена гума и крадено дрво.— Оној со брадата (@legovski) November 17, 2018
Ми ѕвони брат ми синоќе камен пијан..— С.Т (@StojanceTrajkov) November 17, 2018
- Бато, да дојдеш да ме земеш бе..
Ај идам, биди таму...
Се враќаме дома и после 2мин влегува кај мене у соба и ми вика, не мора да доаѓаш, си дојдов јас...
Ок... 😂
Мелита е толку пластична што не би ме чудело да заврши како пвц прозор.— Man (@Goran_Man) November 18, 2018
Попис се прави за да знаеш кај ти се луѓето, каде треба да инвестираш, каде да изградиш школо, каде да изградиш индустриска зона... Ама кој да ви објасни вам, љубители на цркви и џамии :(— Биби (@The_BB_) November 18, 2018
НИКОЛа КИДМАН...— Џиги (@dzigi7) November 18, 2018
Лабава бекатонка после дожд е најголемото зло на планетава.— Џеј Зи Куртишев (@NoLuckMakedonec) November 18, 2018
Медиумите ни се катастрофа. Не само што немаат релевантни информации базирани на истражувачко новинарство, туку придонесуваат за ширење на шпекулации што ги прочитале по социјалните мрежи. Има исклучоци меѓу новинарите, ама се губат во шумата на непрофесионализмот.— Миле Паника (@Mile_Panika) November 18, 2018
Богат македонец е оној кој ги грее сите соби— Dimko (@ddimkooooo) November 18, 2018