Твитер прашалник @pekinezeri
1.
Име (ник, кој ти го стави)?
@pekinezeri
сакав
@leteckipekinezeri ама не можеше L
2.
Опишете се (макс 140 нели)?
Свинг
бенд, маалски фаци ама од тие добрите што не ти зимаат пари. Отворени за
дружење и “реметење” што е исто. Патриоти!
3.
Зошто си на твитер?
За да викам луѓе на нашите концерти и да твитам.
4.
Шо преставува вашиот аватар?
Тоа е цртеж како мал што го имам нацртано.
Ептен
се поклопува со филозофијата на нашиот бенд J
5.
Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
Нашиот твитер го отвори @adoohoho , ама по кратко време јас (Шамба) станав главен уредник и почнав
да работам на тоа да биде многу неконвенционален бендовски твитер и да нема
само известување за концерти туку секакви работи кои не можеш да ги сместиш
никаде а се универзални со еден збор(хаштаг) #dlaboko .
Значи @adoohoho ме донесе и не ме заеба. Супер ми е!
6.Ова ви е прв твит (ај да
видиме, шо ќе твитните)?
Незнам точно. Ама најубаво е човек да почне со некој
афоризам и сите ќе мислат дека си паметен и ќе те заследат и после можеш да
почнеш глупости да пишуваш. Прв твит: Минатото е бумеранг треба да знаеш да го фрлиш лошо за да не се врати
– Стара абориџинска
7.
Каде сте родени?
Тројца во Скопје, еден во Велес и еден во Битола.
8.
Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Еден месец во
Јапонија. Меден никаде. Најубаво да ги земеш парите и дома да си правите
глупости со нив. Да се чудат сите J
9.
Брак?
Убава работа претпоставувам...
10.
Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Би сакал некоја лама да сум
на ептен високо што живее. Најискрено...
Дополнителни
прашања
1.Америчкиот сон постои ли или е
измислица?
Секаков сон постои. Америчкиот е
најдоминантен поради спотовите со џипови што ги гледаат сите. Тоа влегува
некако во потсвеста и луѓето сонуваат амерички сонови што се плодови на нивната
имагинација. Значи постои и е измислица
2.Најдобро
нешто што ти се има случено во животот?
Летечки пекинезери. Стварно понекогаш
ме фаќа страв кога ќе си го замислам својот живот без тоа. Најдобро нешто што
ми се случило и најдоброто е што сеуште се случува на некој начин.
3.Македонски
менталитет и што после него?
Па некако хаос ама базиран на: Е какви ги имаааа! Се мисли во стилот: Има и полошо. Треба малку да се мисли во стилот: Има и подобро. Значи истата реченица
само тонот да се смени малку.
Да. Некои од нејзините рецепти веќе ми се на редовен
репертоар.
5.Дали
Скопје е досадно место за живеење ?
Не. Ама стварно не. И што и да додадам ќе
звучи на совет кон тие што мислат дека Скопје е досадно место за живеење.
Скопје не е досадно место за живеење! Ок?!
Прашања
од @adoohoho
1. Што прави ДЕБЕЛИОТ?
Незнам. Претпоставувам дека си пие мохито во Кубанскиот.
2. Ако мора да ја баталиш гитарата ама можеш да одбереш кој било друг инструмент, што правиме?
Би свирел Фарфиса оргуља и би
пеел.
3. Колку песни има на светот?
Којзнае! Ама песна си е песна!
4. Дај предлог како да се разбереме со Грците?
Па јас на
англиски се разбирам најубаво. Немам некоја добра идеја. Можда треба да седнам
во кафана така најубаво доаѓаат, ама кој да ги памти J
5. Во што би се прерушил за Василица во Вевчани?
Отсекогаш
сум сакал да бидам Исцелител.