Одете на работа, одработете за колку сте платени и избегнувајте стресови. Не одете нервозни дома.— Василица Прекрасна (@Vasic32426226) February 4, 2019
Ако ви се случи нешто, работодавецот замена одма ќе најде.
Но нема замена за вашите нерви и лошите зборови кажани на блиските во нервоза.
Работата не е се' во животот 😊
🇬🇧 - Sorry— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) February 4, 2019
🇫🇷 - Pardon
🇮🇹 - Scusi
🇪🇸 - Perdon
🇲🇰 - Јас? Јас на тебе да ти се извинувам??? Мрш од тука. Кој си ти тебе да ти се извинувам мајмун еден. Гони се у три лепе пичке материне.
Сите се засегнати со право и правна држава. Никој не е засегнат со образование— Кукуњавска (@Emmyllija) February 4, 2019
Образовниот систем како основа на се во една држава е тотално руиниран.
Програми несоодверни, непотребни наставни предмет, часови многу (триесет и кусур часа во основно образование).
Газдиве треба да останат без работници, за да им текне дека некогаш треба да кренат плата...— EmptyPersona (@darkhour_seeker) February 4, 2019
Што правиш кога си тажна!?— Snezana (@SNEZANA28289882) February 5, 2019
''Се смеам...
'Па...и сега се смееш'...
'Знам.
Сакав бе и мајка да станам пред 30 и да докторирам, ама еден ми потроши добри 3 години од животот и ми ја сјеба доволно психата за да еве сега на 30 жалам за изгубената младост.— Shqiponja (@Blt0lcanka) February 5, 2019
Стојам на каса. Од позади една ми зјапа у телефон. Ми стига порака "Атиџе голтна чорап. Седнала, не мрда". Оваа од позади ме гледа со осуда за ладнокрвноста.— Ленка (@e_soleva) February 5, 2019
Атиџе е правосмукалка.
Сакам да кажам, не зјапајте во туѓи манџи.
Ете веќе 6 месеци како сум зачленет у теретана и немам ослабнато ни едно кило. Ќе мора утре лично да отидам до теретаната и да видам шо е работата.— Беља (@_Belja) February 5, 2019
*Гледа куче— Ena Vivacious (@VivaciousEna) February 5, 2019
Moзокот:
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Don't say it
Јас:Абе чо паиш?
Ете веќе 6 месеци како сум зачленет у теретана и немам ослабнато ни едно кило. Ќе мора утре лично да отидам до теретаната и да видам шо е работата.— Мамурлија (@sticeto) February 5, 2019
Најдете си партнер што се издувал од 20 до 25, 26 бидејки нема полошо од неизживеано машко со втор пубертет на 31.— Селски фраер (@KoljoChobanot) February 5, 2019
Во осмо одделение одат ги земаат со кола од школо, а живеат на 400 метри.— Катерина Стопареска (@Stopareska) February 5, 2019
Јас да им речев на моите во осмо да дојдат да ме земат со кола ќе ми ја сменеа бравата дома.
Кога бев мал, во училиштата немаше обезбедување.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) February 5, 2019
Чистачките беа закон!
- Ало, Хот Лајн?!— Копукот (@kopukotttt) February 5, 2019
- Да, сладок..
- Тетка Биле, дај ми ја мама!
-Од каде си?— Waiter (@WaiterMKD) February 6, 2019
🇲🇰
-Кој ти е мајчин јазик?
🇲🇰
-Што си по националност?
🇲🇰
Повеќе ми се бега од Македонците, отколку од Македонија— Скрачи (@Skraci) February 6, 2019
Спиев по другари баба ми коа ги сушеше јувките за вие сеа таљатели да ги викате.— Deni (@Strumfot) February 6, 2019
Да се разбереме "Сељак" е ако не и` се свиѓа. А ако го свиѓа, ондак секој убер сељачки потег го карактеризира као "Леле бе колку е луууд <3"— Бапчо (@TheFitzzz) February 6, 2019
Со една нога во НАТО и со две нозе си воведоа функција заменик директор во сите јавни претпријатија.— Ivor Mickovski (@nezenzabar) February 6, 2019
Во истиот ден кога се постигнува стратешки успех на надворешен план, на домашен план системски се доуништува реформскиот процес.
Нека јаде партија, политика, бирократија...
Мажите со бркови изневеруваат поише од жените со бркови— Vladimir (@5et7edmici) February 6, 2019
Тоа шо Амди 25 години е релевантен фактор на Политичката сцена, е доволен показател колку всушност ние стагнираме кроз годините. Обичен неписмен испрдок на шала и на мајтап умешно ни го делка буџетот и си ги храни криминалните апетити. Реално, заслужуваме да сме тука каде шо сме.— Бапчо (@TheFitzzz) February 6, 2019
На 11 години: Светот ќе го спасам.— Морковче (@turchinche17) February 6, 2019
14 год: Државава ќе ја спасам.
17 год: Градов морам да го спасам.
20 год: Општинава ќе ја спасам.
22 год: Маалото ќе го спасам.
26 год: Семејството ќе го спасам.
30 год: Сама ќе пробам да се спасам.
35 год: ДА ДОЈДЕ МЕНЕ НЕКОЈ НЕКА МЕ СПАСИ...
- Тато! Тато! Сме имале некад многу пари?— Дуле Савић® (@Shushmula) February 6, 2019
- Сине, јас сум поштен човек, секој денар со пот го имам заработено.
- Тато! Тато!
- Кажи сине?
- Тибам клошарот.
