Thursday, May 16, 2013

Твитер прашалник @IlinaBookbox

Твитер прашалник @IlinaBookbox 



1.Име (ник, кој ти го стави)?
Aко сам не си го ставиш, кој.

2.Опишете се (макс 140 нели)?
Спокоен с’клет.  Цигла што сака да биде нешто .

Зошто си на твитер?
Три големи работи: @offnetmk, нужда и ќеиф.

4.Шо преставува вашиот аватар?
Спирала на доброто, јатрва на оската на злото, швалерка на Фибоначи.

5. Кој ве донесе на твитер и дали ве за*ба со тоа?
@Trendolend е како морето - крив за се.

6.Ова ви е прв твит (ај да видиме, шо ќе твитните)?
Исто како и вистинскиот прв: „И сега ова као треба да биде забавно?“.

7. Каде сте родени?
Не е важно каде. Зошто?

8.Каде би сакале да отидете на еден месец? А каде на меден?
Каде и да е, да има интернет. Мед не мора, ама секира е пожелна.

9.Брак?
Нашето семејство е атомско. Маж ми е физичар.

10.Ако реинкарнирате во животно, кое би сакале да е?
Свиња. Така сите ќе се радуваат кога ќе качувам килажа.

Дополнителни прашања
1.Ќе исчезнат ли книгите?
Не, се додека животот пишува романи, и има тендери за превод.

2. Како го доживуваш твитер (има ли пишан збор тука)?
Има пишан. А има и пре-пишан.

3.Шо би сменила на себе?
Анџелина ги извади. Ја би да ги додадам. #аутомизогинија

4.Омилен филм? Зошто?
Последно што ме стресе – Detachment со Едријен Броди. 
Генерално Џармуш, Ким Ки-дук, Скандинавци и документарци.

Прашања од @podzemnavoda

1.Првата книга која ти значеше нешто?
„Клетници“ од Виктор Иго. Затоа што успеав да ги прочитам сите пет дела. Во петто одделение.

2. Колку ти е разбирлив Дерида?
Кога го читам малку. Кога слушам како го цитираат, дамбетер.

3. Која ти е најполитички коректна фраза?
„Ќе се чуеме“.

4. Најдобра наша стара кинеска поговорка?
„Човекот треба да биди на душата амбар“.

5. Како планираш да го спасиш светот?
Со мали чекори. Кога ќе ме пушти ишијасот ќе пробам и со шпага.