И после тоолку години, децении од падот на комунизмот, во Македонија сеуште функционира системот на семејни кланови. Деца на политичари стануваат политичари, деца на доктори-доктори, деца на банкари-банкари, деца на професори-професори. Тие се клановите кои го газат народот— Курвин Водењак (@Jovanowsky) March 4, 2019
На сите Продиџи прва касета, само мене Рокери с мораву :(— Nemora d'Aznacci (@jocoska) March 4, 2019
Сакате друштво како од "Friends" а имате хумор како за у Македонски народни приказни.— Фикси (@FilipFiksi) March 4, 2019
По многу години пратење МК вести уште не сфатив како донација на чизми за полиција/војска е вест. Со сликање со министер со све. 25г истата вест секоја год. ни донирал некој чизми. Основно средство за да да одат. Малку самопочит.Не покажувајте дека сте неспособни чизми да купите.— Emil Atanasovski (@EmilAtanasovski) March 4, 2019
Преводот кога ми касни кога гледам филм ме нервира повеќе отколку луѓето кога ми каснат на договореното време.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) March 4, 2019
Џабе флертуваш со девојката на шалтер у банка, она знае колку пари имаш на сметка— ДечкотоОдЦентар (@DeckotoC) March 4, 2019
Ќе ти се соберат маки големи колку планини,па ќе се исплачеш како дете,седнато во скутот на мајка си...— crvenokosata (@2eyeshadow) March 5, 2019
ми иде да ве гаѓам со тава кога глумите прогресивни со тоа што не готвите пошто никој не ве тера да квачите цел ден над шпорет ама ништо нема да ви фали ако научите една од основните животни вештини и знаете да се прехраните, без оглед на полот— вина невина (@nalutilus) March 5, 2019
Се шетам по дома полу гола, бебето ме гледа ко шведска маса.— Бебешка (@LeCaffeine) March 5, 2019
Отварам твитер и еден куп машки профили се бунат за #абортус - от.— Нешо (@nesosk) March 5, 2019
Па кој ве тера да абортирате другари ??
Еден ден...— Мимикрија (@MajaSpasovska1) March 5, 2019
Ќе те изнагушкам...за сите денови, кога не можев.
Толку добро си го направив кафето што ми иде да извадам пари и да си го платам— Бони Топ (@bonitopp) March 5, 2019
Жена што планира да абортира, ќе абортира. Боље тоа да биде легално, во прописна сала, со стручни лица, отколку во сомнителни ординации.— Пердуф (@pikabu00) March 5, 2019
Да живееше Достоевски во Македонија, книгата гарант ќе му се викаше— Докторот (@Deni0009) March 5, 2019
"Злосторство, притвор и амнестија"
Доктор од Кратово е прогласен за најдобар Пекар во Амстердам. Секоја чест за нашите сограѓани. 😂— Мијакот 🇲🇰 🇪🇺 (@Mijakott) March 5, 2019
Има зборови кои ако не ги кажете на време, ја губат моќта.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) March 5, 2019
Некој вложил труд за надзор над 650.000 деца за да се открие врска помеѓу вакцина и аутизам и дошле до заклучок дека нема поврзаност.— Поцков (@GPockov) March 5, 2019
Рандом шутрак антиваксер вика тоа не е точно, јас прочитав на интернет друго.. и тоа е се што треба да знаете за дел од хомосапиенсот.
Само во Македонија може банка да наплаќа 20 денари за да ти каже колку твои пари имаш на твоја сметка.— Man (@Goran_Man) March 5, 2019
Исто ко новчаникот да ти наплати за да ти каже колку пари имаш во него.
Таа беше само скромна девојка од шалтерот девизно која појадуваше јогурт и малку овошје.— Муарко (@Muarko) March 5, 2019
Тој беше сопственик на мал приватен бизнис од татко му кој бунтовнички јадеше бурек за доручек.
“Kje odis li na Sasa Kovacevicc?”, ја праша на фејсбук.
“da:)”, одговори таа треперејќи.
Сè нешто си мислам дека од целава оваа калакурница со името уствари Ѕинго највише го изеде курот. Партијата му се викаше Социјалистичка Партија на Македонија.— Никсон (@rnixn) March 6, 2019
Сега ќе треба да се прекрсти во Национал-социјалистичка партија.
Дали јадете здрава храна, легнувате на време, вежбате секој ден, не пиете и не пушите?— Кукуњавска (@Emmyllija) March 6, 2019
Ни јас.