Лесно е да бутнеш ограда. Оди уапси го Грујо.— Man (@Goran_Man) February 7, 2019
Сите шипци се вработија по министерства не можам да набавам ни добра трева ни калаши.— Дуле Савић® (@Shushmula) February 7, 2019
Во УЈП на шалтер за информации кога прашав дали ќе се врати нивната колешка (кај неа треба работа да завршам) добив одговор: “На мочање е, ќе дојде”— Anya (@anyafromearth) February 7, 2019
Ништо погрозно од нашминкана и средена девојка што мириса на немиени заби и неиспрана облека, буквално никогаш нема да разберам како некому е приоритет да се нашминка и исфенира пред да ги заврши основните хигиенски обврски— вина невина (@nalutilus) February 8, 2019
Гушкајте ги децата дур се мали...брзо растат!— Jas (@BrlaBrla) February 8, 2019
“И што да правам сега со бордо ролкава?” - стотици млади мажи во Скопје откако прочитаа дека е можно Скопје Џез Фестивал да не се одржи оваа година.— Муарко (@Muarko) February 8, 2019
Скопје Без Фестивал.— БРΛДΛТΛ (@Djzokipoki) February 8, 2019
Провинциалец е чоек што никад нема да се прилагоди на навиките на градот...— Професор Цветковиќ (@tome_corner) February 8, 2019
Малограѓанин е “напреден” провинцијалец...
Граѓанин е човек кој не се срами да каже од каде потекнува, и кој со задоволстфо си го негува својот роден крај....
Овие замениците директори што ги измисливте..што ќе прават денес на работа сем што ќе трошат народни пари!?— Borjan Jovanovski (@BorjanJovanovsk) February 8, 2019
Ако жената сама треба да ве праша дали убаво изгледа, сте ја наебале.— На Дедо Најпаметниот (@i_najubaviot_) February 8, 2019
Ај објасни на странец дека "ми е гајле" и "не ми е гајле" е исто 😂— Rumpelstiltskin (@Milaceski) February 8, 2019
Македонци. Сите сакаат да живеат блиску до центар. Ама да е мирно. И да имаат место за паркинг, ама да има и зеленило покрај зграда. И становите да се ефтини, ама квалитетни.— Пердуф (@pikabu00) February 8, 2019
Наивно верувам дека позади секоја ароганција, се крие скршена душа...која едвај чека прегратка...— Мимикрија (@MajaSpasovska1) February 8, 2019
Мајка ми:— Mалечка (@_mimkaa_) February 9, 2019
- Ова е нов вибер?
Јас:
- Да.
Мајка ми:
-Па кој ми го ставил нов?!
не е само да ги читате книгите, треба нешто и да разберете 🙄— Царевата Ќерка (@Carevata_Kerka) February 9, 2019
Македонија 2019 година:— Emil Atanasovski (@EmilAtanasovski) February 9, 2019
Нема воз кон Србија
Нема воз кон Албанија(добро нема ни пруга ама што ќе ни е излез на пристаништа)
Нема воз кон Софија (добро нема ни пруга ама на ЉуБчо да му дадевте до сега сам со две раце ќе ја изградеше)
Нема воз кон Грција.
Економија од 21 век
У иста кафана не можеш да најдеш скопско и прилепско пиво тие ти викаат ќе има соживот— ema (@glinenaa) February 9, 2019
Читам ова "CV - to" на жена ми:— Deda (@DedaPilos) February 9, 2019
- зелка
- 1/2 кг моркови
- леб
- млеко
- јогурт
- сок за децата ....
Пиво нема 😳
- Одбиено госпожа, не ви е комплетна документацијата
И долгогодишни пријателства знаат да завршат за секунда.— Реален (@neutralen_) February 9, 2019
Играјте со децата додека се мали, за кога ќе пораснат да не станат идиоти кои си играат со туѓи чувства, затоа што никој пред тоа не им објаснал што е игра.— Црнокоса (@Crnokosa123) February 9, 2019
Знаете ли кој ви ја смее девојката што не и се јавувате цел ден?— Морковче (@turchinche17) February 9, 2019
Нема ни да знаете.
Адеми: Ќе поднесам оставка ако треба.— Бапчо (@TheFitzzz) February 9, 2019
- Треба бе брат, треба.
Какво време дојде:— ДечкотоОдЦентар (@DeckotoC) February 9, 2019
- Мобилен Телефон за 1 денар
- Најлон ќеса 2 денара.
Измислија цигари без никотин и кафе без кофеин ,полетаа и авиони без пилоти, само никогаш не измислија влада без идиоти🙃— Брадестиот 🇲🇰 (@_Bradestiot) February 10, 2019
🇸🇪 -Добра ноќ злато.— Преспанец 🍎 (@Resencanecot) February 10, 2019
🇺🇸 -Добра ноќ душо.
🏴 -Добра ноќ срце.
🇲🇰 -Ја заклучи вратата??
Во диетава ми пишува 70 грама пилешко на ден. Па јас 70 грама јадам за да видам дали е испечено!— ДечкотоОдЦентар (@DeckotoC) February 10, 2019
Имаш две категории луѓе...— Професор Цветковиќ (@tome_corner) February 10, 2019
Едни што чекаат да дојде петок, да дојде лето, да дојде некој специјален за нив, ма све нешто чекаат...
И други што си бркаат работа и у зима, што се весели и у понеделник, што си имаат дечковци ил девојки-нај најобични, некои што си живет константно
Најди си убав човек за тешки времиња...— Мимикрија (@MajaSpasovska1) February 9, 2019
Да те чува.
Да го чуваш...
Останатите се добри кога грее сонце... А штом почне бура, заминуваат.