Wednesday, May 15, 2013

Твитер прашалник @podzemnavoda


Твитер прашалник @podzemnavoda

1. Име (ник, кој ти го стави)? 
@podzemnavoda си ќути и си работи

2. Опишете се (макс 140 нели)?
Јас како мала сакав да ги спасам гладните од Африка, излезе невозможно. Сега ми остана да го спасам светов.

3. Зошто си на твитер?
З’ш да не?! Ма појма немам зашо сум на твитер, некогаш едноставно не знам зашо сум! А, и да делам правда, поезија и да допринесам за хаштагот #љубов

4. Шо преставува вашиот аватар?
Јас, кај шо ќутам.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Онаа @IlinaBookbox го постави предизвикот за пишување расказ од 140 карактери, и мене толку ми требаше. Уште пробувам.

6. Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Јас и по дома сама со себе си зборувам, зошто не и овде?!

7. Каде сте родени?
Од другата страна на железната завеса, во соседна  Германија.

8. Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец е малку за било каде, ама ако морам, однесете ме Лисабон, мислам дека таму имам нешто во минатиот живот оставено. На меден месец(ова може да го повторите колку пати сакате) било која Соба со поглед на море.

9. Брак?
Да. Боље брак, него мрак. Слободно сменете им ги местата, кому не му одговара.

10. Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Мачка!

Дополнителни прашања
1.Има ли рок музика у Македонија  ?
Види вака...Се шегувам. Има. Откако рок музиката беше во шок-соба извесно време, конечно почнаа да се будат нови млади бендови, многу возбудливи.

2.Зошто ли ти го поставив претходното прашање?
90те поминаа(солзичка) Move on!

3.Може ли нешто да се научи од Твитер?
Како не?! Еве на пример, правопис...Се шегувам. Јас Твитер го гледам како една голема училница во која е дозволено пцуење.

4.Омилена песна?
Ја изневерувам секоја омилена песна со некоја нова, ама на една секогаш ѝ се враќам(ова е кратката верзија)


5.Кој би сакала да те глуми на филм?
Ама зошто некоја да ме глуми, јас сонувам да добијам Оскар за главна женска улога...Ок, немам против да продолжам д сонувам. Кејт Бланшет.

6.Порака за младите твитерџии?
Фатете се за книга! Фатете се!