Friday, September 6, 2013

Т.П @60ti70ti

Твитер Прашалник @60ti70ti 


1.Име (ник ово оно)?
Ово оно, Шеми за голбени пошто зашто, ептен ми се шик гоблените. И многу ми удараат у очи кога ќе видам на нечиј ѕид (претежно кај баби, дедовци) и увек си прашуем за нив и се отвара ненормална дискусија џанам сум ги прашала за теоријата на релативност. Али што е тука е традиционални ракотворби се, има што да се каже. А РЛ име, Јана иначе.

2.Висина и тежина?
Да речеме дека ако полагам за манекенка, ќе паднам.

 3.Боја на коса (остај празно ако си ќелаф)
Као песокот у Египет, саат време пред Зајдисонце. Ок се заебавам, светло кафеава.

4.Убав? (одговори со да или не)
Луѓе што не ме виделе подолго време, увек ми викаат: ‘Ептен си ми разубавена некако’. Така да, ММЕ на толку разубавување би требало да сум убава.

5.Зошто си на твитер?
Кога се зазборуем превише у дневна стално ми викаат иди у соба, а у соба неам со кој да зборам (не секогаш). Па еве, на вас да ви кажам што како. А и плус ме мрзеше да замислуем другарче. Не можев да се одлучам околу особините.

6.Шо преставува вашиот аватар?
Еј, еден од најјаките ликови што ги иам сретнато на филм. А се појавуе само на две сцени у Gummo и ми е ептен уникатен и фасцинантен. Еве ви линк ако сакате да погледнете 


7.Дали сте во врска (и дали е карирана)?
Не сум у врска. Али иам карирана кошула и ми стои одлично.


8.Вашето прво искуство?
Неаме искуство, давајте упатство.

9.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
На еден месец у Сицилија, а на меден у Мароко.  

10.Ако го затворат твитер...шо понатаму?
Ако го затворат твитер.. Ќе измислам нова религија, временска машина, ќе научам да везам гобелни, ќе си фатам дечко и ќе влезам у Европска Унија.

11.Ако реинкарнирате во зеленчук , кој би сакале да е?
Неќам да се реинкарнирам бе, сакам да воскреснам. Или ајде еве, нека биде карфиол еве, за да ме стаат у туршија.

12.Ако би се сретнале со историска личност, што би порачале?
Пааа.. John Gotti: Брат не почињај бизнис со хероин, ради тоа ќе се скараш со Castellano. И така праиш милиони од други илегални активности. Исто така, ќе порачам и едно убиство.

Прашања од @mochk0
1.До кога планираш да бидеш инкогнито на твитеров?
Не сум инкогнито, Шеми за гоблени сум.


2. Која супермоќ мислиш дека е најкорисна за човештвото?
Time travel, ДЕФИНИТВНО. Ако нешто ме фасцинира тоа се паралелни Светови и патување низ време. Колку работи би биле разјаснети, само. И кога ќе те прашаат: Кај беше на одмор?, ќе можеш да речеш: У 16ти век.

3. Поткрепи ја со факти тезата дека сарказмот е природен одбранбен систем против глупавоста.
Па искрено не мислам дека сарказмот е природен одбранбен систем против глупавоста. Сметам дека е повеќе поврзан со хумор и критика (на ироничен начин). Така да, може за било што да се искористи не само против глупавост. Се’ си има.

Дополнителни прашања
1.Плетиш или везиш
Ни едно, ни друго.


2.Омилен гоблен?
Вилеров гоблен хаха. Човече, ја има ‘Тајната Вечера’ на гоблен (Исусе..). Онака ваувс. И се продава по цена од 150.000 денари (ХАХА) на Pazar3.mk ДАЛИ СЕ НОРМАЛНИ БРЕ.


3.Каде беше на одмор?
Никаде. Лошо. Се надецам наредниве месеци ќе се прошетам у некое Европско гратче.