Saturday, May 5, 2012

Samsung (самсунг)

  Ако мислевте дека ќе пишам за новиот Самсунг галакси С3 или Y , K сте се зезнале. Имено Самсунг произведува и други работи, додуша своевремено каа се пробиваа на пазарот во 90тите нивните телевизори беа склони на самозапалување.

Забега темава.

Она шо стварно сакав да пишувам е за мојот Самсунг, односно мојата другарка правосмукалка!

Каа прво ногу ми е криво шо нема посоодветен збор за правосмукалка т.е усисивач.

Викендот не би бил викенд доколку после првото кафе не се фаниш за правосмукалката! И она каа ќе завртиш потенциометарот на најјако, па рикнат сите 1600 вати, и се осеќаш онака надмено и супериорно. И тогаш доаѓа она трљање со рачка напред-назад , незнам за вас ама мене тоа ми е троа еротски.

Е сеа има една работа шо ногу ми смета, ама знам дека мора да е така, тоа е термичката заштита на моторот, кој у зависност од количината на џубре сработува после 30-40 минути исклучувајќи а правосмукалката да олади. По ова следи разочарување, али може да се искористи паузата за мал одмор и твитање ,нели док оладе другарката.

Завршетокот на работата ,т.е тресењето на џубрето од кесата и циклонот е врв. Количината на собраното џубре правопропорционално влијае на задоволството од завршената работа.


До следното дружење другарке

Р.S Некој ќе рече ,нешто слично имаше @vlatkovasilj , но добрите познавачи на состојбите итекако ќе знаат дека има огромна разлика меѓу виа две работи


Published with Blogger-droid v2.0.4