Твитер прашалник @adoohoho
1.Име (ник, кој ти го стави)?
@adoohoho
Сам себе крстел. Еднаш
објаснував, малиот Владимир не знае да се претстави како Владо па вели Уадо.
Адо. Тоа охохо е воздишка. Радост.
2.Опишете се (макс 140 нели)?
На Твитер вели – куче непелцовано. Ко
за тебе – воспитано дете на кое му се живее у пичку матер!
3.Зошто си на твитер?
Еднаш @juruk ми беше шеф па беше ситуација
нареџење/извршење. После стана тинејџ манија, па сеир, бркање слепи правди,
дружба...
4.Шо преставува вашиот аватар?
Омот на албумот Dancing
in your head на Ornette
Coleman. Страотна музика
со уметничко решение вредно за тетоважа.
5,Кој ве донесе на
твитер и дали ве за*ба со тоа?
Нареџење/извршење. Делба е ова со
заебанцијава. Некогаш со цело срце се газам од смеење на современи народни
мудрости a некогаш ми се снеарнува од простотилук и ограничувања.
6.Ова ви е прв твит (ај
да видиме, шо ќе твитните)?
Во тебе е клучот?
7.Каде сте родени?
Никој не ме праша кај сакам ама Скопје
1984та во некоја од клиниките. Одма после ме донеле во Аеродром. Во истото маало
на @M_R_Miyagi (роѓени
брат,) @Necovski, @bratot1, @Martin_Nikolic…. Што повеќе да ти кажам.
8.Каде би сакале да
отидете на еден месец? А каде на меден?
Кој било поголем пристанишен град во
светов. Меден месец? На остров. Некој помал за да нема кај да бега невестава
кога ќе сфати што сторила.
Може да се повикам на една македонска
песна? Може? ОК. “...мама не ме жени уште сум мало. Ја не можа куќа да
крепа...”
10.Ако реинкарнирате во
животно, кое би сакале да е?
Мачор скитник на море. Кркаш рипче и лижеш
јајца по цели денови.
Дополнителни прашања
1.Америчкиот сон постои ли или е измислица?
Карлин вика дека треба да спиеш за да
веруваш во него ама некои ситуации/места/луѓе се уште ми се мотаат низ сништа.
2.Најдобро нешто што ти
се има случено во животот?
Општиов сетинг во кој се наоѓам.
Секоја секунда со луѓето околу мене. Секоја голтка добро вино. Секоја смеа и
цела мачнина. Се е за славење.
3.Македонски менталитет
и што после него?
Или ментална институција или Сингапур
варијанта.
4.Би ручал ли кај Алачка?
Секако. Се уште жалам што не бев кај
Ремзи со неа и Мимоза на флија.
5.Дали Скопје е досадно
место за живеење ?
Никако! Досадни се луѓето што ќе ти
кажат поинаку.
Прашања од @IlinaBookbox
1.Што
сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
Здрав, намќорест и
среќен старец. Мрчатор. Од оние што сакаш да ги шутнеш ама се испеглани и носат
добри чевли и шешир.
2. Дополни:
@М_R_Miyagi ми е брат и катализатор на мојот вкус. И невкус секако.
@Trendolend ми е Уредниче.__________
@juruk ми е војвода. Нинџа. Људина. Од сорта за множење._____________
@IlinaBookbox ми е најбоља риба у градот и тешка другарчина. Даскал со сета сила на зборот._____________
@pekinezeri ми е за да не полудам.
@juruk ми е војвода. Нинџа. Људина. Од сорта за множење._____________
@IlinaBookbox ми е најбоља риба у градот и тешка другарчина. Даскал со сета сила на зборот._____________
@pekinezeri ми е за да не полудам.
@mmartinata ми е за да не си го свирнам.
3. Ван Занд или Кеш?
Двајцата. Во кафана
во Македонија. Со некој заебан домат и овчјо сирење. И ракија јака за да се
направиме за никаде. Ван Зант за кога сум добар, Кеш за кога сум лош.
4. Кога
ќе почнеш пак да пишуваш, и зошто не?
Кога ќе научам да
создадам нешто што мене целосно ќе ме воодушеви. Тешка задача. Потешка не сум
имал никогаш.
5. Одбери песна, да легне на муабетот.
“Ако умрам ил
загинам” од Јонче. Без многу дилеми. Трас!