И така СЈО од Титаник, Тортура, Траекторија, Трезор, Тарифа, Тендери, Тенк, Топлик, Труст, Триста, Тотал, Тифани, Тревник, Транспортер, Тврдина, Тагрет до ТАПА.— Бактерија (@EsherihiaColi) March 6, 2019
СДСМ вика дека до пред 2 години било груевизам.— Motah - /*место за ваша увреда*/ (@Motah23) March 6, 2019
ВМРО вели дека последниве 2 години е заевизам.
ВМРО и СДСМ заедно молчат дека последниве 11 години е ахметизам.
Словенија имала14 министерства.— Баша (@Aranbasha1) March 6, 2019
Естонија 14
Швајцарија 7
Србија 22
Бугарија 19
Хрватска 20
Шпанија 17
Данска/Швед. 22
....
..... 26 ДВАЕСЕТ И ШЕСТ!!!
Уште министер за к*рово здравје ни фали. Државиште.
Клише е муабетов ама еднаш засекогаш да сфатите дека жена се радува најмногу на внимание.— crvenokosata (@2eyeshadow) March 7, 2019
Во земјава фалат околу 600 лекари. Затоа пред да му се искурчиш на докторот за некоја минарна ствар, нека ти текне дека можеби врши работа на 6 доктори одеднаш.— Man (@Goran_Man) March 7, 2019
Кладилница купи монитори за следење витални параметри за КАРИЛ. Ова е таа грижа за своите клиенти.— JaneDoe (@sonjatd) March 7, 2019
Кога гледам како се вработуваат неписмени роднини на владини функционери си викам среќа што немаме нуклеарна централа— Dimko (@ddimkooooo) March 7, 2019
Денес станав во 5:45, истрчав 6км, па утринска гимнастика, пиев зелен чај и јадев јаболко...— Регетонерка (@La__Rebelde) March 7, 2019
...На друг дел од сонот не ми текнува.
Какви се тие одредени служби од опозицијата што го следеле Пендаровски? Ебати државата ако службите од МВР се делат на позициски и опозициски а не си ја бркаат работата професионално. Па уште кажувате јавно дека тоа е така. Земете ќебе и покријте се.— Миле Паника (@Mile_Panika) March 7, 2019
Ме фати жена ми жив како сакам да и купам ружа за 8ми март и ми вика: Ти си ненормален, сто денари!!! Марш дома и стави ѓезвето за кафе...— Deda (@DedaPilos) March 8, 2019
Е за тоа си ја сакам❤
Од Дион допира Пинк Флојд. Something is wrong.— Муарко (@Muarko) March 8, 2019
Жена сум и не ми е тешко да ја правам било која машка работа. На пр. да соблечам чорапи и да ги оставам у дневна, да го чувам даљинското ко да ми е оставштина од дедо ми или да ја оставам шољата у лавабо па кој сака нека ја измие— ema (@glinenaa) March 8, 2019
Доволно стресови кркаме секој ден и сите имаме по една планина проблеми. Дечко, девојка, другари, другарки треба да бидат оние кои ќе ти помогнат да подзаборавиш на проблемите, а не да ти ги трупаат уште толку. Штедете си го времето и нервите посебно за небитни особи.— Antlia Dwarf 🌠 (@JasnaMishevska) March 9, 2019
Ако некој ти се отворил како книга е за да му ја прочиташ содржината,не за да му ги кинеш страните.— crvenokosata (@2eyeshadow) March 9, 2019
Толку глуп и неизживеан народ на метар квадратен нема никаде у свет како како кај нас.— Д. Д. Ј_ (@DrnDrnJarinja_) March 9, 2019
ај провери да не е немање култура и домашно воспитување, а не немање влакна на јазик— Натали (@DajMuNaChovekot) March 9, 2019
Прав македонец вика мајстор дома и му кажува како се работи.— ДечкотоОдЦентар (@DeckotoC) March 10, 2019
Ај подржи ми ја културата, идам да му ебам матер !— Морковче (@turchinche17) March 10, 2019
"Во гужва сум, ќе те барам".— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) March 10, 2019
"Важи брат, ќе се видиме обавезно после празниците".
"Ќе бидам тука за тебе во секое време".
Во македонскиот јазик, зборот "ЌЕ" претставува идно неостварено време.
Која Генерација си?— Бапчо (@TheFitzzz) March 10, 2019
- Love Songs на Antenna 5 у Недела у полноќ.
Сител у недела попладне емитува српски емисии, нешто као неделно попладне. На тоа дереџе ли спаднавме? Абе инвестирајте во домашна продукција на емисии и музика, за да имате образ да викате дека сте загрижени за идентитетот.— Миле Паника (@Mile_Panika) March 10, 2019