Пред многу, изгледа премногу години, стигнав у големиот грат. Дете од провинција, селанче, во очите на новата околина. Комплексите се набиваа еден по друг. Да селанец сум. Ај нека си реков. Деновите поминуваа , Скопје метрополата полека ми се отвори. Па човеци јас дојдов можеби како селанец ама бев опкружен со сељаци. Скопје е дувло на сељачизмот. Така и остана до ден денес. Али да баталиме се и да се насмееме , да дефинираме сељак.
- забната паста ја нарекува Каладонт
- Има повеќе бели чорапи од М Џексон
-Даљинското од тв е замотано у најлон
-Медицински поими се инфракт, скрелоза
-На телевизорот е обавезн тишлајфер (миље) до половина на екранот и истото се подига само за вести
-Има специален пар гаќи само за на доктур
-Има ајфон оти е најскап
-Има лабтоп
-Рингтонот е моментален хит на Пинк
-Обожава Џез (без разлика шо е тоа)
-Има шанк, и у позадина празни шишиња од егзотични пијачки
-Нормално има лејтест модел на Адидас трењерки од најдречливиот модел
-Има џип ама со најмалиот дизел мотор за да не троше ногу
-Има календар за тековната година со својот 3 годишен син
-Сето ова неговата жена го документира на фб, пошто е домаќинка ( у Гучи огртач)
-Нормално во родното село има новоизградена куќа на 3 спрата
-Бтњ селото е напуштено
-Сателитската е завртена така да има најдобра оптичка видливост кон луѓето, не кон сателитот
-Исклучиво виски и малборо, тоа шо во шишето му ставиле ракија и не е толку битно
Ве молам за разбирање, а воедно и за дополнување на листата затоа искрено повелете
Ваш селанец
Tuesday, February 28, 2012
Сељак Vs Селанец
Published with Blogger-droid v2.0.4